Author: dino

Легендата на фудбалскиот состав Рома, Франческо Тоти, верува дека порано или подоцна ќе се врати омилениот клуб. Тој целата кариера ја помина кај „волчицата“ а откако ги закачи копачките на клин, краток период помина и во раководната гарнитура. Сега по промената на сопственикот на клубот, Тоти се надева дека повторно ќе започне да работи во римскиот состав. „Кога ќе се вратам во Рома? Нема конкретен одговор затоа што има премногу нијанси, но, порано или подоцна верувам дека тоа ќе се случи“ – потенцирал така наречениот принц на Рим.

Read More

Првиот голман на репрезентацијата Столе Димитриевски отпадна од конкуренција за настап за натпреварите во Лигата на Нации против Ерменија и Грузија бидејќи е позитивен на Ковид-19. Затоа селекторот Ангеловски како замена го повика членот на киапрскиот состав Етникос Ахна, Мартин Богатинов. Според распоредот, нашите најдoбри фудбалери на 5-ти сетпември во Скопје од 15.00 часот ќе играат против Ерменија додека три дена подоцна ќе се појават на теренот на Грузија. Сите мечeви во Лигата на нации ќе се одиграат без публика.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Милан планираат да направат тим кој ќе биде конкурентен за титулата во Серија „А“. Последен кој влегува на нивниот список за засилувања е напаѓачот на Фиорентина, Федерико Киеза. Голгетерот на „виолетовите“ одби да го продолжи договорот бидејќи во меѓу време нашол заеднички јазик со „росонерите“. Неговата трансферна цена е околу 40 милиони евра. Според медиумите, Милан испратил прва понуда од 20 милиони евра плус дополнителни 10 милиони како бонуси. Фиорентина практично е принудена да го продаде Киеза бидејќи неговиот договор ќе истече во летото во 2021 година по што ќе биде слободен играч.

Read More

Фудбалерот, Лионел Меси, иако не се појави на задолжителното тестирање за Ковид-19 и не беше присутен на тренинзите на Барселона, нема да биде казнет од страна на челниците на каталонскиот гигант. Аргентинецот кој јавно побара да си замине од „Камп Ноу“ останува доследен на барањето и втор ден ги бојкотира активностите. Според клупските правила, доколку фудбалерот три пати неоправдано не се појави на тренинг ќе биде казнет со 25% од платата. Шпанските медиуми тврдат дека Баселона нема да повлече таков потег.

Read More

Ракометната федерација на последниот состанок на Управниот одбор донесе неколку одлуки кои се однесуваат на  претстојната сезона. Клубовите во Супер-лигата нема да плаќаат котизација додека задоложителното неделно тестирање за ковид-19  ќе биде на товар на федерацијата.Тестирањата за ковид-19 ќе се вршат во ЈЗУ „8 Септември“. Формирана е  комисијата за надзор во која членуваат:  Славе Николов (координатор), Камер Металари, Левче Китевски и Гино Стрезовски.

Read More

Ренова, Шкендија и Силекс ќе играат против екипи од регионот во новата квалификациска рунда во фудбалската Лига на Европа. „Гипсарите“ како домаќини ќе излезат на мегдан со хрватскиот Хајдук додека Шкендија ќе гостува кај Ботошани. За романскиот состав настапуваат нашите интернационалци Стефан Ашковски и Давид Бабунски. Екипата на Силекс која испадна од квалификациите за ЛШ сега ќе игра во втората елиминациска фаза во ЛЕ. Кратовци во улога на домаќини за противник ќе ја имаат екипата на Дрита од Косово. Сите средби ќе бидат одиграни на 17 септември.

Read More

Кошаркарската федерација ја информира јавноста, дека од денеска, 31.август, 2020 година, се наоѓа во нови простории и на нова адреса, улица „Дебарца“ број 28, во Скопје. Иако има промена на адресата, понатамошната комуникација со „Куќата на кошарката“, ќе се одвива непроменето.  Односно, за комуникација по електронска пошта: contact@basketball.org.mk / office@basketball.org.mk. За телефонска комуникација на располагање е истиот телефонски број, тел/факс +389 2 246 49 88 а за комуникација по пошта може да се користи и Поштенскиот Фах 318.“

Read More

Денеска во Нион беа формирани паровите за новотo квалификациско коло од Лигата на фудбалските шампиони. Динамо Загреб на нашиот Аријан Адеми ќе му гостува на Ференцварош. Унгарците во претходното коло  на гостински терен направија сензација и го елиминираа шкотскиот гигант Селтик. Еве ги комплетните двојки за последниот филтер елиминации во елитата на Eвропа. Митјиланд-Јанг Бојс Макаби Тел Авив-Динамо Брест Омонија-Црвена Ѕвезда Ференцварош-Динамо Загреб Карабах-Молде ПАОК-Бенфика Динамо Киев-АЗ Алкмаар Гент-Рапид Виена Натпреварите ќе бидат одиграни на 15 и 16 септември 2020 година и тоа без присуство на публика поради пандемијата со ковид-19. Се ќе се решава само во еден дуел.

Read More

Првата ѕвезда на Лацио, Чиро Имобиле, ја продолжи соработката со римскиот клуб до 2025 година, објавија медиумите во Италија. Напаѓачот на „лацијалите“ постигна 36 погодоци само во претходната сезона во Серија А. Тој од 2016-та откако беше купен од шпанската Севилја, одигра 178 средби за „римските орли“ и  постигна 125 голови. Имобиле сега ќе има годишна плата од 4 милиони евра. Со денешнава информација паднаа во вода надежите на Евертон дека ќе успее да дојде до потписот на Имобиле кој очигледно сака да остане на „Чизмата“.

Read More

Челзи бара нов голман, но тоа не значи дека Кепа Аризабалага ќе си замине од тимот. Тоа го потенцирал легендарниот голман на „сините“, Петар Чех, кој сега работи како технички советник во клубот. Извесен период се шпекулира дека лондончани бараат нов чувар на мрежата откако Шпанецот не го оправда неговиот рекорден трансфер. „Новите играчи ќе бидат регрутирани во тимот – дури и за позицијата голман“призна Чех. „Сега разговараме за тоа и никој не се откажа од Кепа“ – вели Чех.

Read More