Португалецот Мигуел Оливеира стигна до првата Мото ГП победа во кариерата откако на Штаерска на патеката Ред бул ринг успеа да ги остави зад него Џек Милер и Пол Еспаргаро кои се бореа за првото место буквално на последниот свиок.
Оливеира ќе влезе во историјата како првиот Португалец кој победува во трка од најсилната класа. Трката ја одбележа и инцидентот во 12 круг кога Маверик Вињалес ја загуби контролата врз моторот.
Тој на крајот сепак успеа да се избори за 4-то мсто пред Андреа Довициозо, Алекс Ринс и Такаки Накагами. Ветеранот, Валентино Роси, на крајот го освои осмото место.