Author: dino

Шарена ќе биде сликата на стадионите низ Европа додека ќе се реализираат мечевите во Лигата на шампионите. На некои од нив ќе се игра пред празни трибини поради пандемијата со Ковид-19 додека на помал дел ќе има присусутво на навивачи. Според најавите, денешниот меч меѓу Лајпциг и Башакшехир ќе го следат 999 гледачи. Таа одлука ја донесе локалниот судија по влошување на состојбата со пандемијата. Бидејќи бројката на заразени во Минхен се зголемува, мечот меѓу Баерн Минхен и Атлетико Мадрид ќе се игра без присуство на публика.

Read More

Ракометарите на Металург денеска  ги старуваат натпреварите во групната фаза во новото натпреварување на ЕХФ наречено Лига на Европа. Избрaниците на тренерот Кастартовиќ од 18.45 часот ќе гостуваат на теренот на Тулуз. Бидејќи Франција воведе полицикси час поради зголемениот број на заразени со Ковид-19, дуелот ќе се одигра два часа порано од првичниот термин. Металург во групата во која има 6 екипи, ќе игра уште и со шпанскиот Адемар Леон, Чеховски Медведи (Русија), Фиверс од Австрија и полскиот состав Висла.

Read More

Германскиот весник – „Кикер“ предупредува дека многу натпревари во Лигата на шампионите би можеле да бидат решени на „зелена маса“ со оглед на ситуацијата со Ковид-19 која во голема мерка влијае на спортското живеење. УЕФА планира 96 натпревари од групната фаза да завршат до 9 декември иако сите свесни дека поради пандемијата со корона-вирусот  и мерките што ги спроведуваат Владите во речиси сите земји, тоа е крајно оптимистичка варијанта. УЕФА инсистира дека секој домаќин мора да алтернативен стадион за одигрување ако треба и во друга земја и да ги покрие трошоците. Доколку тоа не го направи и дуелот не се…

Read More

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, вели дека неговиот состав не влегува меѓу фаворитите  во новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Каталонците денеска на стартот на групната фаза ќе се сретнат на „Камп Ноу“ со унгарски Ференцварош во натпревар од групата „Г“. „Кога сте во Барселона, секогаш сакате да се борите за трофеи, без разлика дали станува збор за Ла Лига или Европа. Ние не сме фаворити, но, можеме да стигнеме далеку“ – вели Куман. „Знаеме дека дуелот нема да биде лесен бидејќи едноставно нема лесни ривали. Секогаш е значајно да започнете со победа во Лигата на шампионите“ – потенцираше…

Read More

Фудбалерот, Адама Траоре, ќе ги одбие понудите од Ливерпул и од Барселона и ќе го продолжи договорот со Вулверхемптон за нови четири години. Тој сега ќе добива 100.000 фунти неделно или двојно повеќе од тоа што го заработуваше. Траоре потпиша за „волците“ за рекордни 22 милиони фунти во 2018 година. Во текот на летниот трансфер период имаше одредени шпекулации дека за атлетски градениот фудбалер биле заинтересирани повеќе елитни состави од Шпанија и Германија.

Read More

Една од најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот, Самуел Ето, го критикуваше „Франс Фудбал“ дека е вклучен во списокот на кандидати за најдобри играчи на позицијата десно крило. Триесет и деветгодишниот Камерунец преку социјалните мрежи потенцираше дека неговата улога беше во центарот на нападот. – Благодарам, но, поминав само 1-2 сезони десно додека 25 години бев центарфор. Недостиг на почит од Франс Фудбал, напиша Ето на Твитер. Црномурестиот голгетер во неговата богата кариера ги носеше дресовите на гигантите: Челзи, Интер, Барселона и Реал Мадрид.

Read More

Македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски, откако одби да го напушти составот на Спортинг Лисабон сега ќе мора да игра во резервниот тим. За македонскиот фудбалер беше заинтересиран рускиот состав Динамо Москва, но, тој одби да си замине од Португалија. Одлуката на Ристовски да остане по секоја цена, ги налути челниците на Спортинг кои се определија да го казнат и да го префрлат во втората екипа.

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Генар Солскјер, нема да може да го користи капитенот Хари Мегваер на утрешниот меч против ПСЖ на стартот на новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Меѓу фудбалерите кои не заминаа на гостувањето во Франција се вројува и новото засилување, Едисон Кавани. Тоа значи дека Уругавецот кој токму од „паркот на принцовите“  се пресели во редовите на „црвените ѓаволи“ нема да може да игра против неговиот претходен состав. Тој не е подготвен за настап како и младиот напаѓач, Мејсон Гринвуд кој има повреда на мускулот на ногата. Солскјер за дуелот со ПСЖ ќе ги има…

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Јувентус, Џанлуиџи Буфон, уште еднаш се запиша во историјата на Серија „А“. Тој со 42 години и 9 месеци стана рекордер по бројот на настапи. Буфон на вчерашниот меч на теренот на Кротоне го запиша 650-от настап во најсилната фудбалска конкуренција на – „Чизмата“. Легендарниот фудбалер на „старата дама“ и на селекцијата на Италија кој дебитираше пред 25 години, има одиграно 917 натпревари во кариерата од кои на 410-ет не примил гол.

Read More

Англиските медиуми наведуваат дека Бруно Фернандеш нема добри релации со тренерот Оле Гунар Солскјер и дека е подготвен да го напушти фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед. Португалецот кој во почетокот на годинава беше купен за 80 милиони евра од екипата на Спортинг Лисабон беше еден од најдобрите во финишот на претходната сезона, но, очигледно тој ритам не успеа да го задржи и во тековнава. Наводно, Фернандеш имал голема расправија со Солскјер на полувремето на мечот против Тотенхем кога „црвените ѓаволи“ загубија на домашен терен катастрофално со 6:1.

Read More