Вардар 1961 денеска од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“ против Нексе ќе се обиде по 9 пат да обезбеди место на фајнл-фор завршницата во ракометната СЕХА-лига. Првата четвртфинална пресметка на теренот Хрватите заврши со победа на „црвено-црните“ со 31:30. Денешната средба ќе биде одиграна пред празни трибини и под посебни протоколи за заштита од Ковид-19. Погледнато во квалитетите на двата тима, Вардар 1961 со една нога е на завршниот турнир во Задар. Вардарци се единствените со пет освоени титули во регионалната конкуренција.
Author: dino
Македонската репрезентација до 21 година на почетокот од следниот месец ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 3. септември ја пречекува Шпанија (18:45 часот, Национална арена „Тодор Проески), додека на 8. септември гостуваме на Фарски Острови.Селекторот на македонската репрезентација повика 24 играчи на списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на двата натпревари. Шестмина се дебитанти, отпаднаа Јани Атанасов и Емил Абаз (сеуште без клубови) и Хајдари поради повреда. ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марио АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Истра, Хрватска), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Динамо…
Најмалку четворица играчи на Челзи се заболени од коронавирусот, пренесува Дејли Меил, повикувајќи се на извори од клубот. Информацијата вели дека голем број на играчи дале позитивни тестови на крајот на минатата недела. Дејли Меил тврди дека ги знае имињата на најмалку четворица играчи, но, не ги открива. Тие се изолирани во нивните домови и нема информации дека нивната состојба е сериозна . Во наредниот период уште неколку играчи на „сините“ треба да се вратат во Лондон. Не се исклучува можноста дел од нив исто така да бидат позитивни на ковид -19. Новата сезона во Премиерлигата започнува на 12 септември.
Кеј Нишикори (Јапонија), финалист на УС Опен во 2014 година, ќе го пропушти годинашново издание кое започнува на 31 август на терените во Њујорк. Нишикори кој во последниве 15-на дена двапати се тестирал за КОВИД-19, рече дека е негативен на тестовите, но не се чувствува подготвен да игра. „Почнав да тренирам, но по толку долга пауза мислам дека не е паметно да учествувам додека не бидам целосно подготвен. Разочарувачки е затоа што го сакам УС Опен, каде што имам толку добри спомени“ – искоментира Јапонецот кој го има31-то место на АТП листата.
Во знак на поддршка во борбата против полициската бруталност во Соединетите американски држави се вклучија и организаторите на Мастерсот во Синсинати. – Тенисот се спротивставува на расната нееднаквост и социјалната неправда. Темата е повторно актуелна во јавноста, затоа АТП, ВТА и Тениската федерација на САД одлучија да ги одложат за утре сите мечеви од денешната програма на Мастерсот во Синсинати“ – се вели во соопштението. Последниот инцидент кога полицајци пукаа во невооружениот Џејкоб Блејк во присутво на неговите три деца, донесе лавина реакции во САД. Во текот на ноќта кошаркарите од НБА ги бојкотираа мечевите а истото се случи и…
Турската фудбалска федерација соопшти дека од ноември ќе дозволи враќање на фановите на стадионите со тоа што ќе може да се искористи максимум 30 проценти од капацитетот на објектот. Токму таква одлука донесе и УЕФА за Супер-купот на Европа меѓу Баерн Минхен и Севилја. Носењето на заштитни маски и држење на социјална дистанце ќе биде задолжително за навивачите.
Екипите во кошаркарската НБА лига се определија да ги бојкотираат натпреварите по последните насилни протести во САД поради инцидентот во Висконсин кога од страна на полицијата беше застрелан црномурестиот, Џејкоб Блек. Прво беше одложен мечот Милвоки-Орландо откако играчите на Милвоки останаа во соблекувалната. Подоцна со нив се солидаризираа и кошаркарите на Орландо, Хјустон, Оклахома, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд, кои требаше да играат во текот на ноќта. Ситуацијата може дополнително да ја искомпликува и најава дека шампионот Торонто размислува да го прекине настапот во завршницата на сезоната.
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез се обиде по пат на социјалните мрежи да објасни што се случува во Барселона. По сите шпекулации дека преку телефон му било соопштено дека треба да си побара нов клуб и дека Каталонците ќе бараат голема оштета за неговиот потпис, играчот, објави, дека работите се одвиваат сосема поразлично од пишувањата. „Постојат луѓе кои зборуваат во мое име или зборуваат некои работи за мене. Јас ќе зборувам за себе кога ќе треба. Не е вистина се што слушате“ – напиша голгетерот од Јужна Америка.
Три македонски екипи во текот на денов ќе ги одиграат натпреварите во квалификациите за место во Лигата на Европа. Тоа се Шкендија, Шкупи и Ренова кои ќе атакуваат на пласман во втората рунда. Ренова денеска од 18 часот ќе се појави во Ерменија на теренот на Алашкерт. Шкупи за противник го има тимот на Нефчи а средбата во Азербејџан се игра од 18 часот. Шкендија исто така ќе го гостува во Азербејџан на стадионот на Сумгајит. Дуелот ќе се одигра со почеток од 18:00 часот. Според новите правила на УЕФА кои се наметнати од пандемијата со ковид-19, ќе се игра…
Eден од ракометарите на Вардар е ставен во домашна изолација откако бил позитивен на Ковид -19. Станува збор за Стојанче Стоилов. Сите други од таборот на „црвено-црните“ биле тестирани и допрва се чекаат нивните резултати. Доколку нема нов позитивен случај, тимот ќе продолжи со подготовките. Доколку има нов случај, тогаш се наметнува дилемата дали ќе биде одиграна реванш-средбата со Нексе во СЕХА лигата која е закажана за в сабота од 20:15 часот.
