Барселона утре ќе го пречеа грогираниот Реал Мадрид кој доживеа два нокаута во серија во домашното првенство и во Лигата на фудбалските шампиони. Тренерот на Каталонците, Роналд Куман, вели дека тоа нема никаво значење и дека ги очекува крајно тежок меч со големиот ривал. „Тие имаат искусни фудбалери и знаат дека мора да победат. Натпреварот против Мадрид е секогаш специјален. Детали може да го решат победникот“ – потенцираше стратегот од Холандија.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, воопшто не стравува за неговата позиција иако „кралевите“ претрпеа два врзани пораза на домашен терен. Прво загубија во Примера од аутсајдерот Кадиз а потоа и од украинскиот Шахтјор Донецк во Лигата на шампионите. „Белите“ сега ги чека големото дерби со Барселона а Французинот е убеден дека нема причина за загриженост. „Критиките кон тренерот се нормална работа кога тимот не победува. Мислам дека на дуелот против Барселона ќе се покажеме во најдобро издание“ – потенцираше Зидан пред утрешното Ел Класико на „Камп Ноу“ закажано во 16 часот.
Борко Ристовски од Вардар и Никола Митревски од Порто блеснаа на вечрашниот меч одигран во Скопје во Лигата на шампионите. Ристовски имаше 18 одбрани а успеа да постигне и четири голови по што сосема заслужено е прогласен за МВП на колото. Митревски пак по втор пат во серија ја има најубавата одбрана гледано на сите мечеви од тековното коло. Еве го идеалниот тим на 5-то коло. Голман: Борко Ристовски (Вардар), лево крило: Тилен Кодрин (Целје), лев бек: Сандер Сагосен (Кил), среден бек: Игор Карачиќ (Киелце), десен бек: Алекс Душебаев (Киелце), десно крило: Никлас Екберг (Кил), пивот: Виктор Итуриза (Порто)
ЕХФ го одложи мечот на Металург против Висла во ново формираното натпреварување Лигата на Европа откако во таборот на Металурзите има неколку заболени со ковид-19. Имено, уште еден играч на тимот од Автокоманда“ покажал симптими и имал позитивен тест на корона-вирусот пред натпреварот со Младос Богданци па затоа целата екипа е ставена во карантин од 14 дена. Металург сега има двајца позитивни ракометари и еден член на стручниот штаб. ЕХФ според практиката ќе треба да определи нов термин за мечот со Полјаците.
Мичел Беркамп синот на легендарниот фудбалер Денис во наредните денови ќе биде на проба во Арсенал или тимот во кој неговиот татко даде 120 голови на 400-ни мечеви. Мичел од 2017 година настапуваше за Алмере а откако му заврши договорот, сега ќе се обиде да се наметне во тимот предводен од Михаел Артета. Младиот Беркамп кој има 22 години главно дејствува во средината на теренот иако може да се види и во улогата на офанзивен играч.
Приходите на Манчестер Јунајтед паднале за една петтина главно поради тоа што клубот не играше во Лигата на шампиони и игра пред празен стадион за време на пандемијата. Јунајтед генерирал приходи во висина од 509 милиони фунти до 30 јуни што е пад за 19% во споредба со минатата година. Долговите на клубот пораснале за 133%, односно до 471 милион фунти, а загубите се 23.2 милиони фунти. Јунајтед од април до јуни оваа година генерираа приходи од само 2,2 милиони фунти а за истиот период минатата година инкасирал 23.8
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР 1-0 ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 1-0 БРЕГАЛНИЦА – БЕЛАСИЦА 0-1 СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 0-0 (пен: 4-3) ШКУПИ – КИТ ГО 5-0 РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2-2 (пен: 5-4) МАКЕДОНИЈА ЃП – КАМЕНИЦА САСА 6-0 КОЖУВ – СИЛЕКС 1-3
Ракометарките на Куманово кои започнуваат од третата рунда во ЕХФ Купот, денеска го дозна противникот со кого ќе се борат за пласман во наредната фаза. Тоа е Галичанка Лвов или еден од најдобрите украински клубови . Првиот меч кај Украинките ќе биде одигран на 14 или 15 ноември додека реванш средбата во нашава земја ќе се рализира седум денови подоцна. Ќе потсетиме дека вториот наш претставник во ЕХФ купот, тимот на Чаир, беше елиминиран во првото коло од српскиот состав Наиса од Ниш.
Денеска започнува ново поглавје во Лигата на фудбалските шампиони во крајно изменети услови со оглед на пандемијата со Ковид-19. Дел од мечевите ќе се играат пред лимитиран број на гледачи додека на поголемиот дел од стадионите ќе има празни трибини ишарани со различни макети што ги користат тимовите. Баерн Минхен одбраната на титулата ќе ја започне утре против Ателтико Мадрид додека дел од претендентите да му ја одземат денеска ќе ги имаат првите искушенија. Еве ги комплетните двојки од денешната понуда. 18:55 Динамо Киев-Јувентус 18:55 Зенит-Бриж 21:00 Барселона-Ференцварош 21:00 Челзи-Севилја 21:00 Лацио-Борусија Дортмунд 21:00 ПСЖ-Манчестер Јунајтед 21:00 РБ Лајпциг-Башакшехир 21:00 …
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, ќе мора да го пропушти утрешниот меч со Баерн Минхен на стартот на новата сезона во фудбалската елита на Европа. Тој во текот на викендот на дуелот Селта го повредил бутниот мускул и ќе мора да паузира најмалку три недели. Покрај напаѓачот, во тимот на Диего Симеоне ќе ги нема Саул Нигез и Хозе Хименес кои подолг период се обидуваат да ги санираат повредите.
