Author: dino

Луѓето од Милан се надеваат дека Златан Ибрахимовиќ, Анте Ребиќ и Алесио Ромањоли ќе се опорават и ќе бидат подготвени за фудбалското дерби со Интер закажано на 17 октомври во рамките на Серија „А“. Шведскиот напаѓач тренира максмално откако бил негативен на последниот тест за коронавирус. Ребиќ пред 10 дена се здоби со повреда на лактот, но, последните снимања покажаа дека нема компликации и неговото закрепнување оди добро. Хрватот се очекува да помине нови тестови по што ќе се знае дали ќе може да игра против Интер. Капитенот Ромањоли има реални шанси да биде на теренот против градскиот ривал бидејќи…

Read More

Поранешниот репрезентативец на Бугарија и член на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, вели дека „црвените ѓаволи“ направиле грешка за време на преодниот рок бидејќи не купиле нов централен дефанзивец. „Разочарувањето кај навивачите на Јунајтед сега ќе биде уште поголемо. Ги зедоа Кавани и Телес, но, не ангажираа централен дефанзивец. Со недели потенцирам дека на тимто му треба таков играч“ – изјави Бербатов и се насочи кон ангажманот на Кавани. „Јас сум огромен фан на Кавани. Тој дава многу голови и има големо искуство што може да биде корисно. Тој може да им помогне на Марсијал, Рашфорд и Гринвуд“ – напиша Бербатов.

Read More

Весникот – „Кориере дела Сера“ објави дека Наполи нема да го загуби служено мечот со Јуве во фудбалската Серија „А“ иако не отпатува во Торино следејќи ги препораките на локалните здарвствени власти откако во клубот се појавија неколку фудбалери заразени со ковид-19. Наполитанците ќе бидат казнети само со одземање на 1 бод а дерби натпреварот со Јуве е презакажан за догодина на 13 јануари . Според најавите, „старата дама“  ќе се жали на таквата одлука и ќе побара мечот да го добие службено.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру, беше пред трансфер во италијанската Серија А за време на летниот преоден рок. Тогаш Јувентус, Интер и Лацио беа заинтересирани за Французинот кој сепак остана во редовите на „сините“. „Не размислувам за враќање во Франција. Сакам да играм на највисоко ниво во Европа уште 2-3 години а потоа ќе можам да се преселам во МЛС. Бев близу до трансфер во Серија А, каде што ценат искусни играчи како мене, но, трансферот не се случи.“, рече напаѓачот на Челзи.

Read More

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово на 8-ми октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. МВР во соработка со ФФМ и другите надлежни органи,ќе ги преземе сите aктивности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. МВР во соопштението апелира да не се организира заедничко следење на натпреварот надвор од стадионот и да нема говор на омраза или други нарушувања…

Read More

Македонската јуниорска репрезентација со еден боксер ќе настапи на 38. издание на „Војвоѓанска  златна ракавица“ во Суботица. Александар Ристовски член на БК Шкендија ќе ја претставува нашата земја во младинска конкуренција во која ќе има натпреварувачи од Србија, Бугарија, Романија… итн. Станува збор за исклучително силен турнир од А категорија. Со Ристовски отпатува и тренерот Васко Цубалевски, во нашата делегација е судијата Стефан Цубалевски. Борбите започнуваат од утре и ќе траат до недела.

Read More

Веспрем од Унгарија и Мешков Брест од Белорусија побарале од раководството на СЕХА лигата да го прескокнат регуларниот дел од натпреварувањето и да одат директно на завршниот турнир, објавија медиумите во Русија. Раководствата на двата ракометни тима не сакаат да играат во регуларниот дел поради сложената ситуација со ковид-19 насекаде низ Европа како и лошите конекции. Стартот на регуларниот дел беше најавен за 10 октомври, но, сега со новиот момент, најверојатно почетокот на новата сезона ќе биде пролонгиран. Нашава земја ќе ја претставуваат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Read More

Екипата од НХЛ лигата, Сан Хозе, го обезбеди напаѓачот Рајан Донато од Минесота откако го отстапи правото за избор во третата рунда на драфтот во 2021-та. 24-годишниот хокеар во претходната сезона постигна 14 голови и собра вкупно 23 поени на 62 одиграни меча. Донато се активираше во НХЛ лигата во 2014 година кога беше купен од Бостон во втората рунда на драфтот.

Read More

Фиорентина потпиша договор со 33-годишниот шпанскиот фудбалер Хозе Калјехон, објави клубот. Тој пристигнува на стадионот – „ Артемио Франки“ како слободен играч откако седум сезони го носеше дресот на Наполи. Калјехон  се пресели во Неапол во 2013 година откако замина од Реал Мадрид за скормни 9,5 милиони евра. Тој за италијанскиот тим одигра 349 мечеви со ефект од 82 гола и 78 асистенции во сите натпреварувања.

Read More

Олимпик (Марсеј) за една сезона го ангажираше играчот за врска Михаел Куизанс од Баерн Минхен. 21-годишниот фудбалер кој беше купен од Менхенгладбах не ја доби посакуваната минутажа и затоа побара да биде испратен во друг клуб. Иако се очекуваше Куизанс да заигра за Лидс во Премиер лигата, договорот пропадна и тој ќе се врати во татковината. „Михаел сака да игра редовно. Тој ќе настапува во Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј” – изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Read More