Author: dino

Чилеанскиот играч за врска на Барселона, Артуро Видал, кој беше поврзуван со Интер, ја критикуваше целокупната ситуација во каталонскиот клуб. „Барселона треба да го промени размислувањето бидејќи фудбалот тоа го бара. Другите тимови постојано растат. Во денешно време, играта се базира на сила и на брзина. Техниката е ставена во втор план“ – потенцирал Видал. „Меси е несомнено број еден во светот, но, му треба помош од соиграчите“ – вели Чилеанецот кој наводно се договорил за трансфер во Интер.

Read More

Двајца руски биатлонци,  Дмитриј Шамаев и Наталија Ушкина, кои имаа забележителни настапи во младинската репрезентација, во иднина може да ги бранат боите на Романија. Според објавеното од страна на – „ТАСС“, романското Министерство за спорт започнало забрзана постапка за добивање на државјанство за младите спортисти. Претходно тројца руски биатлонци и се приклучија на романската репрезентација. Тоа се:  Анастасија Толмачева, Анатолиј Осикин и Елена Чиркова.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, ќе се обиде за 50 милиони евра да го купи играчот на Челзи, Нголо Канте. Црномурестиот фудбалер кој беше ангажиран од  Лестер за 36 милиони ера, не влегува во плановите на тренерот на „сините“, Франк Лампард и затоа може да добие дозвола да си замине. Во исто време, „нероаѕурите“ најавија дека планираат да продадат неколку играчи и добиените пари од нивните трансфери да ги пренасочат за купување на Канте.

Read More

Челниците на Аталанта се во напредни преговори за ангажман на аргентинскиот дефанзивец на Феенорд, Маркос Сенеси, информира – „TyC Sports“. 23-годишниот фудбалер кој дејствува во центарот на одбраната може да игра и како лев бек. Холанѓаните го купија Маркос во 2019 година од Сан Лоренцо за 7 милиони евра. Тој во изминатата сезона одигра 25 натпревари на кои даде три гола и направи  една асистенција. Неговата трансферна вредност е околу 20 милиони евра.

Read More

Екипата на Ренова може да игра против Волфсбург во второто коло во квалификациите за Лигата на Европа откако Европската фудбалска унија ги подели подгрупите за вториот квалификациски филтер. Покрај германскиот состав, тетовци може да го добијат за противник  и сплитски Хајдук (Хрватска) или Зрињски (БиХ). За Шкендија која ја има улогата на носител како можни противници се наметнуваат:  романскиот Ботошани, ЦСКА (Софија) и Сфинтул од Молдавија. Силекс, пак, како елиминиран од воведното квалификациско коло во ЛШ, сега ќе биде дел од елиминациите во ЛЕ.

Read More

Фудбалерот на Ајакс, Дони Ван де Бек, ќе го напушти Амстердам и за 45 милиони евра ќе се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, тврдат англиските медиуми. Тој и во претходното лето се поврзуваше со трансфер кај „црвените ѓаволи“, но, тоа не се случи иако неколку негови соиграчи добија дозвола да направат трансфер. Сега одредени извори наведуваат дека бил направен  договор и дека  Дони ван де Бек  сигурно ќе оди на „Олд Трафорд“.

Read More

Британецот, Луис Хамилтон, ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Белгија. Тој по шести пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата на патеката Спа Франкошамп. На денешните квалификации Валтери Ботас и Макс Ферстапен успеаа да се изборат за второто и третото место додека Даниел Рикардо од Ред Бул имаше четврто време. Денешните квалификации донесоаи ново фијаско за тимот на Ферари. Леклер и Фетел не успеаја да се пласираат во последната квалификациска рунда. Утрешната трка ќе започне од 15.10 минути.

Read More

Денеска на стадионот – „Вембли“ со мечот меѓу Ливерпул и Арсенал во рамките на Комјунити шилд ќе започне новата фудбалска сезона во Англија. Тоа е средба меѓу шампионот на Англија и освојувачот на ФА Купот од претходната сезона. „Црвените“ и „точиите“ три пати се сретнале во решавачката битка за трофејот во Комјунити шилд. Ливерпул има  две победи (1979 и 1989) и еден пораз (2002). За Ливерпул во првата постава треба да бидат:  Алисон, Александар-Арнолд, Гомез, Ван Дајк, Робертсон , Фабињо, Вајналдум, Кеита , Салах, Фирмињо и Мане. За Арсенал најверојатно мечот ќе го започнат:  Лено , Салиба, Луиз, Тирни , Седрик, Вилок,…

Read More

Аналитичарот на „Скај Спорт“, Џејми Карагер, вели дека евентуалниот трансфер на Лео Меси во Манчестер Сити е сосема логичен од повеќе аспекти. Ѕвездата на Барса јавно побара да си замине од тимот а сите шпекулации велат дека главен фавоти за неговиот потпис е тимот кој го предводи Пеп Гаврдиола. „Би сакал да го видам Меси во Премиер лигата. Единствениот клуб во кој може да дојде е Манчестер сити поради поврзаноста со менаџерот  (Гвардиола) и финансиската моќ што ја поседува клубот“ – вели Карагер кој не се согласува со мислењата дека „граѓаните“ со Меси во тимот ќе се „прошетаат“ до титулата…

Read More

Ракометарите на Металург денеска ќе го одиграат првиот меч од стартното квалификациско коло во Лигата на Европа против хрватската екипа Спачва Винковци. Средбата е закажана за вечер од 19:00 часот во Автокоманда додека реваншот е во Хрватска е на 5 септември од 19:30 часот. Во истото натпреварување тимот на Бутел е пред елиминација откако вчера загуби од Ѓенѓеш со 34 спрема 21 по што денешниот реванш ќе биде само формалност. Мечот ќе започне во 18.00 часот. Нашиот трет претставник во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер ќе стартува од групната фаза.

Read More