Денеска беа одредени судиите за мечевите од 8 коло во првата фудбалска лига на нашава земја кои ќе бидат реализирани во текот на викендот. Дербито под Шара меѓу Шкендија и Силекс ќе го суди Константин Влахо од Скопје. Мечот Работнички-Академија Пандев ќе го води Боби Величков од Велес додека на центарот на теренот на пресметката Шкупи-Борец ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип. На мечот Македонија ЃП-Струга правдата ќе ја дели Александар Грујоски од Кичево додека Ндерим Тефику од Куманово ќе биде главен судија на натпреварот Беласица-Ренова. Единствениот дуел кој е закажан за в недела меѓу Пелистер и Вардар ќе го…
Author: dino
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ќе ја добие наградата за фудбалер на годината на УЕФА, откри новинарот, Тоби Алтшефел и тоа непосредно пред официјалната церемонија која е предвидена за денеска од 17.00 часот кога ќе се формираат и групите за Лигата на шампионите. Покрај Левандовски во Топ 3 влегуваат и неговиот соиграч, Мануел Ноер како и членот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин. Во изборот учествуваа тренерите на сите 80 екипи од групната фаза на Лигата на шампионите и Лигата на Европа како и 55 новинари. Во топ 10 се вметнати и Лионел Меси (Барселона), Нејмар (ПСЖ) , Томас…
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, не крие дека е задоволен од вчерашниот настап на Дони ван де Бек на натпреварот против Брајтон во Лига купот на Англија. „Црвените ѓаволи“ победија со 3-0 како гости и се пласираа во четвртфиналето. Холанѓанецот кој беше купен за 45 милиони евра од Ајакс започна како централен играч за врска а потоа играше и како лево крило. „Дони ги има сите квалитети. Тактиката е основа на холандскиот фудбал. Ја разбира играта и паметен е. Дони е фудбалер кој може да игра на различни позиции“ – вели Солскјер.
Формирањето на групите за Лигата на Европа во ракомет е пролонгирано за утре откако еден член од техничкиот персонал на ЕХФ бил позитивен на „Covid-19“. Веднаш потоа вработените во канцеларијата кои имале контакт со него се ставени во задолжителна изолација додека не ги добијат резултатите од тестирањето. Во новото натпреварување на ЕХФ нашава земја ќе има два претставника. Тоа се Еурофарм Пелистер и Металург. Битолчано според рејтингот влегоа директно во групната фаза додека тимот од Автокоманда играше квалификации. Лигата на Европа ќе започне на 20-ти овој месец.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс го совладаа Мајами со 116-98 и поведоа со 1-0 во финалето од НБА лигата. Во победничкиот тим Ентони Дејвис имаше 34 поени, девет скокови и пет асистенции додека Леброн Џејмс мечот го заврши со 25 поени, 13 скока и 9 асистенции. Во поразениот состав се издвои Батлер со 23 поени. Неговиот тим во текот на мечот остана без помошта на Горан Драгиќ поради повреда на стапалото го пропушти вториот дел додека Адебајо мечот го заврши во третата четвртина поради повреда на рамото. Наредниот дуел меѓу ЛА Лејкерси и Мајами ќе биде одигран в сабота во 3…
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лацио, Валас Дос Сантош, кој минатата сезона играше на позајмица во Брага во Португалија, сега ќе биде испратен во турската екипа, Јени Малатија. Двата клуба не ја објавија сумата за трансферот. Договорот на дефанзивецот ќе биде активен 2 години со можност да се продолжи за уште една сезона доколку ги исполни очекувањата на челниците на тимот. Валас кој беше купен од италијаскиот состав во 2016 година забележа вкупно 67 натпревари за лацијалите на кои постигна и два гола.
Добрите познавачи на состојбите во италијанскиот фудбал нагласија дека Јувентус има големи шанси да го обезбеди потписот на младиот напаѓач на Фиорентина, Федерико Киеза и тоа до крајот на преодниот рок. „Старата дама“ покрај одредена сума на пари има намера да испрати и неколку играчи во Фиренца. „Газета дело Спорт“, тврди, дека „виолетовите“ ја прифатиле таа понуда и дека Киеза првично би заминал на позајмица за 12 милиони евра а на крајот на сезоната неговиот договор ќе биде купен за 50 милиони. Голгетерот, пак, треба да заработува во Јуве годишно околу 5 милиони евра.
Фудбалерот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ, може да добие понуда да се пресели во редовите на Баерн Минхен. 29-годишниот Хрват кој постигна седум голови на три натпревари на стартот на новата сезона, може да биде замена за Роберт Левандовски. „Не знам ништо за таа тема. Крамариќ е одличен напаѓач, еден од најдобрите во Германија” – изјави тренерот на Баварците Ханси Флик по вчерашната победа против Борусија (Дортмунд) во германскиот Супер Куп. Крамариќ кој беше купен од Лестер во 2016 година претходно ги бранеше боите на Динамо (Загреб), Локомотива (Загреб) и Риека.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по вчерашната минимална победа против Валјадолид во Ла Лига, вели дека резултатот е пред играта и дека само бодовите се значајни. „Натпреварот беше тежок. Иако играме подобро има и лоши моменти, на пример, што ја губиме топката во нашата половина. Добро е чувството кога ќе победиш” – вели францускиот стратег. „Еден Азар има повреда на мускулот, среќен сум поради Винисиус, што се однесува до Лука Јовиќ, не можам да кажам ништо бидејќи преодниот рок е отворен, ја видовте неговата денешна партија“ –кажа дел од неговите мисли тренерот на Реал Мадрид.
Денеска во Женева од 17 часот ќе бидат формирани групите за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Меѓу 32-те екипи ќе има и четворица дебитанти. Тоа се францускиот Рен, турскиор Башакшехир, Митјиланд од Данска и Краснодар од Русија. Екипите ќе бидат поделени во осум групи по 4-ри со тоа што тимовите од една земја не може да бидат во иста група.
