Author: dino

Првите луѓе на фудбалскиот состав Интер започнале преговори со Едисон Кавани, ,тврдат италијанските медиуми. Уругваецот кој е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ, во повеќе наврати се поврзуваше со неколку елитни состави како од Европа така и од Јужна Америка. Агентот на Кавани во преговорите со „нероаѕурите“ побарал двегодишен договор и 10 милиони евра по сезона, сума која најверојатно нема да биде прифатена од калчо-лигашот

Read More

Лукас Васкез кој главно ја „грее“ клупата на Реал Мадрид ја одби понудата да ја продолжи кариерата во Катар, објавија денеска весниците – „АС„ и „Марка“. 29-годишниот фудбалер иако доби примамлива финансиски понуда и беше советуван од неговиот агент внимателно да ја разгледа, сепак, одлучи да ја одбие и да остане на „Сантијаго Бернабе“. За Лукас се заинтересирани италијанскиот Интер и англискот Тотенхем. Тој во претходната сезона во дресот на „белите“ одигра само 18 натпревари во Ла Лига, четири во Лигата на шампионите и еден во Купот на Шпанија.

Read More

Поранешниот возач во Формула 1, Герхард Бергер, проценува дека младиот Мик кој му е син на легендарниот, Михаел Шумахер, може да дебитира во Формула 1. „Ми се допаѓа Мик. Тој полека, но, сигурно оди по скалите кон врвот. Мик мора да се бори за секоја титула без разлика на нивото на кое се натпреварува“ – прокоментира Бергер. „Го гледам во Мик тоа што го гледав и кај Михаел, двајцата се многу слични“ – изјави Австриецот.

Read More

Шпанските медиуми тврдат дека најавениот трансфер на Луис Суарез во редовите на Јувентус нема да се случи.   Весникот, „Ел Мундо Депортиво“ не открива детали, но, наведува дека играчот на Барселона требаше да потпише договор со „Старата дама“  за две плус една година и да добива по 10 милиони евра на сезона. Во секој случај Суарез е на излезната врата од  – „Камп Ноу“ откако новиот тренер, Роналдо Куман, лично му посочи дека не го планира за претстојните натпревари.

Read More

Фудбалскиот состав Тотенхем влезе во битка за напаѓачот на Баер Леверкузен, Леон Бејли, објави денеска – Скај Спорт. Според потенцираното, „Спарси“ имаат намера да се засилат со  23-годишниот фудбалер од Јамајка за кого Германците сакаат да добијат околу 45 милиони евра. Според одредени информаии и Евертон исто така го пикирал Бејли. Тој во сезоната 2019/20  одигра 33 натпревари за „фармацевтите“ на кои постигна 7 голови и направи 3 асистенции. Порталот –„Transfermarkt.com“  ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра.

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Астон Вила, Џек Грилиш, потпиша нов 5-годишен договор со клубот. 25-годишниот играч за врска иако се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, сепак, одлучи да остане во екипата од Бирмингем.Грилиш е дел од Астон Вила од 8-годишна возраст а дебитираше за првиот тим во сезоната 2013-2014 година. „Пресреќен сум што  играм за Вила. Ова е мојот клуб, мојот дом и јас сум многу среќен. Сопствениците ми покажаа колку се амбициозни и како сакаат да ја развиваат Астон Вила. Нè чекаат возбудливи времиња и среќен сум што сум дел од проектот“ – рече репрезентативецот на Англија.

Read More

Ракометарите на Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја отворат в среда на теренот на Мешков Брест од 18.45 часот. Пред заминувањето за Белорусија, тренерот на нашиот состав, Стевче Алушовски, вели дека ќе треба да се одигра добро во нападот за да се оствари целта. „Натпреварот со Мешков е прв во низата во Лигата на шампионите. Имавме големи проблеми на натпреварите, пред се во играта во напад но, задоволен сум од тоа како сме подготовени. Мешков ни е стар познаник, со доаѓањето на Скубе, тие добија на квалитет и ја имаат благата фаворитска улога“ – вели Алушовски. Ќе потсетиме…

Read More

Александар Таневски го напушти кормилото на фудбалскиот состав Академија Пандев откако струмичани по 5 одиграни кола во елитниот шампионат имаат само 1 победа и дури 4 порази. „Како човек и како тренер имам морал и достоинство. По последниот меч ги известив официјалните лица за мојата одлука. Јас повеќе не сум тренер на А.Пандев“ – напиша Таневски на социјалните мрежи. „Пред почетокот на сезоната драстично го променивме играчкиот кадар. Можам да кажам дека Академија Пандев е убедливо најмладиот тим и со сигурност тврдам дека има голем потенцијал. Искрено се надевам дека со доаѓањето на новиот тренер екипата ќе излезе од кризата“…

Read More

Хари Мегваер кој беше инволвиран во голем инциден во Грција додека беше на одмор и беше приведен од полицијата, ќе остане капитен на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед. Иако целата јавност во Англија го осуди недоличното однесување на играчот на „црвените ѓаволи“, тренерот, Оле Гунар Солскјер, вели дека нема да му ја одземе капитенската лента. „Откако се врати од одмор изгледаше одлично. Ние му даваме поддрешка“ – потенцираше норвешкиот стратег.

Read More

Тенисерот, Доминик Тим, успеа да победи на отвореното првенство на САД откако направи голем преврт на мечот со Русинот, Александер Зверев. Австриецот иако губеше со 2-1 во сетови, успеа да пронајде сили и да се израдува на победничкиот чекор. Тој е само вториот играч од неговата земја кој успеал да триумфира на еден од четирите Грен Слем турнири. „Oстварив животна цел која ја имав со години. Од дете имав сон, практично откако почнав со тенисот.  Многу ја посакував титулата откако претходно загубив неколку финалиња“ – изјави Тим.

Read More