Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини,  вели дека во неговиот тим има големи емоции пред денешниот меч со ПСЖ во 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите кој ќе биде одигран во Лисабон на стадионот на Бенфика. „Штета е што ќе нема навивачи. Ние сме максимално мотивирани, има голем адреналин во екипата а мотивацијата е на високо ниво. Жал ни е што ние сме единствениот италијански тим кој остана во Лигата на шампионите“ – вели Гасперини. Сега сме единствените кои останавме и ќе се обидеме да се претставиме добро. Знаеме дека цела Италија ќе ни дава поддршка…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе му се приклучи на тимот во Португалија на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Аргентинецот се надева дека ќе ја надмине повредата и дека ќе игра на еден од натпреварите. Завршниот дел од елитната конкуренција во Европа ќе започне утре а екипата на Пеп Гвардиола дури в сабота ќе се сретне со Лион. Англиската експедиција денеска замина за Пиринеите а меѓу играчите фигурира и Ерик Гарсија кој има договор за уште 12 месеци, но, нема да го продолжи. Наводно за неговиот потпис е заинтересирана Барселона.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета,  не се откажа од идејата да го привлече играчот од средниот ред на Порто, Данило Переира. 28-годишниот фудбалер беше еден од најзаслужните за освоената титула во Португалија.  Според одредени вести,  неговата трансферна вредност е околу 30 милиони фунти. Се верува дека „топчиите“  не се подготвени да ја платат целата сума и дека ќе понудат околу 20 милиони. Переира кој претходно играше за Парма и Маритимо, главно дејствува во средниот ред, но, помага и во дефанзивата. Тој во претходната сезона одигра  40 мечеви во сите натпреварувања.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, навести дека ќе мора да се раздели со еден од неговите тројца голмани откако ќе се врати Дин Хендерсон во клубот. Англичанецот кој помина две успешни сезони на позајмица во Шефилд Јунајтед, вели дека сака да биде стартер во неговиот матичен клуб. Ниту тој ниту Дејвид Де Геа нема да сакаат да седат на клупата. Неодамна имаше информација дека Серхио Ромеро  е подготвен да го напушти клубот. Солскјаер призна пред четврт-финалето на Лигата на Европа против Копенхаген дека ќе му биде тешко да избере кој ќе биде прв голман за наредната сезона. „…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија го комплетираше нејзиниот дел од обврските околу реновирањето на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп. -Со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување а исто така, многу значајно е тоа што се постави и целосно ново рефлекторско осветлување“ – стои во објавата на ФФМ. Според договорот со градот, Општината ќе треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот.

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи патеката Силверстон и тоа на јубилејната трка со која се одбележа седумдесетгодишнината на Формула 1. Тој со добра тактика  успеа да ги победи возачите на Мерецедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас,  кои ги освоија второто и третото место.  Британецот успеа да го израмни рекордот на Михаел Шумахер со 155 пласмани на подиумот. Од возачите на Ферери, Шарл Леклер заврши на четвртата позиција додека Себастијан Фетел беше дури 12-ти. Наредната трка ќе биде за седум денови и ќе се вози за Големата награда на Шпанија.

Read More

Екипата на Карабах од Азербејџан ќе му биде противник на нашиот Силекс на стартот на елиминациите за новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Поради пандемијата на коронавирус ќе се игра само по еден натпревар, дуелите од 1. квалификациско коло на ЛШ ќе се играат на 18 и 19 август. Доколку после регуларните 90 минути нема победник, истиот ќе се дознае преку продолженијата или пеналите. Локацијата ќе ја диктира и состојбата со Ковид-19 во земјата домаќин, што значи дека мечот може да биде одигран и на неутрален терен.

Read More

Барселона и Баерн (Минхен) на 14 август во Лисабон ќе се сретнат во најтрактивното четврт-финале во Лигата на фудбалските шампиони.  Според голгетерот на Барселона, Луис Суарез, мечот во Португалија ќе биде крајно изедначен. „Баерн е многу силен тим кој е кандидат за трофејот… ќе видиме, шансите се 50/50 “ – изјави Суарез по вчерашната победа против Наполи. Победникот од мечот меѓу германскиот и шпанскиот гигант ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од дуелот Манчестер Сити – Лион.

Read More

Јанис Антетокумбо, Леброн Џејмс и Џејмс Харден, се издвоени како главните фаворити за освојување на наградата – МВП за регуларниот дел на сезоната во кошаркарската НБА лига која полека влегува во завршната фаза. Доколку признанието заврши во рацете на Леброн Џејмс, тој ќе се израмни со Карим Абдул Џабар, Мајкл Џордан и Бил Расел кои досега по пет пати беа прогласени за најкорисни играчи во најсилната лига на светот. Поради пандемијата со ковид-19, НБА се определи последниот дел од сезоната да се одигра на една локација и по пат на скратен систем со елиминации.

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, доколку не успее да го ангажира фудбалерот на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, има резервна варијанта, објавија дел од медиумите во Англија. Според весникот –„Сан“, менаџерот на „црвените“ ако не успее да издејствува трансфер на Алкантара, тогаш ќе тргне по потписот на Дејвид Брукс од Борнмаут кој е вреден околу 35 милиони фунти. 23-годишниот фудбалер долго време беше повреден и немаше можност да ги покаже вистинските квалитети. Бидејќи Борнмаут испадна од Премиер-лигата, јасно е дека младиот играч ќе добие дозвола да го напушти тимот. Наводно, за неговите услуги биле заинтересирани и луѓето од Њукасл.

Read More