Реал Мадрид се согласи да ја намали трансферната сума за Герет Бејл на 15 милиони фунти со што широко ја отвори врата за Тотенхем по поволни услови да му го откупи договорот на крајот на сезоната. Фудбалерот од Велс кој игра како позајмен за популарните „спарси“, полека се враќа во посакуваниот ритам и претставува дел од напаѓачката тројка во која се вклучени Кејн и Сон. „Мундо Депортиво“ наведе дека сега платата му ја плаќаат двата клуба по половина и дека Шпанците се согласиле да ја намалат трансферната сума само за да ги намалат трошоците.
Author: dino
Фудбалскиот клуб Фиорентина потврди дека се раздели со тренерот, Бепе Јакини и на негово место во експресен рок назначи нов тренер. Слабите резултати на стартот од новата сезона и само две победи по седум кола придонесоа раководството на клубот да направи промени на кормилото. Медиумите во Италија потврдија дека нов тренер на „виолетовите“ ќе биде Чезаре Прандели, поранешниот селектор на Италија. Тој првично ќе биде ангажиран само до крајот на сезоната.
Македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира во Скопје пред решавачкиот дуел на теренот на Грузија за пласман на Европското првенство во 2021-та година. Селекторот Игор Ангеловски се соочува со одредени проблеми околу ростерот. „Од фудбалерите кои пристигнаа во репрезентативната база, за жал, Даниел Божиновски е позитивен на Ковид-19 и нема да биде во комбинација. Денеска го очекуваме пристигнувањето на Кире Ристевски кој треба исто така да има негативен тест за да може да се стави на располагање. Аријан Адеми ќе оди на детални медицински прегледи откако пријави повреда здобиена на загревање пред вчерашниот натпревар на Динамо. Јас се надевам дека…
Македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира во Скопје пред решавачкиот дуел на теренот на Грузија за пласман на Европското првенство во 2021-та година. Голманот Даниел Божиновски (Силекс) немаше контакт со другите играчи и беше веднаш вратен откако е откриено дека е позитивен на Ковид-19. Според најавите ќе дојде и Горан Пандев, иако има одредени забрани во Италија поврзан со пандемијата додека Несторовски и Елмас кои исто такам играат во Серија „А“, сигурно ќе бидат во нашиот ростер. Под знак прашалник е повредениот Адеми кој ќе направи прегледи и потоа ќе биде одлучено дали ќе може да настапи. За Тбилиси ќе…
Капитенот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Џошуа Кимих, кој во саботата се повреди на дербито со Борусија Дортмунд, вчера беше успешно опериран. Германскиот репрезентативец заработи потешка повреда на лигаментите во дуелот со Ерлинг Халанд и мораше веднаш да биде подложен на операција. „Среќни сме што Кимих нема да отсуствува премногу долго. Ќе му ја дадеме сета можна поддршка додека трае рехабилитацијата“ – изјави спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ. Враќањето на Кимих на терените се очекува во почетокот на наредната година.
Милан вчера одигра 2:2 на домашен терен против Верона во Серија „А“ откако Златан Ибрахимовиќ успеа да погоди буквално во самиот финиш на мечот. Шведскиот фудбалер кој спречи сензација на „Сан Сиро“, претходно не реализираше удар од 11 метри. „Наредниот пенал ќе го шутира Кеси. Секако дека не сум задоволен, имавме повеќе шанси а јас промашив пенал“ – вели напаѓачот на „росонерите“. „Играме навистина многу и заморот е присутен кај сите. За среќа, доаѓа паузата поради репрезентативните активности, навистина ми треба одмор“ – потенцираше Ибрахимовиќ .
Фудбалерот на Милан, Хакан Чаханоглу, најверојатно ќе ја промени средината откако неговиот агент задолжен за трансфери започнал преговори со неколку екипи, објави „Кориере дела Сера“. Причина за тоа е фактот дека Турскиот репрезентативец упорно бара 6 милиони евра годишна плата а „росоенрите“ му нудат максимални 2,5 милиони евра. Чаханоглу за италијанскиот тим во тековнава сезона успеа да постигне 4 голови и за направи исто толку асистенции гледано во сите конкуренции
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашното реми на дербито со Ливерпул, вели дека Премиер-лигата мора да го воведе правилото за пет замени кое се практикува во повеќе шампионати. „Погледнете колку играчи се повредуваат бидејќи имаат многу мечеви како за екипите така и за репрезентациите. Имате пет замени низ целиот свет, но, само тука мислиме дека сме посебни“ – вели Гвардиола. Претходно дел од тренерите во Англија исто така реагираа дека здравјето на фудбалерите треба да биде во преден план и дека треба да се воведе правилото за пет замени.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, проценува дека неговиот тим со сегашниот квалитет може да го освои секое првенство во Европа, но, дека тој не е доволен да се обезбеди пехарот во Премиер-лигата. „Мислам дека екипата може да победи во секој шампионат. Сепак,во Премиер е исклучително тешко да го остварите тоа. Може да имате блескава сезона, но, на крајот Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи, Манчестер јунајтед, Лестер, Арсенал… да ја освојат титулата“ – вели Португалецот. Популарните „спарси“ кои имаат 17 бодови, го делат второто место со Арсенал. Лидер во Премиер-конкуренцијата е Лестер кој има бод повеќе од тимовите од Лондон.…
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал,по поразот од Александер Зверев на Мастерсот во Париз, вели дека не му одговараат условите во Франција и дека тоа е главната причина за слабите резултати гледано години наназад. „Нема никакво проклетство. Турнирот е тежок поради условите. Не е ненормално што не сум освоил ниту еден турнир од серијата 1000“ – вели еден од најдбрите тенисери на денешницата. „Беше добра недела. Ќе морам да корегирам неколку работи за турнирот во Лондон“ – изјава Надал.
