Полскиот фудбалски репрезентативец, Аркадиуш Милик, може да го напушти составот на Наполи и да потпише за екипата на Рома наведуваат одредени информации кои доѓаат од Италија. Наводно, „римската волчица“ ќе плати за трансферот околу 25 милиони евра додека самиот фудбалер ќе добие договор за пет сезони со годишна плата од 4,5 милиони. Напаѓачот на Наполи во претходната сезона одигра 35 натпревари со ефект од 14 голови.
Author: dino
Српскиот кошаркарски центар во редовите на Денвер, Никола Јокиќ, кој имаше 34 поени и 14 скокови на мечот со Клиперси, вели дека неговиот тим само се забавувал на теренот и не чувствувал притисок иако противникот имаше предност од дури 19 кошеви. „Мене ми е баш забавно. Не се плашиме од никого, играме кошарка. Притисокот е сега врз нив“ – истакна Јокиќ. Денвер иако губеше со 3-1 успеа да се избори за мајсторка. Тоа се случи и во претходната рунда против Јута џез. Статистика вели дека Денвер доколку успее да ги елиминира Клиперси, ќе биде првиот тим во историјата на НБА…
Фармацевтската компанија – „Инеос“ која е во сопственост на најбогатиот човек во Велика Британија, сер Џим Ретклиф, откупила 70 проценти од акциите на германскиот тим во Формула 1, Мерцедес. Според непотврдени информации договорот е вреден 700 милиони фунти. Наводно, директорот на екипата, Тото Волф ќе ги продаде неговите 30 проценти и ќе добие нова советничка улога. Компанијата „Инеос“ во тековнава сезона го спонзорира Мерцедес со 100 милиони фунти.
Новиот тренер на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, побарал од челниците на тимот да го купат играчот на Ливерпул, Мохамед Салах, објавија дел од медиумите. Каталонскиот весник -,„Мундо депортиво“, пишува дека холандскиот стратег е подготвен дури да направи и евентуална трампа на фудбалери само да го добие мароканскиот репрезентативец. Последен рок за трансфери е 5. октомври.
Британецот, Луис Хамилтон, стигна до 90-та победа во кариерата во Формула 1 со што се доближи на само една до рекордот на Михаел Шумахер. Возачот на Мерцедес победи на патеката во Муџело пред клупскиот колега Валтери Ботас и членот на Рејсинг Ред Бул, Александер Албон. Бодови денеска уште освоија и Даниел Рикардо во Рено, Серхио Перез (Рејсинг поинт), Лендо Норис (Мекларен), Данил Квјат (Алфа Таури), Кими Раиконен (Алфа Ромео) и членовите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел. Трката за Големата награда на Италија која се возеше на патеката Муџело беше прекината два пати во првите шест круга поради големи…
Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, оствари најдобро време на денешните квалификации на патеката во Муџело. За него тоа е 95-та пол-позиција во кариерата. На трката за ГН на Тоскана веднаш до Хамилтон ќе биде неговиот клупски колега Валтери Ботас додека Макс Ферстапен ќе стартува од третата позиција. Натаму ќе бидат наредени: Албон, Леклер, Перез, Строл, Рикардо, Саинц и Окон.
Мексиканскиот фудбалски репрезентативец, Ирвинг Лозано, најверојатно ќе добие понуда од италијанскиот стратег, Карло Анчелоти, да се пресели во редовите на англискиот елитен состав Евертон. Бидејќи играчот на Наполи има премала минутажа на стадионот – „Сан Паоло“, сосема се реални шансите да се определи да ја промени средината. 25-годишниот фудбалер има одиграно 26 средби за калчо-лигашот со ефект од четири голови. Тој две сезони беше член и на холандскиот ПСВ Ајндховен. Тогаш успеа да реализира 60 настапи и да постигне 34 голови.
Грција се откажа од организација на женскиот ракометен квалификациски турнир за настап на Мундијалот во 2021 година по што Македонија ќе ја искористи шансата и ќе биде домаќин во ноември. Тогаш Македонија, Грција, Литванија и Исланд, ќе се борат за првите две места кои обезбедуваат учество во баражот догодина во април. Мундијалот ќе се реалзира во Шпанија од 1 до 19 декември во 2021 година.
Филип Гачевски иако се очекуваше да ја продолжи кариерата во клуб од Турција, сепак одлучи да ја прифати понудата од Енозис од Кипар. Поранешниот голман на Вардар денеска се очекува да се појави на тренингот на Кипраните. Неговиот нов клуб го потврди ангажманот на нашиот фудбалер и по пат на социјалните мрежи. Голманот кој пет години го носеше „црвено-црниот“ дрес, сега ќе му се приклучи на поранешниот вардарец, Хуан Фелипе и на Џонатан Балотели. Гачевски претходно настапуваше и за Брегалница , Мура и Капфенберг (Луштенау).
Фудбалската федерација на Македонија преку соопштение изразува благодарност кон сите што беа вклучени во организација на натпреварите на македонската А репрезентација и македонската селекција до 21 година. „Поставивме високи стандарди кои се однесуваат на епидемиолошките мерки и упатуваме благодарност, пред сѐ, затоа што сите ги почитуваа мерките и препораките од здравствениот протокол.Навистина сме горди на нашите две репрезентации, на фудбалерите, стручниот штаб и сите кои се вклучени во работата на репрезентациите. Покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација. Честитки за остварените резултати и се радуваме на следните предизвици. Фудбалската федерација на Македонија, исто така, во рамки на…
