Author: dino

Весникот  – „Билд“, објави дека Давид Алаба може многу лесно да ги напушти редовите на баварскиот фудбалски гигант до крајот на преодниот рок. Последниот состанок меѓу управата на Баерн и репрезентативецот на Австрија беше реализиран во Лисабон  откако заврши Лигата на шампионите. Од тој момент нема ништо конкретно што наведува дека Австриецот ќе остане во клубот. Алаба одреди цена од 20 милиони евра по сезона додека Баерн му нуди плата од 11 милиони евра, плус дополнителни шест милиони преку бонуси. Договорот на Алаба истекува на крајот на сезоната.

Read More

Откако Еден Азар не одигра ниту една минута на двата меча за селекцијата на Белгија во фудбалската Лига на Нации, реагираа луѓето од неговиот клуб , Реал Мадрид. „Белите“ не се задоволни што Азар беше повикан од страна на селекторот, Мартинез,  иако се знаеше дека нема да настапи поради повреда. Според нив, подобро ќе беше Белгиецот да останеше на „Сантијаго Бернабе“ за да се подготвува за стартот на новата сезона во Примера Дивизион. Во исто време и голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа, беше активен во селекцијата на Белгија и одигра само еден меч.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, формира конкурентен состав за Премиер-лигата со кој ќе се обиде да дојде до место што води во Лигата на шампионите за наредната сезона. Англичаните пред неколку дена ги купија Хамес Родригес и Алан а сега го ангажираа и Абдулаје Дакур кој доаѓа од екипата на Ватфорд. Бидејќи неговиот тим испадна од Премиер – лигата, тој веднаш ја прифати понудата на „карамелите“  и за нешто повеќе од 22 милиони фунти пристигна на – „Гудисон парк“.

Read More

Премиер-лигашот, Лидс Јунајтед, е заинтересиран за потписот на германскиот фудбалер, Џулијан Дрекслер, кој ја нема посакуваната минутажа во францускиот ПСЖ и може да си замине од „Паркот на принцовите“. Корпулентниот фудбалер кој може да одлично да дејствува како на средината на теренот така и во нападот, беше купен од страна на ПСЖ во 2016 година од германскиот Волфсбург за 36 милиони евра. Медиумите во Англија објавија дека новиот член на елитната фудбалска конкуренција на Островот планира да понуди 20 милиони за ангажман на Дрекслер.

Read More

Бидејќи фудбалерот, Даглас Коста, преговара со неколку клубови и најверојатно ќе го напушти составот на Јувентус, менаџерот, Хорхе Мендеш и го понудил на „старата дама“ како алтернатива Адам Траоре од екипата на Вулверхемптон. Според наведеното од страна на – „Калчомеркато“, трансферната сума за 24-годишниот напаѓач изнесува  цели 70 милиони евра. Црномурестиот фудбалер во претходната сезона во дрсот на „волците“ постигна шест голови и направи 12 асистенции во сите конкуренции.

Read More

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој ја реализира последната сезона во екипата на Ферари искрено проговори за случувањата во италиајснкиот тим кој има разочарувачки трки во Формула 1. „Заслужуваме да бидеме во сегашнава ситуација. Ништо не е случајно. Не сакам да бидам тука“ – беше искрен Германецот во неговото интервју за медиумите. „Мора да се помирите со реалноста. Ќе се обидам да останам со високо подигната глава иако е максимално тешко“ – изјави Фетел кој уште по првите трки испадна од конкуренција за победничкиот пехар.

Read More

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд е прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата откако го сруши рекордот за асистенции гледано од страна на дефанзивец во сезоната 2019-20. 21-годишниот играч успеа да ја добие битката со играчите на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд и Мејсон Гринвуд како и со членовите на Челзи, Тами Абрахам и Мејсон Маунт. Александар-Арнолд во претходната сезона имаше 38 настапи со ефект од четири голови и 13 асистенции.

Read More

Тенисерот од Русија, Евегениј Кафелников, имаше изненадувачка изјава за Новак Ѓоковиќ и ситуацијата поради која беше исфрлен од терените во Њујорк иако многумина проценија дека судијката претерала со нејзината реакција. „Новак воопшто не размисли за последиците. Полусилен удар може да нокаутира  човек, посебно жена. Не знам што се случувало на мечот, но, снимките кои ги видов покажуваат дека тој намерно го удира топчето кон судиите“ – вели некогашниот прв тенисер на светов. „Исклучувањето беше правилна одлука. Можеби сакаше со топчето да удри во ѕидот за да се види дека е исфрустриран“ -изјави Кафелников.

Read More
NBA

Мајами е првата екипа која успеа да обезбеди пласман во финалето по конференции во кошаркарската НБА лига. „Жешките“ во полуфиналето со 4-1 го елиминираа составот на Милвоки кој во регуларниот дел од сезоната заврши на првата позиција на Истокот.Мајами до четвртиот триумф стигна благодарение на победата со 103-94. Во текот на ноќта ЛА Лејкерс поведе со 2-1 во серијата со Хјустон откако „езерџиите“  победија со 112-102 во третиот меч од плеј-офот. Кај Лејкерси, Леброн Џејмс имаше 36 кошеви додека во поразениот состав се издвои Џејмс Харден кој реалзираше 33 поени.

Read More

Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед сака да привлече уште тројца нови играчи. Клубот не се откажа од Џејдон Санчо, кој останува приоритет. Според „Manchester Evening News“, тренерот, Солскјаер бара играчи за позициите: лев бек, централен дефанзивец и централен напаѓач. Една од трансфер целите на „црвените ѓаволи“ е Дејвид Брукс од Бурнмут. Неговиот отпаднаа од Чемпионшип и сега е подготвен да ја намали цената. Далгас Коста од Јувентус е исто така опција. Може да се изнајми за една сезона. Јунајтед планира да испрати понуда и до Витали Миколенко од Динамо (Киев) кој дебитираше за селекцијата на Украина.

Read More