Возачот на Дукати, Андреа Довицозо, беше најбрз на денешната трка во Мото ГП првенството реализирана на патеката во Австрија.
Сепак, победата на Италијанецот падна во втор план поради големиот инцидент меѓу Жоан Зарко и Франко Морбидели. Имено при еден обид за претекнување дојде до контакт меѓу двајцата возачи а нивните мотори неколнтролирано продолжија да се движат кон Валентино Роси кој имаше неверојатна среќа да го избегне најлошото.
На крајот, второто место го освои Шпанецот, Жоан Мир со моторот на Сузуки додека како трет низ целта помина Џек Милер од Австралија со моторот на Рејсинг. Наредната трка од шампионатот повторно ќе биде возена во Австрија на 23 август.