Author: dino

Оливие Жиру не е загрижен за неговата иднина во Челзи иако  „сините“ во текот на летово го ангажираат во нападот, Тимо Вернер. Францускиот репрезентативец вели дека ќе се бори за неговото место на теренот и дека очекува добра сезона. „ Во секој голем клуб секогаш има жестока конкуренција. Тоа дополнително ме мотивира. Тимо Вернер дојде да игра, но, ние не сме ист профил на играчи, затоа не сум премногу загрижен“ – потенцираше Жиру. „Сите знаат дека за малку ќе си заминев од Челзи. Сега има голема самодоверба и верувам дека во новата сезона ќе имам далеку подобри настапи“ – вели…

Read More

Денеска во арената во Задар ќе започне завршниот турнир на ракометната СЕХА лига под посебни поради пандемијата со Ковид-19. Бранителот на пехарот, Вардар 1961, вечер од 20:30 часот во рамките на второто полу-финале ќе излезе на мегдан против хрватскиот состав Загреб. Претходно од 18.00 часот ќе играат унгарскиот Веспрем и белорусиот состав Мешков Брест.  Според обложувалниците, „црвено-црните“ и загрепчани имаат еднакви шанси да се пласираат во финалето. Коефициентот за победа на нашиот состав и за ППД Загреб  е идентичен – 2,10. За мечот меѓу Веспрем и Мешков Брест коефициентите се многу поразлични. За триумф на Унгарците е одреден 1.18 до…

Read More

Фудбалерите, Диего Коста и Сантијаго Аријас од Атлетико Мадрид се заразени со Ковид-19 и се сместени во домашна изолација без видливи симптоми. Тимот предводен од тренерот Диего Симеоне на стартот од сезоната ќе се сретне со Севилја. Терминот за тој меч допрва ќе биде одреден бидејќи двата состава добија дополнително денови за одмор поради учеството во европските купови во текот на летово. Шпанското првенство според програмата ќе започне на 12 септември.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, откри дека во 2019 година добил понуда да замине во Кина, но, челниците на „кралевите“ не му дозволиле да направи трансфер. Тој сега се надева дека конечно ќе може да ја напушти Шпанија и да се врати во Премиер-лигата бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Репрезентативецот на Велс кој не влегува во плановите на тренерот, Зинедин Зидан, практично е во тивка војна со челниците од „Сантијаго Бернабе“. „Сакам да играм таму каде што ќе бидам ценет, Англија е секогаш опција“ –  потенцирал брзоногиот фудбалер.

Read More

Левиот бек на фудбалскиот состав Ливерпул, Енди Робертсон, не сака Лео Меси да направи трансфер во клуб од Премиер лигата. Аргентинецот кој побара да си замине до „Камп Ноу“ има реална шанса да заигра за Манчестер Сити. „Од потполно себично гледиште, се надевам дека тој ќе остане во Барса. Воопшто не го сакам во близина на Премиер лигата и се надевам дека така ќе остане“ – вели шкотскиот интернационалец. „Играв двапати против него и тоа се најтешките мечеви што сум ги имал. Треба постојано да внимаваш, тој може да се појави од никаде“ – вели играчот на Ливерпул.

Read More

Ракометарите на Металург, стручниот штаб и раководството на клубот, пред реванш средбата со Спачва ги направија потребните тестови за Ковид-19 по што заминаа за Хрватска. Бидејќи сите тестови се негативни, Металурзите доцна синоќа се упатија кон Винковци на реванш мечот во рамките на првото квалификациско коло на Лига Европа. Средбата ќе се одигра в сабота со почеток во 19.30 часот. Судии ќе бидат Дору Манеа и Раду Илиеску од Романија, додека делегат ќе биде Хрватот, Владимир Сокол. Металург на првата средба во Скопје победи со 35:28.

Read More

Кошаркарската БИБЛ лига им предлага на клубовите првите четири кола да се одиграат во земјите од каде доаѓаат. Со тоа треба да се избегне можноста од патувања во други земји барем во воведната фаза кога се на сила регулативите поврзани со заштита од Ковид-19. Другите десет рунди од натпреварувањето би се играле во периодот од декември до март. Плеј-оф натпреварите и  Ф4 турнирот ќе се одиграат во април догодина. Нашава земја ќе ја претставуваат Куманово и ТФТ.

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година не успеа да извлече барем бод против фаворизираната Шпанија во квалификациите за ЕП 2021. „Фуријата“ ги однесе трите бода од Скопје откако во 83 минута Хуго погоди од 11 метри додека нашиот Митревски во 88 минута не успеа да возврати и да реализира пенал. На табелата Шпанија води со 16 бодови пред Израел со осум. Казахстан, Македонија и Црна Гора имаат по седум бодови додека Фарските Oстрови се последни со 3 бода. Нашите млади фудбалери наредниот меч ќе го одиграат  на 8 септември на теренот на „фенерџијата“ во групата.

Read More

Англиската Премиер лига го раскина договорот за телевизиски права со кинескиот провајдер за видео стриминг преку Интернет, ППТВ. Британскиот весник – „Дејли меил“, објави  дека ППТВ не платила 160 милиони фунти за права што требаше да се исплатат во март. Тогаш Премиер лигата беше прекината поради пандемијата на корона-вирусот. Договорот меѓу Премиерлигата и ППТВ беше потпишан пред четири години. Потоа беше објавено дека кинеската компанија ќе плати околу 523 милиони фунти за да ги добие правата за пренос од англискиот шампионат за три години. Договорот стапи на сила на почетокот на сезоната 2019/2020. Тоа е голем удар за клубовите кои…

Read More

Францускиот фудбалски состав Пари Сен Жермен сака да го купи играчот на Арсенал, Хектор Белерин. Првата понуда испратена до англичаните е во висина од околу 30 милиони евра иако „топчиите“  бараат најмалку 40 милиони за потписот на дефанзивецот. Наводно, тренерот, Артета, дал дозвола 25-годишниот Шпанец да си замине бидејќи не влегува во неговите планови за наредната сезона. Белерин кој има договор со Арсенал до јуни во 2023 година се наоѓа на радарот на Баерн Минхен и Јувентус.

Read More