Author: dino

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, откако се израдува на титулата во Шпанија, најави дека неговите фудбалери целото внимание ќе го насочат кон реваншот со Манчестер Сити во елиминациите во Лигата на шампионите. „Кралевите“ откако загубија дома со 2:1, сега ќе треба да одат на победа на теренот на „граѓаните“ доколку сакаат да влезат во четврт-финалето во елитната конкуренција. Францускиот стратег пред гостувањето во Англија најави дека играчите ќе добијат неколку денови одмор. „Сега ни претстојат неколку денови за да ја вратиме силата и да се подготвиме за тоа што нè чека. Моите играчи се вистински професиналци. Сакаме да одиме…

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, добива многу критики по елиминацијата од Челзи во ФА Купот на Англија. Шпанецот кој се гледа како еден од најдобрите чувари на мрежата денешницата, во серија прикажува слаби партии а тоа беше видливо и на мечот со „сините“. Легендарниот напаѓач на Англија,  Алан Ширер,  проценил дека Де Геа константно прави грешки и дека тренерот,  Оле Гунарс Солскјер,  треба да го седне на клупата за резервни играчи за да му даде шанса на Хендерсон. „Според мене, време е да биде заменет. Таков голман мора да биде на висина на задачата. Тоа сега не е…

Read More

Најпрестижниот индивидуален трофеј во светот на фудбалот – „Златната топка’’, годинава  за првпат гледано од 1956 нема да биде доделена поради пандемијата со Ковид-19. -Наградата во 2020 година нема да биде доделена поради условите во кои се наоѓаме. Мислам дека ваквата турбулентна година не можеме да ја гледаме како обична, бидејќи се разликува од претходните“ – вели Паскал Фере од „Франс Фудбал“. Лео Меси е лидер со шест освоени признанија  пред Кристијано Роналдо кој има едно помалку.

Read More

Европската ракометна федерација денеска ги потврди тимовите учесници за новата сезона на ЕХФ Купот кој отсега ќе го носи името ЕХФ Европска Лига. Еурофарм Пелистер влегува меѓу дванаесетте клубови кои имаат загарантирано место во групната фаза додека два македонски клуба преку квалификациите ќе се борат за место во групниот дел. Тоа се Металург и Бутел кои ќе мораат да поминат преку две квалификациски кола. Нивните противници допрва треба да им бидат одредени. Првите мечеви на стартот на квалификациите ќе бидат одиграни на 29 и 30 август а реваншите се веднаш потоа во почетокот на септември.

Read More

Некогашните македонски репрезентативци, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб, се најдоа во „дрим-тимот“ на ФИБА составен од селекции од делови од Европа кои не се меѓу најдобрите во изминатите 20 години. Во анкетата на фановите нашава земја е единствена со двајца во идеалната петорка. Лестер Бо Мекејлеб и Перо Антиќ беа лидери на генерацијата која во Литванија го обезбеди четвртото место што е историскиот успех за македонската кошарка. Покрај Антиќ и Мекејлеб во идеалната петорка се вметнати и Јон Стефансон од Исланд, Адам Ханга од Унгарија и Мирза Телетовиќ од БиХ.

Read More

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес, е победник на денешната трка возена на Хунгароринг за Големата награда на Унгарија. Второто место му припадна на Макс Верстапен од тимот на Ред Бул додека трет резултат обезбеди вториот член на Мерцедес, Валтери Ботас. Во  Топ 5 влегоа и Ленс Строл од Рејсинг поинт и Алекс Албон од Ред Бул додека зад нив трката ја завршија: Фетел, Перез, Рикардо, Магнусен и Сајнц.По три сезонски трки Хамилтон е лидер кај возачите со 63 бодови пред Ботас кој има 61. Хамилтон кој има 85 победи се приближи на само шест до…

Read More

Марк Маркез, актуелниот светски шампион во Мото Гран При, заработил фрактура на горниот дел на раката откако денеска излета од патеката Херез, објави неговиот клуб, Репсол Хонда. „Докторите утврдија фрактура на раката и тоа во нејзиниот горен дел. Се останато ќе биде детално проверено во болницата. Не можеме да кажеме ништо за периодот на рехабилитација, – изјавил Алберто Пуч, директор на Репсол Хонда. Маркез денеска остана без пласман иако доминираше на патеката на која победи Фабио Квартараро пред Маверик Вињалес и Андреа Довициозо.Наредната трка од шампионатото во Гран При конкуренцијата исто ката ќе биде возен на патеката Херез.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари, може да го напушти тимот, пренесува денеска весникот – „La Gazzetta dello Sport“. Менаџментот на клубот не е задоволен од неговата работа откако имаше проблеми со ѕвездата, Кристијано Роналдо а претрпе и поразот од Наполи во Купот на Италија. Сега според предвидувањата, настапот во Лигата на шампионите ќе биде клучен за специјалистот. Доколку не стигне до финалето ќе биде заменет со Маурисио Почетино кој претходно го предводеше Тотенхем. „Старата дама“  во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите загуби како гостин кај Олимпик Лион со 1:0.

Read More

Фудбалерот, Еден Азар, призна дека неговата прва сезона во Реал Мадрид му поминала крајно  разочарувачки и тешко. „Имав повреди, но, се надевам дека сè ќе заврши и наредната сезона ќе биде подобро. Всушност, не беше толку страшна година затоа што успеав да дојдам во клубот и веднаш да го освоиме првенството.Не можам да барам повеќе“ – вели фудбалерот од Белгија кој за „кралевите“ одигра 21 меч во сите конкуренции со ефект од 1 гол и 4 асистенции. „Поединечно, тоа беше најлошата година во мојата кариера. Беше малку чудно. Сега чекам титула во Лигата на шампионите иако ќе биде тешко со…

Read More

Шведскиот голгетер во редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ, не го прифати мирно вчерашниот потег на неговиот тренер, Стефано Пиоли на дуелот со Парма кога го повлече од игра во 61 минута. Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ кога поминувал покрај неговиот тренер му порачал друг пат да не го вади од игра и да одбере друг фудбалер. На тоа се осврна и Пиоли кој се обиде да разјасни зошто се определил да го извади Ибра а не некој друг фудбалер. „Вистина е, Ибра ми кажа нешто, но, не го разбрав што точно. Тој е многу значаен за тимот а јас сум…

Read More