Со головите на Пандев и Зајков во финишот на мечот нашата фудбалска репрезентација се спаси од пораз на теренот на Естонија во рамките на 3 коло во Лигата на нации во „Ц“ конкуренцијата. Во крајно возбудлив дуел на крајот дојде до поделба на бодовите иако во поголемиот дел од мечот нашите фудбалери имаа доминација. Во 3 минута Кокс си постигна автогол додека во 33-та Сапинен реалзираше за 1:1 а во 61-та истиот играч погоди за 2:1. Откако Трајковски не реализираше пенал во 67 минута, домаќините не ја пропуштија шансата од 11 метри во 76 минута и направија предност од два…
Author: dino
Рафаел Надал успеа да ја освои рекордната 13. титула на Ролан Гарос откако во финалето во Париз го совлада Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0 по сетови 6:0, 6:2, 7:5. Тој по лесната победа во првите два сета успеа да го издржи притисокот во решавачкиот и да се израдува на нова титула од Грен Слем турнирите во Франција Шпанскиот тенисер со денешниот триумф се израмни со Швајцарецот Роџер Федерер и сега двајцата имаат по 20 гренд слем титули. Србинот Ѓоковиќ има 17. На 34-годишниот тенисер од шпанскиот дел на Пиринеите му недостасува само една победа за да стане четвртиот тенисер во…
Младата 19-годишна тенисерка од Полска, Ига Свјонтек, дојде до првиот пехар во кариерата и тоа на еден од четирите најголеми турнири. Таа славеше во Париз на Роланд Гарос откако со 2:0 во сетови 6:4 и 6:1 да ја совлада Софија Кенин (САД). За овој триумф таа ќе добие 2.000 поени, премија од 1.600.00 евра, како и скок од 35 места односно од понеделник ќе биде 19 тенисерка на ВТА ранг-листата. Финалето во машка конкуренција меѓу Новак Ѓоковиќ и бранителот на пехарот, Рафаел Надал, ќе биде одиграно в недела од 15.00 часот.
Црногорците, Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ, го го судат мечот меѓу Вардар и Флензбург кој ќе се одигра на 15 октомври од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на 4 коло во групната фаза во Лигата на ракометните шампиони. Бидејќи ЕХФ пратикува делегатот да биде ангажиран од земјата домаќин, таа улога му е доделена на Марјан Начевски. Вардарци досега одиграа само еден дуел од тековната сезона во ЛШ бидејќи средбите со Елверум и Пик Сегед им беа одложени.
Нашата млада фудбалска репрезентација до 21 година славеше убедливо на теренот на Казахстан со 4-1 и се зацрвсти на второто место во квалификациската група за пласман на Европското првенство. Головите за македонија ги реализираа: Чурлинов (2), Атанасов и Митревски додека погодокот за домаќините беше дело на Омиртаев. На табелата Шпанија со 16 бода од шест меча е лидер, Македoнија сега има 13 (7 меча), Казахстан остана на 10 (8), Израел има 8 (6), Црна Гора 7 (7) а Фарските острови се последни со 3 бода (6). Македонија в среда на 13 октомври во Скопје ќе излезе на мегдан со Израел.…
Кошаркарската федерација на Македонија ќе мора да го одложи стартот на сезоната откако се зголеми бројот на заразени членови во екипите. Академија ФМП има седум играчи и целата екипата е во изолација. И вардарци се во карантин бидејќи играа пријателски меч со ФМП. Неофицијално има тројца со позитивен тест во новиот прволигаш ТФТ, двајца во МЗТ Скопје и по еден во Гостивар и МЗТ Скопје УНИ Банка. Претходно, заразен играч беше пријавен и во Работнички. Според најавите, стартот на Првата лига ќе биде пролонгиран за најмалку две недели.
Унгарскиот ракометен состав Татабања кој има повеќе од 10 заболени од корона-вирусот, побара да биде одложен мечот со нашиот Еурофарм Пелистер на стартот на сезоната во Лигата на Европа. Првото коло е закажано за 20 октомври а Унгарците треба да гостуваат во Битола. Сега информациите велат дека луѓето од Татабања испратиле допис до ЕХФ да се одложи натпреварот. Поради актуелната ситуација во клубот, Татабања нема да одигра и два меча во домашното првенство.
Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, нема намера да го врати Месут Озил во екипата. Тој дури го избриша германскиот интернационалец и од списокот за Лигата на Европа. Според правилата на УЕФА, на списокот мора да има 17 играчи. Артета одлучи покрај Озил да го изостави од европските мечеви и Сократ Папастатопулос. Озил кој е еден од најплатените фудбалери на „топчиите“ со неделни примања од 350.000 фунти нема настапено за лондончани од 7 март.
Џошуа Чептеги од Уганда и Летесенберт Гидеј од Етиопија поставија нови светски рекорди на атлетскиот митинг во Валенсија. Чептеги е нов светски рекордер на патеката од 10.000 метри со време од 26 минути 11секунди и 2 стотинки. Тој успеа за шест секунди да го собори претходниот рекорд на Кенениса Бекеле од Етиопија поставен во 2005 година. „Многу сум среќен што имав можност да урнам светски рекорд. Моментно сум во извонредна форма а рекордот на Кененеиса на 10.000 метри беше еден од најтешките за уривање“ – изјави Чептеги.
Тенисерот од Белгија, Давид Гофин, кој беше елиминиран во првото коло на терените на Роланд Гарос е позитивен на Ковид-19 и ќе мора да биде во самоизолација во наредните две недели. Веста ја потврди 29-годишниот тенисер кој ќе мора да го прескокне турнирот во Санкт Петербург кој ќе започне од понеделник „За сега сум добро. Се надевам дека нема да имам посериозни проблеми и дека наскоро ќе се вратам на терените“ – изјави Гофин кој се наоѓа на 13-то место на листата на најдобрите тенисери.
