Легендарниот тренер на фудбалерите на Арсенал, Арсен Венгер, кој со децении седеше на кормилото на „точиите“, напиша автобиогарфија во која изненадувачки го нема во ниту еден дел името на Жозе Мурињо. Во книгата насловена – „Мојот живот во црвено бело“,Французинот ги има опишано збиднувањата од 22-те години поминати на „Емирати“, но, во ниту еден дел не го споменува ривалството со Мурињо. Тоа наметна одредени праша кај читателите, на кои Венгер се обиде да даде одговор. .„Не сакав да напишам книга во која ќе ги решавам незавршените проблеми. Сакав да биде позитивна книга, во секој случај имам повеќе битки со Фергусон…
Author: dino
Напаѓачот на Јувентус, Дејан Кулушевски, кој има корени од Македонија, ќе се бори за наградата –„Златно момче“. Италијанскиот – „Тутоспорт“, ја објави листата од 20 млади фудбалери која ја предводат играчите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд (Норвешка) и Џејдон Санчо (Англија). На неа меѓу фаворитите се ставени и Алфонсо Дејвис и Едуардо Камавинга. Тие се најсериозни кандидати за да го наследат Жоао Феликс од Атлетико Мадрид кој беше најдобар млад фудбалер за изминатата година. Кулушевски покрај за Јувентус настапува и за селекцијата на Шведска.
Дербито во „Ц“ конкуренцијата во фудбалската Лига на нации меѓу Македонија и Грузија одиграно во Скопје заврши нерешено 1:1 откако Алиоски погоди од белата точка во последните минути од мечот. Претходно Грузија дојде до предност со голот на Кваратчкелија во 74. минута откако експресно го искористи исклучувањето на Димитриевски кој реагираше со рака надвор од голманскиот простор. Во вториот дуел во групата Естонија и Ерменија одиграа 1:1 по што Македонија и Грузија го делат првото место со по 6 бодови пред Ерменија со 5 и Естонија со 2 бода. Во наредното коло на 15 ноември ние ќе бидеме домаќини на…
Првиот човек на фудбалот во Европа, Александер Чеферин, остава простор дека континеталниот собир во 2021-та може да се игра без присуство на навивачи. Тој сепак ја отфрли можноста ЕП да се игра во така наречен „балон“ по примерот на НБА бидејќи домаќини треба да бидат 12 градови низ Европа. „Сигурно е дека не размислуваме за „балон“ а истото го мислам и за Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Сè уште размислуваме дали тоа да биде турнир со навивачи или без нив. Дали да има 30,50,70 проценти пополнет капацитет на стадионите. Иако сакаме ЕП да се одигра во 12 држави, можеме да…
Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед дефинитивно не успеа во намерата да го ангажира во текот на летото, Кинсли Коман од Баерн Минхен, иако многу шпекулации велеа дека „црвените ѓаволи“ испратиле атрактивна понуда. Тоа денеска го негираше директорот на Баварците, Хасан Салихамиџиќ, кој објасни дека до клубот не пристигнала никаква понуда од Англија. Тој во последното интервју нагласи дека и да имало понуда за нивниот играч, веднаш ќе била одбиена.
Ливерпул ќе се обиде да се раздели со петмина фудбалери во наредните 48 часа. Иако преодниот рок е затворен, англиските клубови сепак можат да прават договори до петок до 17 часот по локално време. Трикот е во тоа што играчите можат да ја сменат клупската средина само со тимови од другите дивизии. Со други зборови – клубовите од Премиер лигата можат да продаваат и пренесуваат играчи во тимови од Чемпионшип и пониските нивоа, како и да привлекуваат во спротивна насока. Најпопуларното име со кое Ливерпул има намера да се раздели е Хари Вилсон. Неговата цена е 20 милиони фунти.
Голманот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ја надминал повредата и тренираше со другите од тимот, објавија денеска шпанските медиуми. Чуварот на мрежата кој пред извесен период го напушти таборот на белгиската репрезентација, ќе може да се појави на саботиот меч против Кадиз во Примеа Дивизион. Тренерот, Зинедин Зидан, ќе се консултира со лекарите и ќе одлучи дали Куртоа ќе започне од првата минута или ќе остане на клупата за резерви.
Втор играч на Јувентус е позитивен на корона-вирусот. Станува збор за Вестон МекКени, по што целиот тим ќе оди во карантин во клупската база. Кристијано Роналдо е исто така заразен, но, не е со екипата иако се врати во Торино. Клубот објасни дека нови тестови ќе бидат направени веднаш и сите што ќе бидат негативно ќе се вратат со нормален тренинг. Тренерот, Андреа Пирло, во моментов работи со мал број на фудбалери кои немаат репрезентативни обврски.
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев, пред утрешниот меч со Грузија потенцира дека сите се максимално мотивирани за успех иако ќе недостасуваат неколку стандардни репрезентативци. „Тие што сме тука ќе го дадеме максимумот, имаме неколку нови кои сигурно ќе ни помогнат. Никогаш досега не сме играле толку мечеви, во ваков ритам секој трет ден а плус Косово многу физички и психички нè истроши. Сепак и покрај сè, спремни сме да победиме“ – вели Пандев. „Сакаме да победиме во Естонија, но, така е во фудбалот, не можеш да победуваш постојано. Се надевам дека на крајот ќе останеме на првото место“…
Нашите најдобри фудбалери утре ќе излезат на мегдан со Грузија во новото коло во тековната сезона во „Ц“ Лигата на Нации. Селекторот Игор Ангеловски иако се соочува со повеќе проблеми во ростерот, најавува дека ќе се оди на полн погодок. „Утре играме со противник со кој ќе се соочиме во финалето. Без оглед на сите отсутни играчи, сите кои ќе се најдат на теренот имаат должност да дадат максимум. Прв пат играме три меча за седум“ – изјави Ангеловски. „Ја анализиравме Грузија, одиме по трите бода, бидејќи тоа не остава на првото место. Кога станува збор за формацијата, знаете дека…
