Андреа Пирло кој го наследи отпуштениот Маурицио Сари на клупата на Јувентус, планира да се ослободи од поголем број на фудбалери кои ќе бидат ставени на трансфер-листата, објавија денеска медиумите во Италија. Според наведеното, нова средина ќе треба да си побараат: Гонзало Игуаин, Алекс Сандро, Сами Кедира, Блез Матуиди, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матиа Де Шилјо, Даниеле Ругани, Даглас Коста и Данило. Пирло пред да седне на кормилото на „старата дама“ работеше во младинскиот погон на клубот од Торино.
Author: dino
Европската ракометна федерација ги објави термините за натпреварите од Лигата на шампионите која ќе има променет формат и нови денови за играње. Сега средбите ќе се реалзираат во текот на работната седмица или конкретно среда и четврток од 18.45 и 20.45 часот.Вардарци во првото коло на 16 септември ќе гостуваат кај Мешков Брест од 18. 45 ч додека во второто на 24 септември ќе го пречекаат Елверум од 20.45 ч. Еве го комплетниот распоред на единствениот наш претставник во елитата на Европа. 3 коло – 1 октомври ПИК Сегед – Вардар 18.45, 4 коло – 15 октомври, Вардар – Флензбург…
Ракометната Федерација на Македонија одлучи премиерниот квалификациски натпревар за место на ЕП во 2022 против селекцијата на Финска да биде одигран на 4 ноември од 20 часот во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“. Веднаш потоа на 7 ноември избраниците на селекторот Брестовац ќе гостуваат кај Швајцарија во гратчето Цуг. Таа средба ќе стартува од 18:30 часот. Покрај споменатите две селекции во групата ќе се натпреварува и светскиот првак Данска.
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се обиде да ја објасни неговата одлука да го пропушти Отвореното првенство на САД. Еден од најдобрите играчи на денешницата вели дека турнирот во Њујорк ќе биде силен иако дел од ѕвездите нема да настапат поради пандемијата со ковид-19. „Не сум арогантен, турнирот нема да загуби ништо само затоа што јас нема да играм . Да, неколку големи имиња нема да играат, но, кој и да победи, ќе има значење. Сепак станува збор за Грен Слем“ – вели Надал. „ Верувам дека Роланд Гарос ќе се одржи и за него се подготвувам. Се надевам ќе има…
Раководството на Челзи одлучи да го продаде фудбалерот од средниот ред, Жоржињо. Бразилецот со италијански пасош не се вклопува во шемата на менаџерот Франк Лампард и затоа лондончани се подготвени да го продадат доколку добијат понуда во вредност од 50 милиони евра, тврди – „Тутоспорт“. Според одредени шпекулации за неговиот потпис е заинтересиран тренерот на Јувентус, Маурицио Сари. Тој добро ги познава квалитетите на Жоржињо бидејќи прво му беше тренер во Наполи а потоа и во Челзи.
Првиот човек на фудбалскиот состав Интер, Пепе Марота, потврди дека напаѓачот, Алексис Санчез, нема да се врати во Манчестер Јунајтед и дека ќе остане во тимот од „ Џузепе Меаца“. Чилеанецот кој беше ангажиран од италијанците за една сезона, успеа да ги исполни очекувањата на „нероаѕурите“ кои одлучија да го задржат и да ја покријат неговата висока плата. Затоа Јунајтед спогодбено ќе го раскине договорот со Санчез и ќе го пушти во Интер како слободен фудбалер. „Се ќе биде официјализирано, имаме договор на три години и веруваме во него“ – изјави Марота.
Турскиот фудбалер, Арда Туран, кој неодамна ја заврши соработката со Барселона, од вчера е нов член на Галатасарај. 33-годишниот ветеран во јануари беше вратен во Шпанија откако Басакшекир ја прекина неговата позајмица. Потоа речиси 7 месеци немаше активности на теренот и тренираше индивидуално чекајќи да му истече договорот со тимот од „Камп Ноу“. Туран сега се враќа во старото јато бидејќи пет сезони го носеше дресот на Галатсарај пред да направи трансфер во Атлетико Мадрид во 2011 година.
Италијанските медиуми најавуваат дека нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас може да се појави во стартната постава на Наполи на саботниот реванш од осмина-финалето на Лигата на шампионите на теренот на Барселона. Според наведеното, тренерот, Џенаро Гатузо, го има Елмас како прва опција доколку Лоренцо Инсиње не успее да ја надмине повредата. Во игра е и Ирвинг Лозано, но, Мексиканецот не е добра опција гледано во неговите дефанзивни квалитети. Првата средба меѓу Наполи и Барса заврши нерешено 1:1. Победникот од двомечот ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во Лисабон.
Реал Мадрид на теренот на Манчестер Сити ќе се обиде да ја надополни негативата од првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите кога загуби дома со 2-1. „Кралевите“ ќе заминат за Англија без две големи „ѕвезди“. Станува збор за Герет Бејл и Хамес Родригез. Велшанецот подолго време има недоразбирања со управата и со тренерот додека Колумбиецот, Родригез, набрзо треба да потпише за Атлетико Мадрид. Во експедицијата ќе биде вклучен капитенот, Серхио Рамос, кој е суспендиран и нема право да игра но, Неговото присуство треба да биде мотив повеќе за другите од тимот.
Капитенот на Барса, Лионел Меси, им се приклучи на големиот број фудбалски лица кои по пат на социјалните мрежи и преку медиумите, му испратија пораки на легендарниот голман на Шпанија, Икер Касилјас, кој од вчера замина во фудбалска пензија. „Икер заминува во пензија, но, тој влезе многу одамна во историјата Тој е икона на шпанскиот фудбал, успеа да освои буквално се на меѓунардната сцена“ – вели Аргентинецот. „Беше спектакулаен голман и човек, беше голем противник и фудбалски џентлмен“ – потенцирал меѓу другото Меси за каталонските медиуми.
