Author: dino

Францускиот фудбалски репрезентативец во редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, потенцира дека е крајно оптимистички расположен пред денешниот финален меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен. „Освојувањето на Лигата на шампионите беше причината зошто му се приклучив на клубот. Секогаш велев дека сакам да испишам историја во францускиот фудбал“ – вели брзоногиот голгетер кој ќе дејствува во тандем со Нејмар. „Ќе биде голема награда за екипата ако го освоиме натпреварувањето. Не чека значаен меч“ –  потенцира напаѓачот на ПСЖ.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, пред денешното финале во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, вели дека противникот има големо искуство кога станува збор за финалните мечеви. „Баерн е во феноменална форма. Тимот има искусни играчи кои биле дел од значајни мечеви. Ние ги имаме Кејлор Навас, Анхел ди Марија и Нејмар, кои осто така го имаат осовено трофејот во Лигата на шампионите“ – вели Тухел. Германскиот стратег потврди дека Марко Верати ќе биде подогтвен да се појави на денешниот меч во Лисабон.

Read More

Тренерот на фудбалскиот состав Болоња, Синиша Михајловиќ е позитивен на Ковид-19, потврди денеска италијанскиот состав. Тој нема видливи симптоми, но, е ставен во изолација. Српскиот стратег влегува во ризичната група бидејќи во јули во 2019-та му беше дијагностицирана леукемија по што имаше неколку циклуси на лечење со хемотерапија. Болоња соопшти дека целиот тим бил тестиран и дека сите резултати се негативни освен на Михајловиќ.

Read More

Фудбалерите на Севилја по 6 пат го освоија победничкиот пехар во Лигата на Европа или поранешниот Куп на УЕФА. Шпанскиот состав и во шестото финале успеа да дојде до пол погодок откако славеше против италијанскиот Интер со 3 спрема 2. Италијанците поведоа во 5 минута со голот од пенал на Лукаку по што на сцена стапи Де Јонг кој со головите во 12 и 33 минута направи пресврт. Сепак радоста на Шпанците траеше кратко  бидејќи Годин по само две минути донесе изедначување на стадинот во Келн. Голот за победа на Севилја падна во 74 минута кога Диего Kарлос со атрактивни…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен, кој  заработи повреда на коленото за време на тренингот во кампот во Австрија, ќе го пропушти натпреварот со Арсенал на 29 август во рамките на „Комјунити шилд“. „Повредата изгледа слична на таа што ја имаше Хендерсон на крајот на сезоната“ – изјавил кратко  менаџерот, Јирген Клоп. Англичаните утре во Австрија ги очекува пријателски меч со германскиот Штудгарт а потоа во вторник и контролен дуел со австрискиот шампион РБ Салцбург.

Read More

Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, откако се вратил од одмор од Бахамите ќе мора да оди во изолација во период од 14 денови. Играчот на „спарси“ не знаел дека карипската земја била ставена на црната листа во Велика Британија затоа што во изминатиот период се зголемил бројот на позитивни на ковид-19. Најдобриот голгетер на Англија најверојатно ќе биде повикан и во селекцијата за претстојните мечеви во Лигата на Нации на 5 и 8 септември.

Read More

Сопственикот на Бреша, Масимо Челино, откри дека состојбата во клубот се влошува бидејќи неколку од фудбалерите се вратиле од одморот заразени со Ковид-19. Вездата на тимот Сандро Тонали е во карантин откако стапил во контакт со заразените играчи. „Ситуацијата е полоша од порано. Видовме во последните месеци колку може да ја ограничите штетата доколку не постапувате глупаво” – рече Челино. „Играчите се вратија заразени откако биле во дискотека. Имаме случај со позитивен тест. Тонали исто така е во изолација. Тој не е заразен, но имал контакти со заразени играчи” – додаде првиот човек на Бреша.

Read More

Македонските одбојкарски екипи во машка и женска конкуренција ги добија противниците за новата сезона во Челинџ Купот. Одбојкарите на Вардар ќе играат против словенечкиот тим Волеј Камник додека составот на Струмица за противник ја има екипата на Омонија од Никозија. Женскиот состав на Вардар на стартот на сезоната ќе ги одмери силите со Хамелина од Финска. Првите мечеви ќе бидат одиграни во термонот од 8 до 10 октовмри додека реваншите се предвидени во терминот од 13 до 15 октомври.

Read More

Поради ненадејната смрт на познатиот кошаркарски тренер,  Драган Василов , федерацијата одлучи да ги стави во мирување активностите на кошаркарскиот камп за млади играчи кој се одржуваше во Маврово. Василов беше член на тренерскиот тим, но ненадејно почина токму во Маврово, па со одлука на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, активностите се прекинати. Учесниците на кампот, кошаркарите и кошаркарките родени 2007 и 2008 година, ќе бидат дополнително информирани за наредните активности.

Read More

Премиер-лигата го објави распоредот на сите 38 кола за новата фудбалска сезона која ќе започне на 12 септември. Бранителот на титулата, Ливерпул во првото коло на домашен терен на „Енфилд“ ќе се сретне со Лидс за кој настапува нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Мечевите Барнли – Јунајтед и Сити – Астон Вила ќе бидат одложени бидејќи двата тима од Манчестер имаа продолжено фудбалско лето во европските натпреварувања и треба да добијат дополнителни денови за одмор. Во стартното коло ќе се играат средбите: Фулам – Арсенал, Тотенхем – Евертон, ВБА – Лестер, Вест Хем – Њукасл, Кристал Палас – Саутемптон, Брајтон –…

Read More