Новото издание на Лигата на нации ќе започне без гледачи на трибините. Одлуката на УЕФА денеска преку видео-конференција им била посочена на генералните секретари на 55-те земји членки. Тоа значи дека мечот Македонија-Ерменија на 5 септември ќе биде без публика и ќе се одвива под строго утврдени здравствени протоки за заштита од Ковид-19. Доколку некоја од земјите не може да биде домаќин, ќе може да побара средбата да се одигра на неутрален терен. УЕФА во соопштението посочува дека Супер-купот на Европа на 24-ти септември во Будимпешта, ќе биде генерална проба дали ќе може да се вратат фановите на стадионите, секако,…
Author: dino
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, проценил дека тренерот, Оле Гунар Солскјер, мора да купи централен напаѓач. „Мислам дека Манчестер Јунајтед прави голема грешка бидејќи не се обидува да го купи Единсон Кавани. Во екипата мора да има класичен напаѓач кој ќе постигнува голови“– вели црномурестиот фудбалер. „Според мене, Кавани е најдобриот избор за Јунајтед. Тој има квалитети и може да биде главен дел од нападот“ – објасни како размислува некогашниот член на „црвените ѓаволи“.
Баерн Минхен вечер против Олимпик Лион ќе се бори да влезе во големото финале во Лигата на фудбалските шампиони. Легендата на Барскиот состав, Карл Хајнц Румениге, вели дека му се допаѓа играта на Иван Перишиќ кој настапува како позајмен фудбалер од екипата на Интер. „Перишиќ е многу ефикасен за тимот а статистиката го покажува тоа. Бројките покажуваат дека е многу добар и продуктивен на теренот“ – вели Румениге. „Сакаме да ја завршиме сезоната во Лигата на шампионите а ќе се обидеме да се договориме за трансфер“ – изјави главниот оперативец на германскиот елитен состав.
Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првото квалификациско коло во Лигата на Европа во кое нашава земја ќе има две екипи. Натпреварите меѓу Бутел Скопје и Ѓенѓеш ќе се одиграа на 28 август (19:00) и на 29 август (18:00) во Унгарија а ќе ги судат Чесите Лукаш Фришер и Михаел Харамул. На првата средба меѓу Металург и Спачва во Автокоманда, која ќе се игра на 29 август од 19:00 часот, арбитри ќе бидат Арсин и Ердоан Витаку додека на реваншот во Винковци на 5 септември од 19:30 часот, правдата ќе ја делат Романците, Дору Манеа и Раду Илиески.
ЛА Клипер го победи Далас Маверикс со 118-110 во дерби мечот на отворањето на плеј-оф серијата во најсилната кошаркарска лига на светот. Каваи Ленард кој оствари дабл-дабл со 29 поени и 12 скокови а имаше и шест асистенции и три украдени топки, беше убедливо најдобар во победничкиот тим кој дојде до предност од 1-0. Кај Далас повотрно фантастично одигра Лука Дончиќ. Словенецот кој застана на 42 коша, направи и девет асистенции, седум скокови и имаше три украдени топки. Во другите два меча, Бостон со 109:101 ја победи Филаделфија и поведе со 1:0. Истата предност ја има и актуелниот шампион Торонто кој славеше…
Лајпциг однесе убедливи победи на средби со екипи како што се Бенфика во групната фаза или Тотенхем и Атлетико Мадрид во нокаут рундите. ПСЖ, во меѓувреме, крстареше низ групата во која се соочи со Реал Мадрид, Галатасарај и Клуб Бриж, додека во нокаут фазата, француските шампиони забележаа добри настапи и победи против Борусија Дортмунд и Аталанта за да обезбедат прво полуфинале во Лигата на шампионите. Новите засилувања за Лајпциг, Хванг Хе-Чан и Бенџамин Хенрикс немаат право на настап во Лигата на шампионите додека Ибрахима Конате, се уште се опоравува од операцијата на колкот. Кај ПСЖ, Курзава веројатно ќе мора да…
РБ Лајпциг и ПСЖ вечер ќе влезат во првата голема полу-финална пресметка во Лигата на фудбалските шампиони. Со почеток од 21 часот, на „Естадио до Спорт“ во Лисабон, ќе ја гледаме првата француско-германска битка во сегашнава фаза. Двата тима имаат за цел да стигнат до финалето за првпат во историјата. Лајпциг доколку успее да го стори тоа ќе стане седмата германска екипа која се појавила во најпрестижниот фудбалски меч во една натпреварувачка сезона. Тој пласман ќе ги остави германските тимови веднаш зад англиските кои имаат најмногу екипи што биле дел од големото финале. Ако ПСЖ пак, успее да забележи победа,…
Фудбалскиот интернационалец од Нигерија, Џон Оби Микел, кој некаде од март годинава беше слободен играч откако го напушти турскиот состав, Трабзон, повторно ќе игра во Англија. Црномурестиот играч кој десјтвува во средината на теренот се определил да ја прифати понудата на Стоук и да се врати на Островот. 33-годишниот ветеран кој ќе работи под диригентската палка на Мајкл О`Нил, ќе се обиде да му помогне на тимот на Стоук да се врати во Премиер лигата. Оби Микел има искуство од англискиот фудбал бидејќи цели 11 сезони го носеше дресот на Челзи а во еден краток период настапуваше и за Мидлзборо.…
Напаѓачот на фудбалскиот состав Интер, Лаутаро Мартинез кој вчера постигна два гола во триумот против Шахтјор (5-0) во полу-финалето во Лига Европа, вели дека неговиот тим заслужено си обезбеди место во големото финале. „Неверојатна ноќ, како што сонувавме. Головите ги посветувам на мојата сопруга и семејството,бидејќи го очекуваме нашето прво дете“ рече интернациоанелцот од Аргентина. „Нероаѕурите“ в петок од 21.00 часот на стадионот во Келн ќе се борат со шпанската Севилја за победникиот пехар во Лига Европа.
Фудбалскиот ветеран, Давид Силва, откако го напушти Манчестер Сити се врати во татковината и во наредните две години ќе ги брани боите на Реал Сосиедат. Иако се очекуваше Шпанецот да се пресели во Италија во редовите на „лацијалите“, тој изненадувачки се определи да се врати на Пиринеите во тимот од Баскија. Силва пред да замине кај „граѓаните“ во 2010 година, настапуваше за Валенсија. За екипата од „Месталја“ има одиграно 160 мечеви. 34-годишниот ветеран ќе биде одлично засилување за Реал Сосиедат и практично ќе ја покрие празнината по враќањето на Одегард во Реал Мадрид.
