Двајца руски биатлонци, Дмитриј Шамаев и Наталија Ушкина, кои имаа забележителни настапи во младинската репрезентација, во иднина може да ги бранат боите на Романија.
Според објавеното од страна на – „ТАСС“, романското Министерство за спорт започнало забрзана постапка за добивање на државјанство за младите спортисти.
Претходно тројца руски биатлонци и се приклучија на романската репрезентација. Тоа се: Анастасија Толмачева, Анатолиј Осикин и Елена Чиркова.