Author: dino

Македонската фудбалска експедиција е во Грузија. Таму утре против домаќинот ќе го одиграме вториот меч во новото издание на Лигата на Нации. Селекторот, Игор Ангеловски, вели дека го респектира противникот. „Грузија е во добра форма. Имаа добри резултати исто како и ние во Лигата на нации и квалификациите. Ги респектирам затоа што подолг периот имаат добра атмосфера, резултати. Во фудбалот најзначајно е да се победува а тоа ние го направивме со Ерменија. Формата не е на посакуваното ниво.Утре нека победи подобриот“ – изјави Англовски. „За разлика од Скопје, тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да…

Read More

Селекторот на нашите фудбалери, Игор Ангеловски, задоволен од стартната  победата со 2-1 против Ерменија во Лигата на нации, вели дека  временските услови влијаеле за  осцилациите во нашата игра „Знаете колку беше топло. Претходно кажав дека е проблем кога фудбалерите не се во форма. За среќа, тоа резултатски не влијаеше. Криво ми е што некој донел  одлука да играме во 15 часот и да имаме само три измени“ –  рече Ангеловски. „Пандев не играше бидејќи имаше само четири тренинзи, но, во Грузија ќе биде стартер. Од Шишковски сум задоволен, доби предност пред Илиев бидејќи е во натпреварувачка форма“ – потенцираше Ангеловски.

Read More

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, обезбедија најдобри времиња на денешните квалификациите за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Италија на легендарната  патека – „Монца“. Британецот  имаше резултат 1:18.887 минути со што успеа да постави рекорд. За Хамилтон, тоа е 94-та пол позиција во кариерата. Неговиот клупски колега Ботас, заврши втор додека Карлос Саинц имаше трето најдобро време. Натаму следуваат: Серхио Перез, Макс Верстапен, Ландо Норис, Даниел Рикардо, Ленс Строл, Алекс Албон и Пјер Гасли.

Read More

Нашите најдобри фудбалери славеа денеска против Ерменија со 2 спрема 1 на Арената во Скопје со што ги освоија првите бодови на стартот на второто издание на Лигата на нации. Сите три гола беа постигнати од 11 метри. За нас погодија Алиоски во 4 и Несторовски во 38 минута додека голот за гостите беше дело на Барсегјан во судиското продолжение на крајот на мечот. Избраниците на Ангеловски во второто коло на 8 септември ќе се појават на теренот на Грузија додека Ерменците ќе бидат домаќини на Естонија.

Read More

Мо Фарах од Велика Британија кај мажите и Сифан Хасан која потекнува од Етиопија а има државјанство на Холандија во женска конкуренција, поставија нови светски рекорди на едночасовната трка реализирана на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Брисел. Четирикратниот олимписки шампион, Фарах,  го собори светскиот рекорд  кој го имаше  Хале Габресиласие од 2007 година додека Хасан го подобри резултатот  на Дире Тун поставен во 2008 година. Натпреварувачите во трката која е надвор од олимписката програма имаат за цел да се претрчаат колку што е можно повеќе километри за точно еден час.

Read More

Во Скопје утре ќе се одржи Авицена женска трка 2020, поради што ќе има измени во сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон салата „Борис Трајковски“ и Градски парк. Од СВР Скопје информираат дека одделението за безбедност на патниот сообраќај утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 8:30 до 10:30 часот, бидејќи во наведениот период во организација на Сојуз на спортови на Скопје ќе се одржи Авицена женска трка 2020 во Скопје, со почеток од Спортскиот центар А1, од пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“, по што учесниците ќе продолжат кон…

Read More

Главниот дефанзивец на фудбалскиот состав Наполи, Калиду Кулибали, преку неговиот агент задолжен за трансфери ќе се обиде да издејствува  ангажман во редовите на Манчестер Сити, објавија дел од медиумите. Бидејќи италијанскиот тим и „граѓаните“ имаат нерасчистени сметки од минатото за трансферот на Жоржињо, сега се претпоставува дека евентуалниот најавен трансфер ќе се случи со помош на посредници. Наполи бара повеќе од 70 милиони евра за да му дозволи на црномурестиот играч да замине во Англија.

Read More

Ракометарите на Металург денеска од 19.30 часот против хрватскиот состав  Спачва ќе го одиграат реваншот од првото квалификациско коло за пласман во новоформираната Лига на Европа. Првата средба во Скопје заврши со триумф на нашиот тим со 35-28 или големи седум голови предност кои ветуваат продолжение на патот кон групната фаза. Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ,  за денешниот меч во Винковци ќе ги има на располагање сите ракометари кои одиграа одлично на првата средба во „Автокоманда“.

Read More

Нашите најдобри фудбалери денеска со мечот против Ерменија од 15.00 часот на Арената во Скопје ќе го отворат второто издание на Лигата на нации. Воедно, денешната пресметка со Ерменците, ќе биде и прва за македонската репрезентација гледано од октомври во 2019 кога славевме против Израел. Фудбалската Федерација на Македонија  в пресрет на стартот на новите возбудувања ги одредила и премиите за репрезентативците. Доколку го освојат првото место ќе поделат 300.000 евра додека само победа против Ерменија ќе им донесе вкупна премија од 30.000 евра. Во  нашата група покрај Ерменија настапуваат Грузија и Естонија.

Read More

Нашите најдобри фудбалери утре од 15.00 на Арената во Скопје ќе излезат на мегдна со Ерменија на стартот на нвоото издане на Лигата на Нации. Селекторот, Игор Ангеловски, вели дека подготвките се одвиваат под специфични околности со оглед напандемијата и дека неговите избраници се подготвени дас одговорат на обврските. „Утре ќе истрчаат на терен тие што се најподготвени и кои ќе ни ја донесат посакуваната победа.  Ерменија дојде со комплетно нов состав и со нов селектор. За нас остануваат амбициите за прво место во групата, без разлика на тоа што во октомври не очекува важен натпревар со Косово од полуфиналето…

Read More