Италијански фудбалски напаѓач Марио Балотели кој во текот на летово се раздели со Бреша, се наоѓа на радарот на американскиот ЛА Галакси и турскиот Бешикташ, тврди „Кориере дело Спорт“. Претходно имаше непотврдени информации дека за потписот на црномурестиот играч се заинтересирани и романскиот Клуж и бразилскиот Фламенго. Балотели кој во дресот на Бреша помина само една сезона, некаде во јуни годинава имаше недоразбирања со управата поради неговиот несериозен однос кон тренинг –процесот.
Author: dino
Левиот бек, Бен Чилвел, стоперот Тијаго Силва и напаѓачот, Каи Хавертц, се наоѓаат на списокот за засилувања на фудбалскиот состав Челзи. Доколку лондочани успеат да ги ангажираат споменатите играчи, тогаш ќе имаат квалитет да се борат за титулата, потенцира некогашниот член на „сините“, Густаво Поје, кој сега работи на клупата на францускиот тим Бордо. „Челзи има големи амбиции и затоа треба да купува екстра фудбалери. Мислам дека Лампард е амбициозен тренер кој сака да се радува на трофеи. Тоа не може да го направи само со форсирање на млади играчи“ – потенцира Поје кој од 1997 до 2001 настапуваше за…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека Баерн Минхел имал многу среќа во целокупната ситуација со Ковид-19 и дека тоа му помогнало да ја освои Лигата на шампионите. „Баерн имаше најдобар распоред во Бундес-лигата и оптимално време за подготовки. Сепак, станува збор за одличен тим.“ – потенцираше меѓу другото поранешниот тренер на Борусија Дортмунд кој одличнo ги познава Баварците. „Сигурен сум дека Баерн ќе имаше големи шанси доколку играше против нас или Манчестер Сити во големото финале“ – нагласи тренерот на „црвените“.
Екипата на Филаделфија која беше елиминирана во плеј-офот во НБА лигата, се определи да му врачи отказ на американскиот кошаркарски стратег, Брет Браун, кој цели седум години беше на клупата. Според наводите на „ЕСПН“, првите ѕвезди, Жоел Ембид и Бен Симонс ќе останат и понатаму во тимот кој сега ќе има нов предводник од клупата. Се шпекулира дека во преден план се наметнува Тајрон Лу, кој е дел од стручниот штаб на ЛА Клиперс. Во игра е Џеј Рајт кој работи во еден од колеџите во САД.
Атлетичарот од Јамајка и најбрзиот човек на сите времиња, Усаин Болт, имал позитивен тест на Ковид-19. Тој во петокот го прослави 34-от роденден и направи голема забава на која немаше социјално дистанцирање и немаше носење на маски. На прославата на роденденот на црномурестиот атлетичар бил присутен фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг како и играчот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.
Фудбалерот на Барселона, Луси Суарез, кој не влегува во плановите на новиот тренер, Роналд Куман, може да добие понуда да заигра за францускиот состав ПСЖ. Уругваецот ќе треба да го пополни испразнетото место по заминувањето на Кавани и да му биде партнер во нападот на Нејмар, со кого во 2015 година во дресот на Барселона ја освои Лигата на шампионите. За искусниот напаѓач кој дефинитвно ќе си замине од „Камп Ноу“ е заинтересиран и холандскиот состав, Ајакс.
Фудбалерите на Баерн Минхен по шести пат успеаа да ја покорат Европа. Тие во финалето во Лисабон славеа против францускиот ПСЖ со минимални 1-0 со голот на Колман реализиран во 59 минута по одличниот центаршут на Кимих. Германците на крајот со импресивен ефект од 11 победи во исто толку натпревари во елитната конкурнција сосема заслужено ќе ја збогатат ризницата со нов трофеј. ПСЖ во првото финале во Лигата на шампионите не успеа да стане вториот тим од Франција по Марсеј кој дошол до победничкиот пехар.
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, вели дека поради пандемијата со Ковид-19, немало друг избор освен да се одиграат елиминациски турнир за да се спаси сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. „Бевме присилени да организираме такви турнири во кои нема реванши и ќе се игра само во еден град. Според мене, форматот е интересен и се покажа како добар“ – вели Чеферин. „Гледавме фудбал без многу тактизирање и калкулации, нешто спротивно кога имаме два меча“ –потенцирал првиот човек на европскиот фудбал пред големото финале во ЛШ меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.
На Балканското првенство во Полумаратон кое се одржа денес 23ти Август 2020 год, нашите атлетичари ги постигнаа следниве резултати : Адријана Поп Арсова (10то) 10то место 1:21.15 Милјана Ристич (12то) 14то место 1:27.16 Атанас Анчевски (10то) 19то место 1:15.49 Милош Ранчич кој не ја заврши трката. Во надеж дека ситуацијата ќе остане стабилна и олеснителни мерки ќе продолжат, АФМ очекува да земе учество и на Балканското првенства за Младинци на 12ти и 13ти Септември во Истанбул, на Балканското првенство во Маратон на 13ти Септември во Ќустендил и на Балканското првенство за Сениори на 19ти и 20ти Септември во Клуж Непоха.
Португалецот Мигуел Оливеира стигна до првата Мото ГП победа во кариерата откако на Штаерска на патеката Ред бул ринг успеа да ги остави зад него Џек Милер и Пол Еспаргаро кои се бореа за првото место буквално на последниот свиок. Оливеира ќе влезе во историјата како првиот Португалец кој победува во трка од најсилната класа. Трката ја одбележа и инцидентот во 12 круг кога Маверик Вињалес ја загуби контролата врз моторот. Тој на крајот сепак успеа да се избори за 4-то мсто пред Андреа Довициозо, Алекс Ринс и Такаки Накагами. Ветеранот, Валентино Роси, на крајот го освои осмото место.
