Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го ангажира играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Идиса Гај. Медиумите во Франција тврдат дека фудбалерот може да го напушти Париз по само една сезона. 30-годишниот интернационалец од Сенегал има искуство од Премиер-лигата бидејќи една година го носеше дресот на Астон Вила додека три сезони играше за Евертон. Фудбалерот кој дејствува во средниот ред и одигра 33 средби за ПСЖ, има постигнато еден гол и направено две асистенции.
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе се обиде максимално да го засили тимот за наредната сезона откако челниците му одобрија буџет од 300 милиони фунти. „Граѓаните“ досега платија 21 милион за Феран Торес додека за 43 милиони евра го купија Најтан Аке од Борнмаут. Сити сака да го купи и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој се проценува на 80 милиони фунти. На списокот на Гвардиола се наоѓа и младиот Жоао Феликс од Атлетико Мадрид кој има трансферна цена од околу 90 милиони евра.
Италијанскиот фудбалски тренер, Карло Анчелоти, кој успеа два пати со италијанскиот Милан и еднаш со шпанскиот состав Реал Мадрид да ја освои Лигата на шампионите, вели дека завршницата на сезоната која ќе биде реализирана во Португалија, дополнително ќе мотивира дел од екипите. „Фаворити се клубовите кои се стремат кон пехарот од ЛШ гледано наназад неколку години. ПСЖ кој никогаш не стигнал до полу-финале како и Манчестер Сити“ – вели Анчелоти. „Што се однесува до Јувентус, за него Лигата на шампиони е опсесија. Сегашниов формат и играњето на само еден меч може да биде поволен за Јувентус“ – заклучи Италијанецот.
Францускиот весник – „L Ekip“ го прогласи тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан за најдобар на светот. Стратегот на „кралевите“ доби најмногу гласови во анкетата во која на второто место заврши тренер на Ливерпул, Јирген Клоп додека третото место го обезбеди менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Французинот кој годинава успеа да ја освои Ла Лига, во периодот од 2016 до 2018 година ги однесе „белите“ до титулата во Шпанија и пехарот од домашниот Супер-куп. Зидан три пати во серија ја покори Европа а во два наврата му се израдува на пехарот од Супер купот на УЕФА и…
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Брендон Вилијамс, откако дебитираше во тековнава сезона успеа да се избори за нов договор со далеку поголеми примања. Тој потпиша нова соработка со „црвените ѓаволи“ на 4 плус 1 година и ќе заработува 40.000 фунти неделно. Тоа е за 10 пати повеќе од сумата која досега ја добиваше левиот бек кој успеа да одигра 33 средби. „Брендон одигра одлична дебитанска сезона и сите во клубот сме среќни што потпиша нов договор“ – потенцираше тренерот на англискиот состав Оле Гунар Солскјер.
Попладнево во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа формирани двете групи со кои ќе стартува новата сезона во Супер- лигата. Првото дерби ќе биде веднаш во групата „Б“ . Таму Металург ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2. Тука во првото коло ќе се сретнат: Работнички со Бутел Скопје и Младост против Тиквеш. Слободна ќе биде екипата на Прилеп. Во групата „А“ во првата рунда ќе ги имаме мечевите: Јуниор К.В-Пролет, Астраион Хендбол-Радовиш и Голден Арт КЛ7 – Охрид. Слободна ќе биде екипата на Струга. Во првата фаза од шампионатот ќе ги нема Вардар и Еурофарм Пелистер кои ќе не претставуваат…
Македонскиот автомобилски шампион на меѓународните трки, Игор Стефановски Иџе, влегува во сезоната на ТЦР натпреварувањето на Источна Европа. Тој во текот на викендот ќе вози на автодромот Гробник во Хрватска. Утре се квалификациите а двете предвидени трки ќе бидат реализирани в недела. По паузата поради корона- вирусот, ТЦР натпреварувањето – Источна Европа го активира календарот. „Со силна возбуда можам да споделам дека се враќам на тркачките патеки. Во моментов заедно со мојот тим сме во Хрватска, тука не очекува тркатата на автодромот – Гробник. Ќе се натпреварувам со фантастични возачи, вкупно 17“ – вели Иџе. „Убеден сум дека ќе биде…
Професионалното тениско здружение (АТП) и женската тениска асоцијација (ВТА) ги откажаа традиционалните турнири во Кина откако Пекинг воведе забрана за одржување на меѓународни натпревари до крајот на годината како дел од безбедносни мерки против ширењето на корона-вирусот. Вкупно четири турнири во терминот од 28 септември до 18 ноември традиционално беа на календарот на АТП. Тоа се собирите со Ченгду, Хушчан, Пекинг како и Мастерсот во Шангај. Што се однесува до турнирите под капата на „ВТА“, тука бројката е поголема. Станува збор за седум настани кои беа предвидени да се одржат во периодот oд 12 октомври – 29 ноември вклучувајќи го…
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, со нетрпение го чека последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата против неговиот поранешен клуб, Лестер. Мечот на стадионот –„Кинг Пауел“ ќе биде директна пресметка за место во Лигата на фудбалските шампионите за наредната сезона. Домаќините ќе мора да одат на победа додека тимот на „црвените ѓаволи“ може да тактизира бидејќи секој резултат освен пораз, ќе го однесе во елитата на Европа. „Тоа ќе биде голем натпревар за двете екипи. Мора да бидеме свежи за да можеме да го одржиме темпото. Со набиената програма на мечеви немаме многу време за тренинг, затоа, главно ќе…
Челниците на фудбалскиот состав Баерн (Минхен) ќе му дозволат на Тијаго Алкантара да направи трансфер во Ливерпул иако неговиот договор истекува во 2021 година, објавија денеска медиумите во Англија. Двата клуба се договориле за трансфер на 29-годишниот интернационалец од Шпанија. Фудбалерот од средниот ред по цели седум години поминати во дресот на бундес-лигашот и освоени исто толку пехари, се одлучи да ја промени средината. Тијаго во последната сезона во која го носеше дресот на Баварците се појави на 36 средби во сите конкуреции и направи ефект од 3 гола и 2 асистенции.
