Author: dino

Македонските фудбалски екипи денеска ги очекуваат новите настапи во Лигата на Европа. Ренова попладне ќе игра против фаворизираниот состав од Хрватска, Хајдук. Мечот на терените на ФФМ ќе започне во 15:30 часот. Шкендија во 2 коло од квалификациите за Лига Европа од 17:45 часот ќе излезе на мегдан со романскиот состав Ботошани. Денот ќе го затвори екипата на Силекс и тоа на Арената во Скопје. Кратовци од 20.00 часот ќе играат против косовската Дрита.

Read More

Ракометарите на Вардар останаа со празни раце на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вчера загубија на теренот на Мешков Брест иако во самиот финиш влегоа со предност од еден гол. „Многу е тешко да се зборува кога вака ќе загубите натпревар. Денеска победи посреќната екипа. Направивме клучни грешки во последните пет минути кои на крајот пресудија за тоа кој ќе се радува“ – вели Алушовски. „Морам да им честитам на моите играчи. Сега треба да се насочиме кон мечот со Елверум“ – нагласи тренерот на Вардарци.

Read More

Наумче Мојсоски, поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија набрзо треба да биде именуван за нов директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој ќе дојде на местото на  Дарко Каевски кој по последните парламентарни избори стана пратеник во Собранието.  Средниот бек кој кариерата ја финишираше во романскиот состав Букурешт во 2016 година, претходно настапуваше и за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга. Мојсовски во дресот на нашата селекција има одиграно 108 мечеви и постигнато 163 голови.

Read More

Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија, донесе одлука да го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“ поради пандемијата на корона-вирусот. -Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 50. издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и…

Read More
NBA

Кошаркарите на Денвер влегоа во историјата на НБА како првиот тим што успеал во две рунди од плеј-офот да анулира негатива од 3-1 и да продолжи во наредната фаза. Тие во текот на ноќта славеа во мајсторката против Лос Анџелес Клиперс 104 спрема 89 и успеаа да влезат во конференциското финале на Западот во кое ќе имаат пресметка со Лос Анџелес Лејкерс. Во победничкиот состав Мареј забележа 40 поени додека Јокиќ направи трипл – дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции. На стартот на конференциското финале на Истокот, тимот на Мајами беше подобар од Бостон со 117:114 по…

Read More

Ракометарите на Вардар денеска ќе се појават на теренот на Мешков Брест на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во комплетен состав ќе се обидат да му парираат на домаќинот кој ќе ја има поддршката од навивачите. Последниот меч на теренот на Белорусите заврши со убедлива победа на Мешков со 31-22. Ќе потсетиме дека за Мешков ќе настапи Сташ Скубе или екс-играчот на Вардар. Средбата ќе започне во 18. 45 часот. Денеска во групата „А“ ќе се одигра и мечот меѓу Фленсбург и Кјелце.

Read More

Аргентинскиот интернационалец во редовите на Интер, Лаутаро Мартинез, побарал 8 милиони евра годишно за да ја продолжи соработката со калчо-лигашот, објави денеска – „Кориере Дело Спорт“. Одличниот голгетер кој имаше понуда од Барселона од 10 милиони евра по сезона, сега се обидува тоа да го искористи како аргумент во преговорите со „нероаѕурите“. Според медиумите,  Интер е подготвен да му понуди нешто повеќе од 5,5 милиони евра.

Read More

Германскиот фудбалер, Сами Кедира, иако се врати во редовите на Јувентус најверојатно ќе мора да си побара нова средина откако тренерот, Андреа Пирло, најави дека не го планира за претстојната сезона. 33-годишниот фудбалер ја одработува последната година од договорот со „старата дама“ која, пак, се надева дека до крајот на преодниот рок ќе успее да го продаде. Кедира пред 5 години го напушти Реал Мадрид и како слободен играч потпиша за шампионот на Италија.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард, застан во одбрана на голманот Кепа Аризабалага кој по мечот со Брајтон доби серија на критики. „Сините“ на отворањето на новата сезона во Премиер-лигата славеа на теренот на Брајтон со 3-1 а шпанскиот голман имаше лоша реакција во 54 минута кога се затресе неговата мрежа. „Задоволен сум од тоа што го покажува Кепа. Не сум сигурен дека  можеше подобро да реагира во таа ситуација. Видов дека има поголема самодоверба, тој ќе мора да се бори за место на теренот“ – вели Лампард.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Тотенхем, Даниел Леви, преговара со Реал Мадрид за да го врати Герет Бејл во Премиер-лигата. Англичаните имаат намера  да го ангажираат репрезентативецот на Велс како позајмен за две сезони, објави агентот задолжен за транфери, Џонатан Барнет. Познато е дека шпанскиот тим подолг период се обидува да се ослободи од услугите на брзоногиот фудбалер, но, проблем претсваува неговата висока плата. Затоа „белите“ најавија дека би прифатиле да покријат  половина од неговите примања доколку Бејл замине во друг тим.  

Read More