Првиот човек на ВТА, Стив Сајмон, потенцира дека целиот негов тим работи напорно за да се овозможат услови за продолжение на тениската сезона која е ставена во мирување во почетокот на месец март поради пандемијата со ковид-19. „Дефинитивно не се нормални времиња, но, се обидуваме да најдеме решение. Имаме многу проблеми со карантинот и патувањата, тоа ќе не мачи до крајот на сезоната. Мораме да ја искористиме ситуацијава и од неа да научиме за да знаеме како да се однесуваме во иднина“ – вели Сајмон. Тој најави дека во наредниот период ќе се знае дали ќе се организираат дел од…
Author: dino
Англиските фудбалски состави Челзи и Манчестер Јунајтед можат да започнат трка за потписот на голманот на Ателтико Мадрид, Јан Облак. Интернационалецот од Словенија не е задоволен како се одвиваат работите во шпанскиот состав со што се отвора прстор набрзо да си замине од тимот. Според наводите, 27-годишниот чувар на мрежата на „јорганџиите“ има откупна клаузула од високи 120 милиони евра. „Сините“ од Лондон иако го имаат на гол-линијата, Аризабалага, сакаат да се засилат на голманската позиција додека слабите партии на Де Геа, можат да ги натераат челниците на Манчестер Јунајтед да побараат негова замена.
Дефанзивецот на Монтреал, Ксавиер Вил, бил позитивен на тест за ковид-19 и затоа ќе мора да оди во карантин, објави клубот од НХЛ конкуренцијата. Хокеарот кој набрзо ќе наполни 27 години, изјавил, дека претходно имал негативни тестови и дека не знае на кој начин се заразил со вирусот. Вил кој поради новата ситуација ќе ги прескокне воведните подготовки на тимот, во тековнава сезона на 12 натпревари има направено 2 асистенции. Според најавата, неговиот тим на продолжението на сезоната ќе игра со Питсбург на 1 август. Ксавиер во неговата професионална кариера има постигнато 5 голови и направено 23 асистенции на 172…
Тони Надал кој подолг период му беше тренер на неговиот внук Рафаел, го избра најдобриот тенисер на сите времиња. Иако на таа тема има многу дискусии и мислењата се различни, Тони нема дилема дека во историјата на тенисот се издвојува, Рожер Федерер, кој е рекордер со 20 освоени титули од Грен Слем турнирите. „ТДодека јас го тренирав Рафаел Надал, секако дека сакав да победам против него на сите мечеви. Ми се допаѓа начинот на кој игра, затоа што тој стил е многу елегантен а сепак продуктивен“ – вели Тони. „Знам дека Федерер е најдобриот на сите времиња“ -истакна познатиот тениски…
Велшкиот фудбалски стратег, Џон Тошак, вели дека неговиот сонародник Герет Бејл треба да ја преиспита одлуката дали има логика да остане во редовите на Реал Мадрид бидејќи „кралевите“ јавно објавија дека сакаат да се ослободат од неговите услуги. Иако шпанскиот состав подолг период се обидува да го убеди брзоногиот фудбалер да си замине од тимот, агентот на Бејл, вели дека неговито клиент сака да го одработи договорот и дека нема намера да си замине од „Сантијаго Бернабе“ иако главно ја грее клупата за резерви. Според Тошак, таа ситуација не е добра и затоа двете страни треба да седнат на маса…
Македонските ракометни состави Металург и Бутел кои ќе бидат дел од новата Европска лига денеска ги дознаа можните противници за елиминацискиот дел. 30 екипи учесници се поделени во три зони. Бутел Скопје и Металург се во Зона 1 и се сместени во првиот шешир заедно со Минск, Турда и Виктор Ставропол. Можни ривали за македонските екипи се Спачка Винковци, Горица, Констанца, ЦСКА Москва и Ѓенѓеш. Ждрепката ќе се одржи на 28 јули во Виена од 11 часот. Нашиот трет претставник Еурофарм Пелистер нема да игра квалификации и ќе стартува oд групната фаза.
На денешниот состанок на АБА-лигата беше одлучено стартот на новата сезона да биде пролонгиран за две недели. Причина за тоа е пандемијата со корона-вирусот. Поместувањето на календарот се однесува и на второлигашкото јадранско натпреварување. Таму покрај МЗТ Скопје ќе го имаме и составот на Работнички. АБА-лигата беше прекината на почетокот на март а откако не се создадоа услови за доигрување беше одлучено да не се прогласи шампион.
Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари победа во новата фаза на Отвореното првенство на Источна Европа кое се реализира во Белград. Таа во групата „Ф“ славеше против Тијана Сретеновиќ од Србија со 2-0 по сетови со 6-3 и 6-2. Македонската претставничка немаше многу проблеми на мечот кој траеше нешто повеќе од еден час. До крајот на денов во групата на Ѓорческа ќе се сретнат Ивана Јоровиќ и Изабела Шиникова. Тоа се две тенисерки кои по две кола имаат максимален ефект. Двете претходно успеаа да ја победат Ѓорческа.
Англискиот фудбалски состав, Кристал Палас, потврди дека го ангажирал младиот Натан Фергусон. Договорот на дефанзивецот ќе биде валиден во наредните три сезони. 19-годишниот десен бек му се приклучи на клубот како слободен играч откако во јуни му истече договорот со Вест Бромвич. Ферусон кој е младински репрезентативец на Англија и потекнува од школата на ВБА, вели дека е пресреќен што потпишал со Кристал Палас. „Неверојатно е да се биде тука. Кристал Палас е исклучителен клуб и навистина можам да му помогнам на тимот. Не можам да чекам до почетокот на сезоната” – изјави талентираниот дефанзивец за официјалната веб-страница на лондончани.
Капитенот на фудбалскиот состав Милан, Алесио Ромањоли, поради повреда на мускулот ќе го пропушти остатокот од сезоната во Серија „А“. Тој беше принудно заменет на вчерашниот меч со Сасуоло одигран во рамките на 35-то коло во најсилниот фудбалски шампионат во Италија. „Ромањоли има проблем и сигурно нема да игра до крајот на сезоната. Многу ми е жал затоа што игравме добро а Алесио беше константен од почетокот на сезоната“ – изјави тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, кој се осврна и на повредата на десниот дефанзивец , Андреа Конти. „Конти има повреда на коленото, тој ќе биде подложен на дополнителни лекарски…
