Author: dino

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, е прогласен за најдобар во Премиер-лигата во сезоната 2019/20. Традиционално во гласањето учествуваа капитените на сите 20 екипи, избрани фудбалски експерти како и навивачите. Белгискиот репрезентативец кој забележа 20 асистенции успеа да го израмни рекордот  на Тјери Анри кој имаше таков ефект во дресот на Арсенал во сезоната 2002/03. Де Бруин кој сезоната ја заврши со 13 гола успеа да ја добие битката со Трент Александер-Арнолд од Ливерпул кој пак, беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер-лигата.

Read More

Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе заврши 48. издание на Струшкиот ракометен турнир а нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го водат големото финале меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое ќе започне во 21.15. Браќата Михајло и Методија Илиевски ќе судат на мечот за петтото место меѓу Бутел Скопје и Прилеп од 17:15 часот додека во 19:15 часот ќе започне битката меѓу Металург и Охрид а ќе ја водат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Вардар со 12 освоени пехари е најуспешниот состав досега пред Еурофарм Пелистер со 11 и  Борац Бања Лука со четири.

Read More

Тенисерката, Бјанка Андреску, нема да ја брани титулата на Отвореното првенство на САД. 20-годишната Канаѓанка која не игра од октомври поради повреда на коленото и воедно поради ситуацијата со „COVID-19“, објави на Твитер дека паузата не и дозволила да се врати во посакуваната форма. „Минатогодишниот триумф во Њујорк беше главен момент во мојата кариера. Жалам што нема да бидам повторно таму“ -напиша таа. Покрај Андреску на турнирот нема да се појват светскиот рекет број 1 Ешли Барти, петата на ВТА листата Елина Свитолина и седмата Кики Бертенс.

Read More

Шефот на Ферари во Формула 1, Матија Биното, порача дека „Скудерија“ ќе мора да се помири со уште една пропадната сезона бидејќи  екипата на Мерцедес е недостижна. „Веруваме дека можеме да се подобриме, но, ќе биде грешка да се помисли дека ќе можеме да го победиме Мерцедес. Разликата е огромна во моментов “ – вели Биното. „Затоа ќе се обидеме да го оебзбедиме второто место, дефинитивно треба да размислуваме за тоа“ – нагласува Биното.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе добие ново име во средината на теренот откако медиумите објавија дека Бразилецот, Вилијан, ќе го напушти Челзи и ќе го облече дресот на „топчиите“. Според наведеното, интернационалецот од Јужна Америка се согласил да потпише договор за три сезони откако добил уверување од шпанскиот тренер дека ќе има загарантирано место во првата постава. Брзоногиот фудбалер во последната сезона во Премиер-лигата одигра 36 средби со ефект од 9 голови и 7 асистенции.

Read More

Поранешниот фудбалер на Барселона, Арда Туран, вели дека Лионел Меси е најголемиот фудбалер во историјата иако според многумина тоа признание му се доделува на Кристијано Роналдо. „Меси може да ја диктира играта од секој аспект. За Роналдо нема што лошо да се каже, но, тој е само стрелец на голови. Меси прави работи кои не можеш да ги замислиш. Има интелигенција, визија и страст“ – вели Туран. „Сите со кои сум зборувал се согласуваат освен луѓето кои се блиски со Роналдо. Според мене, Меси е убедливо најдобар“ –  потенцира некогашниот играч на Каталонците.

Read More

Барселона и  Баерн Минхен денеска ќе се сретнат во рамките на четврт-финалето во Лигата на фудбалските шампионите а сите погледи ќе бидат насочени кон двете ѕвезди, Лео Меси и Роберт Левандовски. Аргентинецот е движечка сила на шпанскиот тим додека Полјакот го има главниот збор во нападот на Баварците. Тренерот на Барса, Кике Сетиен, гледа со пиетет кон противничкиот напаѓач, но, потенцира дека Меси е класа пред другите. „Левандовски е супер фудбалер, но, мислам дека не е на нивото на Лео. Јасно е дека е во одлична форма и дека добро му помагаат соиграчите.  Меси ќе мора да има поддршка од…

Read More

РБ Лајпциг доцна синоќа успеа да го совлада Атлетико Мадрид со 2-1 и да си обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на фудбалските шампиони. Шпанците на хартија ја имаа улогата на фаворити, но, составот од Бундес-лигата одигра одличен меч и за прв пат во историјата дојде на еден чекор до големото финале. По средбата тренерот на поразениот тим, Диего Симеоне, призна дека противникот бил подобар. „Беше тешко да ги добиеме дуелите на теренот. Тие беа побрзи и посилни.  Имавме тешка сезона и не успеавме да направиме се како што сакавме. Честитки за Лајпциг“ – изјави Симеоне по мечот.

Read More

Фудбалскиот состав на Рајо Валјекано потврди дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, имал позитивен тест на КОВИД-19. Играчите биле тестирани во вторникот а Димитриевски е единствениот кој покажал позитивен резултат и затоа се наоѓа во самоизолација. -Заразената личност е под надзор на медицинските лица и нема остварено контакт со другите играчи пред тестирањето“ – стои во соопштението на шпанскиот второлигаш.

Read More

Аргентинскиот фудбалер на Јувентус, Паоло Дибала, кој не ја прифати понудата од 12 милиони евра за да потпише нова соработка со клубот, може да биде ставен на трансфер-листата. Водечките луѓе на „старата дама“  му понудија плата од 10 милиони евра која заедно со бонусите достигнува и 12 милиони, но, тоа не му е доволно на напаѓачот кој сега преку неговиот агент постави нови услови и побара плата од 15 милиони евра. Доколку двете страни не успеат да најдат заеднички јазик, тогаш Дибала може да го напушти Торино бидејќи за неговитe услуги е заинтерeсиран тимот на Реал Мадрид.

Read More