Author: dino

Фудбалерите на Севилја и на Интер на 21 август во германскиот град Келн ќе играат во големото финале во Лигата на Европа. Шпанците во полу-финалето го елиминираа англискиот Манчестер Јунајтед додека Италијанците вечерва ја оправдаа улогата на фаворит и славеа на мечот со Шахтјор Донецк со големи 5:0. По два гола постигнаа Лукаку и Лаутаро Мартинез а во листата на стрелците успеа се запише и Амброзио.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Луис Суарез, може да добие понуда да се пресели во редовите на Ајакс, наведуваат денеска дел од медиумите. Наводно, спортскиот директор на „копјаниците“, Марк Овермарс, планира да испрати понуда за Уругваецот кој во минатото имаше блескави партии за холандскиот состав. Суарез од 2007 до 2011 година одигра 159 мечеви за тимот од Амстердам со ефект од 111 голови и 68 асистенции. Според одредени извори, за играчот на Каталонците се заинтересирани и екипи од Катар.

Read More

Ракометниот состав на Еурофарм Пелистер нема да биде дел од меѓународниот турнир кој требаше да се реализира во соседна Грција. Причина за тоа се затворените граници и ситуацијата со Ковид-19. Битолчани иако требаше да учествуваат на собирот во Атина, одлучиле да останат во татковината и да реализираат неколку пријателски мечеви како дел од подготовките за наредната сезона. Спроед најавите, Еурофарм Пелистер ќе ја темпира формата на мечевите со Вардар, Бутел, КЛ7 и Еурофарм Пелистер 2. Познато е дека „зелените“ ги очекуваат настапи во  групната фаза на Европската лига и во СЕХА конкуренцијата.

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој ја освои титулата во фудбалска Англија, планира да направи пауза од една година откако ќе го одработи договорот со „црвените“. „Сигурно си заминувам од Ливерпул бидејќи мојата мисија ќе биде завршена. Планирам да направам едногодишна пауза која ќе покаже дали фудбалот ќе ми недостасува.“ – вели Клоп кој има договор до 2024 година. „Кога еден ден ќе престанам,  знам дека нема да ми недостасува бруталната тензија пред почетокот на  натпреварот“ – потенцирал Германецот.

Read More
NBA

НБА лигата ги објави најдобрите во различни категории само за делот од сезоната што се игра во – „Дизни Ворлд“  во Орландо. Кошаркарот, Демиен Лилард од Портланд го доби признанието –„МВП“ додека за најдобар тренер е избран Монти Вилијамс од Феникс Санс. Лилард имаше просек од 37,3 поени, 4,3 скока и 9,6 асистенции на осум одиграни натпревари. Веднаш зад него беше поставен Девин Букер од Феникс додека Ти-Џеј Ворен од Индијана го има третото место. Аналогно на изборот, тројцата се вклучени во идеалната петорка заедно со Лука Дончиќ од Далас и Џејмс Харден од Хјустон.

Read More

На крајно небезбедната патека без банкини во Пробиштип беше реализирана ридско-брзинска трка на која се случи голем инцидент во кој  животот го загуби еден од редарите. На тоа преку социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше  „Custom Car Racing Team“  кој вината за немилиот настан ја префрли на комплетното раководството на федерацијата. – На целиот настан животот го загуби редар кој беше удрен од тркачки автомобил на целта.  Одговорност треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб Проспорт и Кристина Станојковска. Големо сочуство до фамилијата од нас како спортски клуб – пишува Фејсбук  – „Custom…

Read More

Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес беше најбрз на денешната трката во Формула 1 возена во Шпанија. Британецот ја искористи пол-позицијата за да запише нов триумф на патеката – „Каталуња“ пред  Макс Верстапен од Ред Бул и вториот возач на Мерцедес,  Валтери Ботас. Бодови во Барселона денеска освоија и: Перез, Строл, Сајнц, Фетел, Албон, Гасли и Норис  кои се пласираа од 4-то до 10-то место. Хамилтон по 6 сезонски трки останува лидер на табелата  со 132 бода пред Верстапен кој има 95 и Ботас кој досега собра 89. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена за Големата награда на Белгија.…

Read More
NBA

Јанис Адетокумбо, првата ѕвезда на кошаркарскиот состав Милвоки Бакс, очекува неговиот тим да остане во трката за титулата до самиот крај иако по рестартот  на сезоната во НБА лигата забележа само три победи во осум мечеви. „Не личиме на тимот кој имаше одлични партии до прекинот на сезоната. Мора да се вратиме во победничкиот ритам бидејќи сега не чека плеј-офот“ – вели репрезентативецот на Грција. Милвоки во вторник го очекува значајна пресметка со Орландо во првиот елиминациски филтер.

Read More

Возачот на Дукати, Андреа Довицозо, беше најбрз на денешната трка во Мото ГП првенството реализирана на патеката во Австрија. Сепак, победата на Италијанецот падна во втор план поради големиот инцидент меѓу Жоан Зарко и Франко Морбидели. Имено при еден обид за претекнување дојде до контакт меѓу двајцата возачи а нивните мотори неколнтролирано продолжија да се движат кон Валентино Роси кој имаше неверојатна среќа да го избегне најлошото. На крајот, второто место го освои Шпанецот,  Жоан Мир со моторот на Сузуки додека како трет низ целта помина Џек Милер од Австралија со моторот на Рејсинг. Наредната трка од шампионатот повторно ќе…

Read More

Тренерот на Олимпик Лион, Руди Гарсија, по вчерашната елиминација на Манчестер Сити и пласманот во 1 /2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека неговиот тим покажал карактер и дека Дембеле одиграл одличен меч. „Муса беше разочаран, но, како што кажав и пред натпреварот, знаев дека тој ќе биде главен штом ќе се врати. Презадоволен сум што даде два гола бидејќи сѐ уште немаше погодок во Лигата на шампионите“ – изјави Гарсија кој неполна година ги води „лавовите“. Францускиот состав на 19 август (среда) ќе ги одмери силите со Баерн Минхен во второто полу-финале во елитата. Ден претходно ќе…

Read More