Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, јавно ја презема вината за вчерашниот  голем пораз на „Месталја“ на средбата со Валенсија одиграна во рамките на Примера Дивизион. „Фудбалерите не се виновни за тоа што се случи. Мислам дека започнавме добро, но, домаќинот доби шанса дури три пати да шутира пенали. Тоа е навистина многу“ – вели Французинот. „Кралевите“ по одиграни осум кола во Ла Лига се наоѓаат на 4. место на табелата со 16 бодови или четири помалку од лидерот Реал Сосиедад кој има и натпревар повеќе.

Read More

Германскиот фудбалски  тренер, Јулијан Нагелсман, неочекувано стана најсериозен кандидат за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед доколку Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер, добие отказ. „ ЕСПН“,  тврди,  дека стартегот на Лајпциг имал одредени контакти со првите луѓе од стадионот –  „Олд Трафорд“ . Нагелсман кој има 33 години, се вбројува меѓу тренерите на кои им се предвидува светла иднина. Англиските медиуми потенцираат дека меѓу кандидатите да го наследат Солскјер се вбројуваат и Почетино и Роџерс.

Read More

Македонската ракометна репрезентација ќе биде ослабена за утрешниот дуел со Швајцарија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Дејан Манасков остана во нашата престолнина бидејќи не може да направи тест за  Ковид-19 во Шафхаузен со кој потоа би можел да се врати во неговиот клуб Веспрем. Унгарските протоколи налагаат Манасков за враќање во земјата да приложи негативен тест или ќе мора да оди во изолација во рок од 14 денови.

Read More

Македонија ќе биде дел на Европското џудо првенство за јуниори кое ќе се реалзира од денеска до петок во Пореч, Хрватска. На континенталниот собир нашава земја ќе има тројца репрезентативци. Резарт Хусени и Хамза Јашари ќе настапат во категоријата до 66 килограми а Еди Шерифовски во категоријата до 81 килограм.

Read More

Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу, воопшто не стравува од денешното гостување кај Барселона рамките на третото коло во Лигата на шампионите. Украинците иако бараа од УЕФА да го одложи мечот бидејќи имаат повеќе играчи заразени со ковид-19, сепак ќе мора да излезат десеткувани на стадионот – „Камп Ноу“. „Мислам дека мечот требаше да биде откажан. Сега ќе играме со тоа што го имаме. Мислам дека Барселона го нема потребниот квалитет да ја освои Лигата на шампионите“ – вели Луческу. „Лео Меси е многу значаен играч, но, ја нема поддршката од целата екипа. Мислам дека на новиот тренер му треба…

Read More

Тренерот на Интер, Антонио Конте, вели дека неговите фудбалери одиграле добар меч на теренот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите иако на крајот останаа со празни раце. „Нема многу клубови кои дошле во Мадрид и успеале да се вратат по негатива од 2:0. Стигнавме до 2:2 а потоа имавме шанси за победа. Деталите го одлучија победникот“ – вели Конте. „Има уште три кола. Ништо не е решено. Ќе се обидеме да ги освоиме сите 9 бодови“ – потенцираше тренерот на „нероаѕурите“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, не крие дека е презадоволен од настапите на Џејмс Родригез кој беше ангажиран во текот на летото како значајно засилување од Реал Мадрид. „Сите ме прашуваа дали физички ќе може да го издржи темпото во Премиер-лигата. Знаете ли колку спринтови направи? Седум! Има  повеќе головите и асистенции од спринтовите“, рече Анчелоти кој се обиде да направи споредба меѓу Колумбиецот и поранешниот фудбалер од Бразил, Роналдo. „Кога бев во Милано, го доведовме Роналдо. Mу реков дека нема да игра доколку не ослабне. Тој ме праша? Што бараш, трчање или голови? Ако бараш трчање, стави…

Read More

Нашите најдобри ракометари денеска од 20.00 часот во СЦ Борис Трајковски пред празни трибини поради кризата со ковид-19, ќе се сретнат со селекцијата на Финска во рамките на првото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство. Селекторот, Данило Брестовац, кој остана без  Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски, кои се позитивни на корона-вирусот, дополнително ги повика Гоце Георгиевски и Велко Маркоски. Промени нема да има во стручниот штаб иако тренерот на голманите, Александар Царчев и помошните тренери,  Раде Стојаноновиќ и Никола Матлиески исто така се во изолација. Тоа значи дека Ице Соколески е единствениот кој ќе му прави…

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Данило Брестовац, кој се соочува со отсутвото на младите Танкоски, Поповски и Велковски кои се позитивни на ковид-19, верува дека ќе славиме на утрешниот меч  со Финска. „Се уште имаме квалитетен тим. Верувам дека можеме да победиме иако Финците бележат континуиран развој како на клупски така и на репрезентативен план“ – вели Брестовац пред утрешниот меч во СЦ „Борис Трајковски“ кој ќе започне во 20.00 часот. Според последните најави, Велко Марковски, ги чека резултатите од тестирањето за ковид-19 и доколку тие се негативни, ќе може да се приклучи во репрезентацијата.

Read More

Тоа што се најавуваше доби потврда и од УЕФА. Мечот во Лигата на нации меѓу Ерменија и Македонија закажан на 18 ноември од 18 часот,  ќе се одигра на стадионот во Никозија. Бидејќи Ерменија е во воен конфликт со Азербејџан, Европската куќа на фудбалот даде зелено светло средбата да се одигра на неутрален терен на Кипар. Од истата причина и Азербејџан ќе мора да бара алтерантивен стадион на кој ќе го одигра наредниот меч во тековната сезона во Лигата на нации.

Read More