Легендата на фудбалскиот состав Барселона, Карлес Пујол, проговори за конфликтот меѓу Лео Меси и раководството на клубот откако големата ѕвезда во текот на летото јавно побара да си замине. Еден од најдбрите дефанзивци во историјата на клубот вели дека не може да ја замисли Барселона без Аргентинецот. „Како секој навивач на Барселона, не сакам Меси да си оди, но, тоа е фудбалот. На крајот реши да остане а неодамна кажа дека е мотивиран и дека сака да победува. Се надевам дека ќе остане уште многу години во клубот“ – изјави Пујол.
Author: dino
Нашите млади фудбалери (У21) денеска од 14.30 на терените на ФФМ ќе излезат на мегдан со Израел во дерби мечот на 9 коло во квалификациската група 6 за пласман на Европското првенство. На континеталниот собир ќе одат првопласираните селекции и најдобрите пет втори селекции од деветте групи. Македонија сега е последна од второпласираните, но, теоретски останува во игра за ЕП. До крајот на групната фаза не чекаат два меча со Израел и средбата со Црна Гора. Денеска во нашата група од 18.00 часот Фарски Острови ќе играат со Црна Гора додека од 18.45 часот Шпанија против Казахстан.Табела: Шпанија 19, Македонија…
Андреа Пирло кој ја има првата сезона како шеф на стручниот штаб на Јувентус, вели дека е максимално мотивиран да ги забележи првите успеси во тренерската кариера. „Работев со одлични фудбалски тренери – Мирчеа Луческу, Марчело Липи, Карло Анчелоти, Антонио Конте, Масимилијано Алегри. Имав среќа да работам со тренери од светска класа. Се обидов да „украдам“ по малку од сите“ – вели Пирло Неговиот тим на стартот на сезоната во Серија „А“ има една победа и еден нерешен резултат.
Фудбалерите на Ливерпул, Садио Мане и Тијаго Алкантара ја добија битката со ковид-19 и ќе можат да настапат на дуелот со Евертон во рамките на Премиер-лигата. Тие го пропуштија мечот со Астон Вила бидејќи беа во задолжителна самоизолација а нивните последни тетсови покажале дека се негативни на корона-вирусот и дека може да играат за „црвените“. Уште еден играч на Ливерпул, Наби Кеита, кој претходно беше позитивен на тестовите ќе може да се врати во ритам доколку повтореното тестирање покаже дека ја надминал болеста.
Мик Шумахер кој му е син на легендарниот возач во Формула 1, Михаел, од наредната сезона дефинтивно ќе влезе во така наречениот „циркус на тркала“, најави советникот во Ред Бул, Хелмут Марко. „Знаеме како се одвиваат работите. Заклучив дека Мик Шумахер ќе вози за Алфа Ромео заедно со Кими Раиконен. Мислам дека тоа е одлична комбинација“ – изјави Марко. 21-годишниот Ник Шумахер претходно беше дел од Формула 2 шампионатот.
Ракометарите на Вардар продолжуваат да се подготвуваат за мечот со Фленсбург во Лигата на шампионите иако еден член на „црвено-црните“ е ставен во изолација откако бил позитивен на ковид-19. Според последните информации заразениот ракометар се наоѓа во добра здравствена состојба. Вардар в четврток ќе се сретне со Фленсбург во Лигата на шампионите а пред дуелот сите играчи повторно ќе бидат тестирани согласно протоколите на ЕХФ. За Вардарци мечот со германскиот состав ќе биде само вториот во тековнава сезона во ЛШ откако поради ковид-19 им беа одложени средбите со Елверум и Пик Сегед.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, може да замине во Динамо Москва, најавија португалските и руските медиуми. Според нив, трансферот на Ристовски е пред реализација а Динамо Москва и Спартак Москва се клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис. Останува дилемата дали членот на Спортинг Лисабон ќе замине на позајмица или ќе му биде откупен договорот за околу 3 милиони евра. Преодниот рок во Русија трае до 17 октомври.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре на терените на ФФМ ќе се сретне со Израел во дербито на 9 коло во групата 6 за пласман на Европското првенство. Нашиот играч, Јани Атанасов, вели дека тимот е подготвен за големи успеси. „Ни преостанаа уште три меча. Одработивме добро во Казахстан, се надеваме дека ќе продолжиме така.Израел е добар тим“ – вели Атанасов. „Заедно со селекторот, одиме на три бода. Имаме квалитет. Подготвени сме за предизвикот“ – вели Атанасов.
Селекторот на нашите најдбри фудбалери, Игор Ангеловски, мораше да направи неколку промени во ростерот за мечот со Грузија во рамките на 4 коло од Ц Лигата на Нации. Тој го ослободи од обврските Ферхан Хасани и повика замени за Енис Барди кој има жолти картони и Стефан Спировски кој се жали на повреда. Репрезентативнито дрес сега ќе го облечат: Љупче Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Томе Китановски (Македонија Ѓорче Петров) и Дарко Мицевски од Вардар. Четворицата веднаш ќе и се приклучат на селекцијата бидејќи доаѓаат од домашното првенство. Средбата со Грузија е закажана на 14 откомври од 20.45 часот…
Македонскиот фудбалски репрезентативец во Наполи, Елиф Елмас сè уште е позитивен на ковид-19, објавија денеска медиумите во Италија. На новите тестирања кои ги направил италијанскиот состав, само Елмас и Пјотр Зиелински имале позитивни тестови на ковид 19. Тоа значи дека нашиот интернационалец и натаму останува во самоизолација и нема да може да му се стави на располагање на селекторот Ангеловски за мечот со Грузија.
