Фудбалерите на Баерн Минхен доцна синоќа го освоија Суперкупот на Европа откако на неутрален терен во Будимпешта ја совлада Севилја со 2:1. Тренерот на Баварците, Ханс Флик, откако нагласи дека е задоволен од остварениот успех, се насочи кон уште еден момент кој според него треба да се потенцира. „Хернандез го постигна победничкиот гол. Пред мечот имаше информации дека е заминат и дека потпишал договор со Атлетик Билбао. Сепак, фудбалот понекогаш пишува убави приказни“ – рече Флик. „Горд сум на играчите како се бореа за уште една голема победа“ – изјави тренерот на Баерн Минхен кој му се израдува и на…
Author: dino
Фудбалерот, Диего Годин, по само една сезона ќе го напушти составот на Интер и ќе замине во екипата на Калјари, објавија италиајнските медиуми. Искусниот дефанзивец од Уругвај кој беше ангажиран како слободен играч откако му заврши договорот со Атлетико Мадрид, не успеа да се наметне за првиот тим на „нероаѕурите“ и затоа одлучи да си замине. Годин во екипата од Сардинија треба да остане до летото во 2023 година. Неговото деби се очекува во текот на викендот на мечот со Лацио.
Втора година по ред ќе биде одложено Отвореното тениско првенство на Хонг Конг кое традиционално се реализира во месец октомври. Ако во 2019 година организаторите го откажаа собирот поради протестите, сега, причина за откажувањето на женскиот турнир е пандемијата со корона-вирусот. „Со оглед на загриженоста за јавното здравје за време на пандемијата КОВИД-19, решивме да го одложиме тенискиот собир во Хонг Конг“ – потенцираа организаторите. „Наш приоритет е здравјето на играчите, гледачите, гостите, партнерите на турнирот, вработените, волонтерите и целото општество“ – стои меѓу другото во објавата.
Францускиот фудбалски интернационалец во Челзи, Тимуе Бакајоко, нема да замине во Милан туку ќе се активира во екипата на ПСЖ. Според најавите, италијанскиот тим не сака повторно да го ангажира за една сезона како позајмен играч и да плати 5 милиони евра. Иако самиот фудбалер изрази желба да го носи дресот на „росонерите“, сега ќе мора да замине во друг состав. Неговата трнасферна цена е околу 30 милиони евра.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Денвер во текот на ноќта со 114:108 и дојдоа на само еден чекор до големото финале на НБА лигата откако направија предност од 3:1. Во победничкиот тим Ентони Дејвис беше најпрецизен со 34 поени додека Леброн Џејмс даде 26 кошеви а имаше и девет скокови и осум асистенции. Двајт Хауард забележа 12 поена и 11 скока. Џемал Мареј беше најдобар кај поразениот тим со 32 коша додека Никола Јокиќ застана на 16 поени и седум скокови. Денеска ќе биде одигран петиот меч од финалето на Истокот. Мајами има предност од 3:1 во дуелот…
Македонија остана без претставник во меѓународната конкуренција откако екипата на Шкендија вечерва загуби на Арената во Скопје од англискиот Тотенхем со 3 спрема 1 во рамките на претпоследното елиминациско коло во Лигата на Европа. Гостите уште во 4 минута погодија преку Ламела додека тетовци на стартот на вториот дел со прекрасниот гол на Нафиу изедначија на 1:1. Веднаш потоа Тотенхем тргна максимално ангажирано и со погодоците на Сон во 70-та и Кејн во 79 минута спречи сензација. Премиер-лигашот во наредната рунда ќе излеза на мегдан со Макаби Хаифа откако Израелците го елиминираа рускиот Ростов.
Офанзивниот играч за врска на Челзи, Калум Хадсон-Одои, сака да го напушти клубот, објави – „talkSPORT“. Челниците на „сините“ сакаат 19-годишниот Англичанец да го испратат една година на позајмица во друг клуб за да добие поголема минутажа. Баерн Минхен е еден од претендентите за Хадсон-Одои кој во изминатата сезона запиша 22 меча во Премиер лигата со ефект од 1 гол и 5 асистенции.
Искусниот фудбалер Антонио Кандрева по четири сезони минати во тимот на Интер заминува во правец на Сампдорија, објави новинарот, Ди Марцио. 33-годишниот фудбалер ќе донесе 2,5 милиони евра во касата на „нероаѕурите“ а тој самиот ќе биде обврзан со договор на четири сезони. Тоа значи дека Кандрева може да остане во редовите на Сампдорија до неговиот 37-ми роденден. Во исто време Интер е близу до разделба и со Андреа Ранокија, кој има понуда од Џенова. Во меѓувреме, младиот играч за врска на екипата од Милано, Лусиен Агум, се пресели на позајмица во нисколигашот Специја.
Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард изјави дека е импресиониран од играта на новото засилување, Тијаго Силва кој пристигна од ПСЖ. Новото засилување на „сините“ дебитираше вчера во куп-мечот против Барнсли кога неговитот им славеше со 6:0. 36-годишниот дефанзивец кој го започна мечот како стартер, беше повлечен по 15-тина минути игра во вториот дел. „Тоа беа совршени 60 минути за него. Нормално, тој ќе биде во подобра форма и ќе покаже за што се е способен”, изјави самоуверено Лампард.
Фудбалскиот состав на Беласица кој по 6 кола во елитната конкуренција е закован на дното на табелата без бод, денеска остана и без тренер. Струмичкиот состав објави дека по неделниот пораз од Пелистер ја прифатило оставката на Ване Милков. Тој ќе остане во клубот, но, сега ќе биде технички директор. Беласица на утрешниот куп натпревар (1/16) против Росоман ќе ја води асистентот, Александар Василев.
