Author: dino

NBA

Главниот тренер, Скот Брукс, ќе остане на чело на кошаркарскиот состав Вашингтон и во наредната сезона  сезона, објави генералниот директор на клубот, Томи Шепард. Кампањата 2020/2021 година ќе биде последна во петгодишниот договор на специјалистот. „Тој е одличен тренер. Тој е во долго време во НБА и како играч и како тренер. Мислам дека сме во одлични раце во новата сезона” – рече Шепард. Вашингтон во шампионатот која финишира принудно во друг формат поради пандемијата со ковид-19, не успеа да влезе во плеј-офот.

Read More

Португалскиот стратег на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо, планира да го врати Герет Бејл во англискиот фудбал, објавија дел од медиумите. Велшанецот иако има многу проблеми во Реал Мадрид и главно ја грее клупата, упорно останува на ставот да го одработи договорот бидејќи има екстремно високи приходи. Сега постои опција „кралевите“ да го пуштат да си оди речиси без обештетување а Тотенхем кој би плати само скромна сума, другиот дел од парите да ги насочи за покривање на неговата плата. Се претпоставува дека во целата ситуација главната улога ќе ја има Мурињо кој може да го убеди Бејл да се…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговите фудбалери ќе  продолжат со максимални подготовките во тренинг-центарот во Австрија и дека ќе одиграат два контролни меча. Шампионот на Премиер-лигата в сабота го очекува дуел со германскиот состав Штутгарт додека во вторник ќе се сретне со австрискиот првак, РБ Салцбург. Избраниците на Клоп потоа ќе се вратат во Англија бидејќи на 29 август ги очекува мечот со Арсенал во „Комјунити Шилд“. Германскиот стратег пред средбата со популарните „шваби“ со кои има конекции од минатото, вели дека е среќен што Штудгарт се врати во Бундес-лигата. „ Тоа е многу, многу значајно за нив. Долго…

Read More

Новиот тренер на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, се надева дека Лео Меси ќе остане во тимот и дека ќе ја одработи последната година од договорот. „Не знам дали ќе треба да го убедувам Меси. Тој е најдобар е во светот. Ќе разговарам со него. Се надевам дека ќе остане тука и во наредните години“ – вели Куман. „Ќе разговарам со сите играчи а дел од нив ќе треба да донесат одлука. Сега нема да потенцирам имиња“ – нагласи холандскиот тренер на вчерашната промоција како нов стратег на клупата на Каталонците.

Read More

Фудбалерот на Лион, Карл Токо-Екамби, по вчерашниот пораз во полуфиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, изјави дека неговиот тим со малку среќа можел да направи позитивен резултат . „Можевме да постигнеме голови. Среќата не беше на наша страна и ги пропуштивме нашите шанси.“ – потенцираше црномурестиот играч на „лавовите“. „Мора да го задржиме борбениот дух во тимот и во наредната сезона да се вратиме во Лигата на шампионите“ –потенцираше Екамби .

Read More

Младиот дефанзивен фудбалер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, повторно имаше блескава партија во Лигата на шампионите. Црномурестиот играч на вчерашниот меч со Лион беше крајно активен како во дефанзивните задачи така и во акциите пред противничкиот гол. „Среќни сме за пласманот во финалето. Играњето во Лигата на шампионите е сè што еден играч може да го посака“ – вели левиот бек на Баварците. „ПСЖ е одличен состав, но, ние имаме повеќе искусни играчи кои се гладни за трофеи “ – потенцираше Дејвис.

Read More

Фудбалерите на Баерн Минхен доцна синоќа славеа против Лион со 3-0 и си обезбедија место во финалниот меч во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Ханс Флик, вели дека по лошиот почеток неговите играчи брзо ја корегирале играта. „Лион делуваше силно на технички план и ни направи многу проблеми во почетокот на мечот. Видовме дека мора да се браниме подобро. Тие навистина имаат квалитетен состав“ – потенцираше Флик по што се насочи кон финалето со ПСЖ. „ПСЖ има одличен тим. Треба да анализираме голем број на детали иако сите знаеме дека тие имаат многу брзи играчи во тимот “  -вели тренерот на Баварците…

Read More

Фудбалерите на Баерн Минхен му се придружија на францускиот ПСЖ во финалето во Лигата на шампионите откако во второто полу-финале го совладаа составот на Олимпик Лион со сигурни 3-0. На стадуионот во Лисабон головите за Баварците ги постигнаа Гнабри (18) и (33) и Левандовски во 88 минута. Големото финале во елитата на стариот континет меѓу ПСЖ и Баерн Минхен ќе биде одиграно в недела на 23 август.

Read More

Медиумите во Италија денеска објавија дека Рома може да го купи фудбалерот на Наполи, Аркадиуш Милик. Според наведеното, „римската волчица“ за потписот на корпулентниот голгетер ќе мора плати 15 милиони евра и воедно да го испрати во Неапол, Џенгиз Ундер. Доколку Полјакот навистина пристигне во Рим, тогаш, Един Џеко, најверојатно ќе мора да си замине Медиумите потенцираат дека за услугите на интернациоанлецот од БИХ биле заинтересирани луѓето од Интер.

Read More

Анхел Ди Марија по убедливата победа на ПСЖ против Лајпциг и обезбедениот пласман во финалето во Лигата на фудбалските шампионите, вели дека неговиот тим бил доминантен уште од првата минута и дека лесно ја исполнил целта. „Одигравме фантатсичен натпревар. Напорно се подготвувавме за дуелите и завршницата. Сакаме сонот да го претвориме во јаве“ – вели интернационалецот од Аргентина. „Лајпциг е навостина одличен состав, но, ПСЖ заслужи да игра во финалето и да се бори за пехарот“ – потенцираше брзоногуиот фудбалер на францускиот состав.

Read More