Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Премиер лигата на неговиот стадион „Олд Трафорд“ откако во текот на викендот загуби од Тотенхем со 6-1. Некогашниот капитен, Патрис Евра, вели дека ниту еден од сегашните фудбалери не заслужува да го носи дресот на славниот англиски клуб. „По тоа што го гледав на теренот морам да признаам дека сум крајно разочаран. Сега ја разбирам болката на навивачите на Манчестер Јунајтед“ – потенцирал Евра. „Во моментов ниту еден од фудбалерите не заслужува да игра во клубот. Мегвајер е една година и стана капитен. Тоа е само доказ дека во Јунајтед нема лидер“ – потенцираше Евра.…
Author: dino
Новата сезона во кошаркарската БИБЛ лига ќе стартува на 11 октомври во Израел. Првата фаза е планирано да заврши на 26-27 јануари во 2021 година. Втората ќе стартува на 2/3 март а ќе заврши до 23/24 во истиот месец. Плеј-оф натпреварите ќе се играат на 30/31 март и 6/7 април. Финалниот турнир е предвидено да се игра од 16. до 18. Април. Боите на Македонија ќе ги браната Куманово и ТФТ. Тие ќе бидат во конкуренција со бугарските Берое и Пловдив, Ибар од Црна Гора, една екипа од Косово и две од Израел.
Македонската фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекува баражот со Косово во Лигата на нации и веднаш потоа средбите со Естонија и Грузија. Селекторот Игор Ангеловски не може да го повика Елиф Елмас бидејќи е позитивен на ковид 19 додека Горан Пандев иако во Џенова има заболени од корона сепак е вметнат на списокот. На него е ставен и повратникот Ферхан Хасани.
Фудбалскиот состав Наполи објави по пат на социјалните мрежи дека нашиот интеранционалец, Елиф Елмас, е позитивен на коронавирус и дефинитивно ќе го пропушти претстојниот дуел од Лигата на Нации против селекцијата на Косово. Доцна синоќа италијанците најавија дека по новите тестирања има зголемен број на заразени со ковид-19 и дека дел од тестовите ќе бидат испратени на дополнителна обработка. Тие покажале дека и македонскиот фудбалер е позитивен и дека нема да може да дојде за баражот со косоварите на 8 октомври.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој го ангажираше само Дони ван Бек во текот на летниот трансфер период, верува декa располага со квалитетни играчи кои можат да постигнат завидни резултати. Норвежанецот по поразот од Севилја во полу-финалето од Лигата на Европа, нагласи, дека сака да купи засилувања, но, желбата очигледно досега не му се исполни. „Имаме играчи во кои веруваме. Клубот ја знае мојата визија, ние сакаме да го засилиме составот, има уште време до крајот на преодниот рок. Изгубивме многу пари, како и другите клубови“ – потенцираше Солскјер.
Кристијан Пулишиќ се опорави од повредата и ќе му биде на располагање на тренерот Франк Лампард за утрешниот натпревар против Кристал Палас во новото коло во Премиер лигата на Англија. Фудбалерот на Челзи нема играно од месец август кога се здоби со повреда во финалето на ФА купот против тимот на Арсенал. Летното засилување, пак, Хаким Зијеч сè уште не е подготвен за настап. Тоа го нагласи и тренерот Лампард кој верува дека неговите избраници ќе дојдат до полн погодок. „Имаме одличен тим. Ќе видиме како ќе се развиваат работите во наредните денови. Ние се фокусираме на утрешниот натпревар“ рече…
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, утре ќе се соочи со еден од неговите учители. Станува збор за Марсело Биелса кој седи на кормилото на Лидс Јунајтед. „Тој е личноста што најмногу ја почитувам во светскиот фудбал и како тренер и како човек. Мислам дека тој е уникатен менаџер на сите времиња. Тој најмногу влијаеше врз мене“-изјави Гвардиола. Шпанскиот тренер пред гостувањето кај Лидс се соочува со големи проблеми во нападот бидејќи првите стрелци Габриел Жезус и Серхио Агуеро се надвор од стројот.
На денешната седница на Управниот одбот на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки: – У.О. на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) кои ќе се распределат на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2МФЛ, Трети лиги, Младински конкуренции и Женска фудбалска лига); – У.О. на ФФМ донесе одлука за враќање на паричните средства од продажбата на билети за полуфиналето од Лига на Нации меѓу Македонија и Косово; – У.О. на ФФМ ги усвои предлог пропозициите за Куп натпреаврување во футсал за натпреаврувачката сезона 2020/21,…
Холанѓанецот, Дани Макели, кој го носи знакот на ФИФА од 2013 година, ќе го води мечот на 8 октомври меѓу Македонија и Косово во рамките на полу-финалето во фудбалската Лига на нации или претпоследниот филтер пред Европското првенство. Макели годинава го водеше финалето во Лигата на Европа меѓу Севилја и Интер во кое славеше шпанскиот тим. Тој беше дел и од Мундијалот во Русија во 2018 година. Таму за големото финале беше ангажиран и во вар-собата. Макели претходно бил во Скопје и тоа во 2019 година кога го судеше мечот Македонија-Словенија.
Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 4-ти октомври (недела) на истата патека, но, со нова стартно –целна рамнина за да се испочитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, најави, директор на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски. „Ќе имаме 1500 учесници во три трки: маратон, полу-маратон и штафетен маратон. И годинава ќе имаме квалитетни натпреварувачи, но, поради пандемијата ќе бидеме без натпреварувачите од Африка. Заради целата ситуација со вирусот Ковид-19, го променивме стартот и целта, кои што ќе бидат пред влезот на СЦ Борис Трајковски а патеката е иста. Тој простор ни дозволува да ги испочитуваме сите…
