Author: dino

Играчот на Милан, Тео Хернандез, по доаѓањето од Реал Мадрид покажа дека е еден од најдобрите на бековската позиција во Серија А. Тој вети дека ако неговиот клуб се пласира во Лигата на шампионите ќе ја офарба косата во црвено-црна боја и ќе го истетовира грбот на Милан. „Се пронајдов тука и се чувствувам како дома. Сакам да останам што подолго во клубот. Наша главна цел е да се пласираме во Лигата на шампионите, ако го оствариме тоа ќе ја офарбам косата црвено-црна и ќе го истетовирам грбот на Милан“ – вети фудбалерот. „Росонерите“ за да ја остварат целта и…

Read More

Уругвајскиот напаѓач, Единсон Кавани, ќе има шанса да настапи со неговиот далеку помлад сонародник, Факундо Пелистри, во редовите на Манчестер Јунајтед. 19-годишниот фудбалер за 8,5 милиони евра беше купен од Пењарол додека Кавани дојде на „Олд Трафорд“  откако му истече договорот со Пари Сен Жермен. „Пелистри е млад типичен играч од Јужна Америка кој ужива во играта. Тој во Пењарол покажа за што е способен. Тој доаѓа во клуб како Манчестер Јунајтед исполнет со желба да учи и да созрева како фудбалер“ – вели Кавани за неговиот сонародник.

Read More

Медиумите од Шпанија тврдат дека тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, побарал од челниците во јануарскиот преоден рок да му обезбедат врвен голгетер. Најреална опција е ангажман на Мемфис Депај од Лион иако главна цел на Холанѓанецот е фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој сеуште ја нема продолжено соработката со калчо-лигашот. Иако постои можност Каталонците да се насочат и кон друг фудбалер, медиумите веруваат дека Депај и Мартинез се приоритет.

Read More

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата откри дека планира да се повлече од репрезентацијата на Португалија во 2022 година веднаш по Мундијалот во Катар. Голгетерот кој тогаш ќе има 37 години не планира да продолжи да игра во репрезентативниот дрес на Европското првенство во Германија закажано две години подоцна. Бидејќи Роналдо има договор со Јуве до крајот на јуни 2022 година, најверојатно по тој термин ќе се пресели во шампионатот на Соединетите Американски Држави.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Интер, Стивен Жанг, преговара со неколку компании од Кина за спонзорски договори. Според „Кориере дело Спорт“ , екипата од Милано сака да го замени сегашниот спонзор  – „Пирели“ чие лого стои на дресот на „нероаѕурите“. Наводно италијанскиот состав има неколку добри финансиски понуди за спонзорство кои доаѓаат од Истокот. Се претпоставува дека станува збор за компанијата  – „Hisense“ која е активна во бизнисот со електрична опрема.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, потврди дека нема намера да го напушти англискиот  состав иако во еден период во текот на летото се појавија шпекулации дека може да замине во друг состав. Дел од медиумите во континуитет пишуваа дека одличниот играч од средниот ред може да го облече дресот на францускиот шампион ПСЖ или на шпанскиот Реал Мадрид. Сепак, Де Бруин тоа го негира и јасно става до знаење дека сака да потпише нов договор со „граѓаните“. „Не сме разговарале официјално за нов договор. Јас сум среќен тука, знам дека сакам да останан и тоа е најзначајно“ –…

Read More

Тони Надал кој има роднински конекции со тенисерот, Рафаел Надал, вели дека неговиот внук сосема заслужено го освои Грен Слем турнирот во Париз откако супериорно во само три сета го победи Новак Ѓоковиќ. „Рафа знаеше за што игра. Немаше загубено ниту едно финале на Ролан Гарос. Тој одигра на највисоко ниво, на врвно ниво“ – изјави Тони Надал кој не можеше да ги сокрие емоциите. Рафа со триумфот во Франција се изедначи со Швајцарецот, Роџер Федерер по бројот на освоените титули на Грен Слем турнирите. Двајцата имаат по 20-ет додека Ѓоковиќ остана на 17-ет.

Read More

Луѓето од Манчестер Јунајтед заедно со претставниците на Ливерпул ќе притискаат да се намали  бројот на учесниците, да се откаже Лига купот и да се направат уште неколку промени во англискиот фудбал. Двата тима предлагаат 25% од приходите на клубовите во Премиер Лигата да одат за поддршка на пониските дивизии, 6% од приходите на клубовите да се наменат за обнова на стадионите низ целата земја. „Црвените ѓаволи“ и „црвените“ имаат идеја  да се направи и лимит на цените на билетите за гостински навивачи на 20 фунти.

Read More
NBA

Леброн Џејмс кој со Лос Анѓелес Лејкерс успеа да дојде до 4-та титула во кошаркарската НБА лига, вели дека бил крајно мотивиран да покаже дека е еден од најдобрите играчи гледано во историјата. „Сакав да ја вратам титулата таму каде што и е местото и успеав. Чест ми е да бидат дел од оваа историска екипа. Благодарнм сум на сите тренери и соиграчи, како и за организацијата што стигнавме до тука“ – изјави Џејмс кој постигна трипл-дабл и по четврти пат беше прогласен за МВП во финалето. „Значајно е да им помагам на соиграчите. Мислам дека заслужив да бидам испочитуван“…

Read More
NBA

Лос Анџелес Лејкерс славеше во текот на ноќта против Мајами со 106:93 и стана новиот шампион во најсилната светска кошаркарска конкуренција. Тимот предводен од Леброн Џејмс започна одлично и без многу проблеми успеа да стигне до посакуваниот триумф кој му ја донесе 17-та титула во НБА конкуренцијата. Лејкерси на тој начин се изедначија со Бостон на вечната листа кога станува збор за освоените шампионски прстени. Џемјс имаше трипл-дабл со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, Дејвис постигна 19 поени и додаде 15 скокови додека Рондо застана на 19 кошеви. Во поразениот состав Адебајо имаше 25 поени и направи 10 скокови.…

Read More