Британецот, Луис Хамилтон, ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Белгија.
Тој по шести пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата на патеката Спа Франкошамп. На денешните квалификации Валтери Ботас и Макс Ферстапен успеаа да се изборат за второто и третото место додека Даниел Рикардо од Ред Бул имаше четврто време.
Денешните квалификации донесоаи ново фијаско за тимот на Ферари. Леклер и Фетел не успеаја да се пласираат во последната квалификациска рунда. Утрешната трка ќе започне од 15.10 минути.

