Поранешниот германски репрезентативец, Месут Озил, кој има неделна плата од 350 000 илјади фунти и јавно одби да му биде намалена поради пандемијата со корна-вирусот, вели дека сака да остане во редовите на „топчиите“. Играчот за врска во интервјуто за „The Athletic“, вели дека одредени луѓе две години му работат зад грб и сакаат да го избркаат од клубот. Во меѓу време тренерот, Артета, кој практично го избриша Озил од списокот, вели дека таа одлука се должи строго на фудбалски причини и дека нема никаква друга позадина.
Author: dino
Европската куќа на фудбалот објави дека септемвриските мечеви во Лигата на нации може да се одиграат на неутрален терен доколку тоа го наложи пандемијата со ковид-19. „Тесната соработка помеѓу сите национални тимови и УЕФА ќе биде неопходна за да се обезбеди редовна организација на сите натпревари. Можноста за одигрување на меѓународни натпревари на неутрален терен не може да се отфрли “ – објави УЕФА. Нашата селекција во првото коло ќе ја пречека Ерменија на 5. септември додека три дена подоцна ќе треба да гостува на Грузија. Сега со најновата одлука на УЕФА се отвора можноста Македонија да не биде домаќин…
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака да го привлече Квинси Промес. 28-годишниот играч на Ајакс ќе чини околу 25 милиони евра. За Квинси се шпекулира дека сака да игра во Англија. Холандскиот напаѓач постигна 16 голови и оствари 5 асистенции на 28 натпревари пред првенството да се стопира поради кризата со корона-вирусот. Младиот играч во 2019 година во текот на летото ја напушти Севилја и се пресели кај „копјаниците“.Трансферот вредеше 14 милиони евра.
Денеска беа извлечени двојките за првото коло во новата сезона во втората фудбалска лига на нашава земја. Сите натпревари ќе стартуваат во 17.00 часот и ќе бидат одиграни без публика. Западна група 1. коло (22.08.2020) ГОСТИВАР – ОХРИД СКОПЈЕ – ВЛАЗЕРИМИ ТЕТЕКС- КОРАБ ДРИТА – ВАРДАР (Ф) ВЕЛЕШТА – КАДИНО Втора лига –Исток 1 коло (22.08.2020) ПЛАЧКОВИЦА – ТИКВЕШ РОСОМАН – СЛОГА ВИНИЦА САСА – БРЕГАЛНИЦА ПОБЕДА – КИТ ГО КОЖУВ – ОСОГОВО
Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер доколку не успее да го ангажира Санчо од Борусија Дортмунд, тогаш ќе се обиде да го купи фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, велат последните информации од Англија. 23-годишниот играч од Франција кој има активен договор со Каталонците за уште две години, не се појавил на теренот од изминатиот ноември. Тој во меѓу време беше подложен на операција откако заработи потешка повреда. Медиумите нагласуваат дека Норвежанецот размислува и за други опции за да ги засили „црвените ѓаволи“. Тука се споменуваат имињата на Кингли Коман од Баерн Минхен и Даглас Коста од Јувентус.
Фудбалерот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон, постави рекорд во Лигата на Европа откако и во седмата сезона успеа да постигне погодок. Триесет и двегодишниот интернационалец од Јужна Америка доцна синоќа стрелаше успешно во мрежата на Базел во рамките на 1 /4 финалето а неговиот тим на крајот победи со убедливи 4-1. Претходно, тројца играчи успеаа да постигнат гол во шест сезони. Тоа се: Александар Лаказет, Џермејн Ленс и Ари. Бразилецот кој настапува за украинскиот тим од 2013 година токму на вчерашниот меч го постигна првиот гол во тековнава сезона во Лигата на Европа.
Првите луѓе на Барселона размислуваат за ново име на клупата доколку Каталонците не ја освојат Лигата на фудбалските шампиони. Тоа значи дека тренерот, Кике Сетиен, кој не успеа да ја одбрани титулата во Примера ќе добие отказ доколку не успее да триумфира во елитната конкуренција на Стариот континент. Според наведеното во медиумите, Маурисио Покетино, Марсело Гаљардо или Гарсија Пимента, може да добијат покана од наредната сезона да го водат шпанскиот гигант. Целата ситуација околу иднината на Сетиен треба да биде многу појасна по 1 /4 финалниот меч во Лигата на шампионите против Баерн Минхен закажан за в петок на теренот…
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема намера да биде активен на трансфер пазарот, објавија медиумите во Шпанија. Новиот шампион на Примера нема намера да троши пари на екстра-засилувања и затоа ќе ги врати Дани Себалјос и Мартин Одегард кои играа како позајмени во Арсенал и во Реал Сосиедад. 24-годишниот Шпанец по рестартот на Премиер-лигата беше еден од најдобрите кај „топчиите“ додека Данецот во континуитет имаше блескави партии во дресот на Реал Сосиедад.
Екипите на Шахтјор и Севилја синоќа обезбедија пласман во полуфиналето на Лига Европа. Украинците го победија Базел со 4:1 а Шпанците беа подобри од Вулверхемптон со минимални 1:0. Тимот од Доњецк во полуфиналето ќе игра против Интер додека Севилја ќе излезе на мегдан со Манчестер Јунајтед. Првото полуфинале меѓу Интер и Шахтјор ќе биде на 16 август в недела од 21 часот на стадионот во Дизелдорф. Ден потоа „црвените ѓаволи“ и Севилја ќе се појават на стадионот во Келн. Таму на 21 овој месец ќе биде одиграно и големото финале во Лигата на Европа.
Стратегот на клупата на ПСЖ, Томас Тухел, очекува тежок натпревар против Аталанта на отворањето на завршниот Ф8 турнир во Лигата на шампионите. „Аталанта игра агресивен и напаѓачки фудбал. Очекувам тежок меч од тактички и психолошки аспект. Се надевам дека ќе најдеме начин како да победиме“ – вели тренерот на Французите со напомена дека Нејмар е подготвен да го издржи притисокот. „Тој ги сака големите натпревари. Верувам дека Нејмар ќе има одличен перформанс бидејќи е подготвен за големите мечеви“ – вели Тухел.
