Author: dino

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ќе се обиде да донесе нов фудбалер од одбраната до крајот на преодниот рок. Сепак тоа да се случи, „црвените-ѓаволи“ ќе мора прво да се ослободат од некој од стоперите кои се вишок во тимот – Фил Џонс или Маркос Рохо. Медиумите потенцираат дека норвешкиот тренер сака да го купи Упамекано од Ред Бул Лајпциг. Младиот стопер неодамна го продолжи договорот до 2023 година, но, примамлива понуда од Англија ќе биде доволна да ја промени средината.

Read More

Во пресрет на новата кошаркарска сезона во Македонија која треба да стартува на 3 октомври откриени се двајца заболени од Ковид-19 во редовите на Работнички. Аналогно на тоа одложен е пријателскиот меч со Вардар. Се работи за плејмејкерот од Соединетите Американски Држави, Демиер Питс кој неодамна го продолжи договорот со клубот. Деновиве ќе има групно тестирање во таборот на скопјани како и во екипите на Куманово и ТФТ кои одиграа контролни натпревари против Работнички.

Read More

Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед се надева дека ќе го привлече левиот бек на Порто, Алекс Телес. „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го направат трансферот до крајот на неделава. 27-годишниот дефанзивец има клаузула вредна 40 милиони евра. Англискиот тим е подготвен да даде 25 милиони со надеж дека Португалецот ќе се согласи бидејќи има договор за уште една сезона. Според –„Manchester Evening News“, раководството на Јунајтед преговара за  ангажман на централниот дефанзивец пред затворањето на трансфер пазарот на 5 октомври.

Read More

Одлуката дали Македонија ќе биде домаќин на ноемврискиот квалификациски дел за пласман на Европското кошаркарско првенство во 2021 ќе биде донесена во почетокот на ноември, соопшти денеска КФМ. Централниот одбор на ФИБА на 6 ноември ќе одлучи дали Италија и Естонија ќе гостуваат во Скопје или п една од двете селекции ќе биде домаќин на ноемвриските квалификации. По истиот турнирски систем ќе бидат одиграни и квалификациските пресметки во февруари следната година а одлуката за тоа кој ќе биде домаќин ФИБА ќе ја донесе во почетокот на наредната година.

Read More

ЕХФ денескасоопшти дека средбата во Скопје меѓу Вардар и Елеверум во Лигата на шампионите во ракомет е одложена на неодредено време. Со оглед на сложената епидемиолошка слика во нашиот главен град поради корона-вирусот, Македонија е на црвената листа на земји во Норвешка што значи дека играчите на Елверум ќе мораат да имаат задолжителен карантин при враќањето од нашата земја. Затоа, Европската ракометна Федерација процени дека мечот треба да биде одложен. За нов термин ќе се преговара со двата клуба.

Read More

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи денеска на втората трка на патеката – „Валелунга“ во рамките на ТЦР-шампионатот во Италија Тој заслужено успеа да го освои првото место иако ден претходно на првата трка беше на седмата позиција. Иџе по пат на социјалните мрежи порача дека победата е за Македонија. „Ова е победа за вас! Победа за моите луѓе, за мојот тим, за Македонија!“, напиша Иџе.

Read More

Нашата најдобра фудбалска репрезентација која победи против Ерменија и одигра нерешено на теренот на Грузија на стартот на новото издание на Лигата на нации, сосема очекувано прогресираше на ранг-листа на ФИФА. Македонија сега има 1.351 бод и го држи  66-то место. На чело е селекцијата на Белгија пред Франција и Бразил. Нашиот противник во баражот за ЕП, селекцијата на Косово се спушти за едно место на 116-та позиција.

Read More

Дисциплинската комисија на француската Лига 1 ги одреди казните за сите инволвирани во инцидентот на дербито ПСЖ и Олимпик Марсеј. Во финишот дури петмина фудбалери заработија исклучувања. Најголема казна доби левиот бек на ПСЖ, Левен Курзава, кој е суспендиран на дури шест натпревари. Неговите соиграчи, Леандро Паредес и Нејмар се казнети со два меча. Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Жордан Амави ќе паузира три средби додека неговиот клупски колега, Дарио Бенедето, доби суспензија од еден натпревар.

Read More

Англискиот фудбалски состав Арсенал има реална шанса да го ангажира 22-годишниот Хусем Оар од екипата на Лион кој се издвојува со неговите технички квалитети. Тој во претходната сезона во дресот на францускито состав одигра 37 средби во сите конкуренции со ефект од 9 голови и 7 асистенции. Медиумите објавија дека Лион бара за младата ѕвезда 60 милиони евра додека „топчиите“ понудиле 50-ет плус дополнителни бонуси. Според одредени информации, за потписот на Оар може да конкурира и италијанскиот шампион Јувентус.

Read More

Кошаркарската НБА лига ги определи најдобрите петорки за тековната сезона. Првата ја предводи Леброн Џејмс кој освои максимален број на бодови од новинарите и медиумите исто како и ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо. Играчот на Лејкерси успеа да се пробие на врвот во таа конкуренција бидејќи по 16 пат е избран во идеалниот тим на сезоната. Зад него сега се Карим-Абдул Џабар (15), Коби Брајант (15) и Тим Данкан (15). Покрај Џејмс и Јанис во првиот тим се и Ентони Дејвис, Џејмс Харден и Лука Дончиќ. Втората најдобра петорка  ја сочинуваат: Крис Пол, Демиен Лилард, Паскал Сиакам, Никола Јокиќ и…

Read More