Author: dino

Раководството на АБА го објави терминот на одигрување на првиот од предвидените три турнири што ќе се организираат во различни градови во регионот.  Во втората по кавлитет конкуренција ние ќе имаме две екипи. Домаќин на првиот собир ќе биде српскиот состав Златибор а натпреварите во Србија ќе се играат во периодот од 9 до 18 ноември. Во првото коло на 9 ноември Работнички за противник го има Студентски центар додека во наредниот ден МЗТ Скопје ќе се соочи со Подгорица.  

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува тежок меч против Аталанта во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите. Германскиот стратег кој има огромни проблеми да ја состави дефанзивата, вели дека тимот од Италија се вбројува меѓу најефиксаните во Европа и дека неговите избраници ги очекуваат пеколни 90-ет минути. „Имаме проблеми со повредени фудбалери иако дел од нив се вратија на тренизите. Аталанта е голем предизвик за секој тим бидејќи игра крајно офанзивен фудбал“- потенцираше тренерот на „црвените“ пред денешниот дуел во Бергамо од 21.00 часот.

Read More

Фудбалерите на Интер денеска ќе гостуваат во Мадрид во меч од третото коло во Лигата на шампионите. На задолжителната прес-конференција, тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, беше запрашан дали сака во иднина да  седи на клупата на „кралевите“. „Сега сум тренер на Интер и фокусиран сум на клубот. Во минатото имав прилика да седнам на клупата на Реал Мадрид, но, сега не е време да зборуваме за тоа“ – изјави Конте. Шпанците и Италијанците денеска ќе атакуваат на првата победа во новата сезона во елитата на Европа. Во воведните две кола, Реал  одигра нерешено и загуби додека Интер ремизираше на двата меча.

Read More

Каталонските здравствени власти во контакт со УЕФА, побарале сите играчи на Динамо Киев денеска да направат нови ПЦР тестови за ковид-19 пред мечот со Барселона во Лигата на шампионите кој треба да се одигра утре вечер на „Камп Ноу“. Причина за тоа е што Украинците уште пред заминувањето за Шпанија објавија дека имаат поголем број на заразени фудбалери. Доколку денеска се појават нови позитивни фудбалери, постои можност УЕФА да го одложи мечот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се соочува со големи проблеми во ростерот за денешниот натпревар со Интер во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите. Французинот откако остана без неколку стандардни играчи ќе мора да прави одредени ротации. Медиумите во првата постава ги најавуваат: голамнот Куртоа,  бековите Васкез и Менди, стоперите Варан и Рамос, во средниот ред треба да се појават Касемиро, Крос и Валверде а во нападот Асенсио, Азар и Бензема. Во тимот нема да бидат вклучени: Карвахал, Одриозола, Начо, Милитао и Одегард.

Read More

Вардар  објави дека двајца играчи се позитивни на корона-вирусот по последното тестирање пред стартот на подготовките за мечот против Киелце во Лигата на шампионите, објавија „црвено-црните“. – Двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два случаја кои се појавија во тимот. Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата“ – стои во објавата на Вардар. Тренерот Алушовски ќе работи со скратен ростер бидејќи недостасуваат играчите кои имаат репрезентативни обврски како и тие што се позитивни на корона-вирусот.

Read More

Најдобриот фудбалер и воедно стрелец во редовите на Интер, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе мора да го пропушти утрешниот натпреварот со  Реал Мадрид во рамките на 3 коло во Лигата на шампионите. Корпулентниот напаѓач од почетокот на сезоната само на два меча не успеа да се запише во листата на стрелците. Како стојат работите, Шпанците и калчо-лигашот токму на утрешната пресметка ќе ја бркаат првата победа во новата сезона. „Кралевите“ имаат пораз и реми а Интер има две нерешени.

Read More

Ракометарот на Вардар, Гоце Георгиевски, дополнително е повикан од страна на селекторот Данило Брестовац, за претстојните квалификациски мечеви со Финска и Швајцарија. Крилото на „црвено-црните“ првично не доби покана да настапи, но, откако отпадна од комбинација Мартин Поповски, сега ќе има шанса да биде дел од нашата репрезентација. Во меѓувреме Ракометна Федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID – 19. По тестирањето е објавено дека се позитивни: Александар Царчев – тренер на голмани Никола Матлиески – помошник тренер Радослав Стојановиќ – помошник тренер…

Read More

Мечот од второто издание на Лигата на нации во фудбал меѓу Ерменија – Македонија закажан во рамките на 6. коло во втората група од Ц сегментот, ќе се одигра на неутрален терен на Кипар. Според најавите, дуелот закажан за 18 ноември ќе биде одигран на стадионот во Никозија бидејќи Ерменија е во воен конфликт со Азербејцан и не може да да биде во улога на домаќин на нејзиниот терен. Потврда за веста треба да дојде и од УЕФА која претходно најави дека сите федерации  треба да имаат алтернативен терен доколку не може да го организираат мечот во нивната земја.

Read More

Тенисерката од Ромаија, Симона Халеп, преку „Твитер“ соопшти, дека има позитивен тест на корона-вирусот и дека ќе ги откаже сите турнири до крајот на годинава бидејќи ќе замине во самоизолација. Таа последниот настап го имаше на терените на Роланд Гарос во Париз кога загуби од 19-годишната Свјонтек. Халеп во последниве 7 сезони постојано ротира од првото на второто место и обратно на ВТА листата што е најдолга серија по ерата на Штефи Граф која таков ефект имаше во 11 сезони.

Read More