Еурофарм Пелистер и Металург денеска ќе ги дознаат противниците за групната фаза во Лигата на Европа или новото натпреварување под капата на европската ракометна федерација –ЕХФ. Вкупно 24 екипи од 11 часот во Виена ќе бидат поделени во шест групи со тоа што тимовите од една земја не можат да бидат во иста група. Битолчани кои директно обезбедија место во групната фаза нема да играат против Чеховски Медведи, Татран и Бешикташ додека Металург кој помина низ квалификациите ќе ги одбегне Требње, Кристијанштад и ЦСКА. Според предвидениот календар, Лигата на Европа ќе започне на 20. Октомври.
Author: dino
Нашите фудбалски интернационалци кои настапуваат во Серија „А“, Горан Пандев и Елиф Елмас имаат негативни тестови за ковид-19 и ќе можат да играат за Македонија на баражот со Косово. Откако повеќе членови на Џенова беа позитивни на корона-вирусот по неделниот меч со Наполи, во двата тима е направено ново тестирање. Пандев има два негативни теста додека во Наполи нема ниту еден позитивен. Утре според протоколот ќе бидат напревени и нови тестови.
Фудбалерот од Австралија, Ајдин Хрустиќ, потпиша за германскиот состав Ајнтрахт Франкфурт. 24-годишниот играч за врска кој доаѓа од Гронинген за 1 милион евра ќе биде дел од елитниот состав во наредните три години. „Хрустиќ е разноврсен играч за врска кој ќе додаде квалитет во нашиот среден ред “ – изјави задоволно спортскиот директор на германскиот клуб, Фреди Бобиќ. Австралиецот може да дебитира во Бундес-лигата за Ајнтрахт Франкфурт веќе на саботниот натпревар против лидерот Хофенхајм.
Организаторите на натпреварот во Оберсдорф планираат да продадат 2.500 билети додека другите тројца домаќини на традиционалната новогодишна турнеја – „четири скокалници“ процениле дека во моментов нема простор да се дозволи присуство на гледачи поради пандемијата со ковид-19. Во денешното соопштение, организаторите на настанот во Гармиш-Партенкирхен кој е предвиден за 1 јануари, велат дека немаат намера да продаваат билети барем до декември. Во исто време, луѓето од Инсбрук и Бишофсхофен исто така најавија дека ќе почекаат. За разлика од нив, организаторите во Оберстдорф за настанот предвиден на 29 декември планираат од наредниот месец да пуштат во продажба 2.500 билети
Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем сакаат да го привлечат централниот дефанзивец на Челзи, Антонио Рудигер, кој ги пропушти првите три меча за „сините“ бидејќи инсистира да си замине до крајот на преодниот рок. Се претпоставува дека тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе му ја исполни желбата и ќе му дозволи да си замине под услов тоа да не биде конкурентски клуб од Премиер лигата. Рудигер сака да оди некаде и редовно да игра за да може да конкурира за репрезентативниот дрес на Германија и да настапи догодина на Европското првенство.
Португалскиот напаѓач, Диого Жота, беше исклучително задоволен од неговиот прв гол за тимот на Ливерпул. Тој вчера погоди во мрежата на Арсенал во мечот од Премиер-лигата иако доби само десет минути на теренот како замена за Садио Мане. „За мене голот значи многу.Секогаш сакате да се прилагодите што е можно побрзо кога ќе дојдете во тим од толку висока класа. Бев одлично прифатен и сакам да им се заблагодарам на соиграчите“ – изјави фудбалерот за веб-страната на клубот. „Можев да одиграм подобро, имав две шанси, но, сепак сум среќен бидејќи го постигнав првиот гол за Ливерпул на мојот прв натпревар…
Ракометната експедиција на Металург денеска замина за Швајцарија на реваншот со Криенс во рамките на последното елиминациско коло во Лигата на Европа. Дуелот во Цирих ќе биде одигран во вторник од 18.45 часот а на нашиот тим има предност на хартија бидејќи во првиот меч славеше со 26 спрема 24. Пред да се отпатува за Швајцарија беа направени задолжителните тестирања за ковид-19 во целиот клуб. Добра вест е што нема заболени што значи дека тренерот Кастратовиќ ќе ги има на располагање сите ракометари. Според планот, Металург утре ќе го има единствениот трениг во арената во Цирих. Победникот од дуелот Криенс-Металург…
Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро, беше најбрз на денешната трката за Големата награда на Каталонија. Второто место со една секунда заостанување го освои Жоан Мир со моторот на Сузуки додека третото место на подимуот го пополни неговиот тимски колега, Алекс Ринс.Трката на Каталуња освен победата на Квартараро ја одбележаа и падот на Валентино Роси како и судирот меѓу Андреа Довициозо и Жоан Зарко. Квартараро со денешната победа се искачи на првото место во рангирањето со 108 бодови пред Мир кој има 100 додека Винјалес е трет со 90 бодови. Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 11.…
Ракометната федерација на Македонија соочена со серијата заболени од корона во Супер-лигата донесе одлука да ја одложи новата сезона во машката Прва лига. Таму возбудувањата требаше да стартуваат во текот на викендот, но, тоа нема да се случи. Новиот датум за почеток на лигата ќе биде дополнително одреден. Досега заболени со ковид-19 имаше во екипите на Работнички, КЛ7, Охрид , Струга и Радовиш кои се дел од Супер-лигата.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед наредната недела ќе ја испратат последната понуда за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Според текстот во Мирор, таа ќе изнесува 75 милиони фунти плус дополнителни 15 милиони во форма на бонуси. Борусија Дортмунд бара 108 милиони фунти и речиси три месеца не се откажува од поставената цена. Според наводите, Санчо има прелиминарен договор со Јунајтед. Англискиот фудбалер ќе добива околу 175.000 фунти неделно.
