Фудбалерите на Манчестер Сити вчера беа елиминирани од Арсенал во Купот на Англија по што нивниот тренер, Пеп Гвардиола, потенцирал дека е загрижен од формата на тимот пред реваншот со Реал Мадрид во ЛШ. „Фудбалерите се свесни дека не е добро. Во завршната фаза од сезоната мора да имате континуитет. Мислам дека од поразите ќе извлечеме поука“ – потенцираше шпанскиот стратег кој се насочи и кон мечот со „кралевите“ во елитата во Европа. „Против Реал Мадрид мора да одиграме подобро за да оствариме пласман во наредната фаза. Разоачаран сум од првото полувреме против Арсенал, тоа не смее да ни се…
Author: dino
Капитенот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, имаше само пофални зборови за неговиот тренер Зинедин Зидан, откако „кралевите“ на едно коло пред крајот на Примера Дивизион успеаа и математички гледано да ја обезбедат шампионската титула. „Зидан е клучот за нашиот успех, затоа сите веруваме во неговата работа. Навистина е уникатен, се што ќе допре, се претвора во злато“ – изјавил дефанзивецот на „белите“. Реал Мадрид со вчерашната победа против Вилјареал направи недостижна предност во однос на големиот ривал Барселона со што практично ќе го прослави 34-от трофеј гледано во историјата.
Првиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, најверојатно ќе се појави на Отвореното првенство на САД закажано во терминот од од 31 август до 13 септември доколку се укине 14-дневниот задолжителен карантин. Иако претходно Србинот објави дека размислува дали да патува за Њујорк, сега шпанската – „Марка“ потенцира дека Ѓоковиќ преку платформата „Зум“, учествувал на состанокот на челниците на АТП и играчите и дека посочил дека има желба да игра во Њујорк. АТП најави дека ќе се обиде да издејствува тенисерите по враќањето од САД во Европа да не бидат во карантин туку само да приложат негативен тест на Ковид-19.
Англискиот фудбалски состав Тотенхем планира да го ангажира напаѓачот на Лил, Виктор Осимен, тврдат медиумите во Франција. „Спарси“ сакаат да го комплетираат целиот процес до крајот на наредната работна недела бидејќи за услугите на Нигерицот се заинтересирани уште неколку елитни тимови од Европа. До пред неколку денови Осимен беше на чекор да потпише за Наполи, но, откако работите се искомпликуваа, Тотенхем сака да ја искористи ситуацијата и да го привлече во Англија. Осимен имаше одлична сезона со Лил откако на 27 средби забележа 13 голови. За потписот на црномурестиот играч покрај споменатите Наполи и Тотенхем, ќе конкурираат и Милан, Арсенал,…
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој на крајот на сезоната ќе го напушти тимот, најави, дека може да се активира во екипата на Рејсинг Поинт. Иако имаше шпекулации дека Германецот размислува и за повлекување од патеката во Формула 1, сега работите може да појдат во друга насока. Рејсинг Поинт од наредната сезона ќе го носи името Астон Мартин а првите луѓе на екипата сакаат да обезбедат конкурентен болид и да имаат искусен возач. Доколку четирикратниот светски шампион замине во Рејсинг, тогаш најверојатно Мексиканецот, Серхио Перез, ќе мора да бара друг тим. Како опција му се наметнува Алфа Ромео.
Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, не знае дали ќе остане на клупата во текот на летото и дали ќе го води тимот на реваншот со Наполи во Лигата на фудбалските шампиони.Откако неговиот состав ја загуби битката за титулата во Ла Лига, Сетиен е свесен дека промени мора да има. „Се надевам ќе бидам тренер на Барселона во ЛШ, не знам. Се согласувам со Меси за одредени работи. Мора да бидеме самокритични. Направивме напори да се подобриме, но, не успеавме“ – вели тренерот на шпанскиот тим. „Сите сме свесни дека не ги исполнивме очекувањата на навивачите и тие имаат право да…
Големата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, по вчерашниот пораз на домашен терен од Осасуна, изјави, дека е крајно разочаран од играта на неговиот состав и дека работите мора да се менуваат од корен. „Цела сезона играме слабо и без интензитет. Загубивме многу бодови а дуелот со Осасуна е само резиме на целата сезона. Мораме да бидеме самокритични. Да, Реал Мадрид заслужува честитки за начинот на кој одигра по ре-стартот на сезоната, но, ние им помогнавме“ – вели Меси. „Кажав дека нашата игра не е доволно добра за Лигата на шампиони, сега испадна дека не е доволно добра ни…
17-годишниот, Џед Белингем, е нов фудбалер на германскиот состав Борусија Дортмунд откако беше купен од англискиот Бирмингем за 23 милиони евра, што е повеќе од сериозна сума за тинејџер. Белингем кој ги поминал сите младински категории во англиската репрезентација, во дресот на Бирмингем е стандарден првотимец и во тековнава сезонава има 39 настапи во Чемпионшип. Младиот играч ќе им се приклучи на „милионерите“ откако ќе заврши сезоната во Англија која поради пандемијата со ковид-19 ќе биде продолжена до крајот на јули.
Oд 16 до 18 јули 2020 година за прв пат во историјата ќе се одржи ИТКФ он-лајн Медитерански шампионат во традиционално карате – (кати) за кадети, јуниори и сениори. Ќе учествуваат 188 напреварувачи од 22 земји меѓу кои и Македонија. За нашата селекција во кати ќе настапат: Дејан Недев, Аљоша Недев, Спасе Стојанов, Јане Бургов, Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска, Ведран Андоновски, Александра Стојановска и Максим Илиев. Изведбите на катите на сите напреварувачи се снимени со видео камери и испратени до судиските комисии кои ќе гласаат со оценки он-лајн. Судии од Македонија кои се делегирани се: Венцислав Недев, Дејан Недев,…
Поранешниот претседател на фудбалскиот состав Барселона, Жоан Лапорта, стравува дека капитенот, Лионел Меси може да го напушти тимот откако ситуацијата се искомпликува со потпишување на нов договор. Аргентинецот ја одработува последната сезона од договорот со Каталонците, но, се погласни се шпекулациите дека може да си замине од Шпанија. „Сакам тој да остане и по 2021 година, но, се плашам дека погрешните одлуки на челниците може да го натераат да си замине“ -изјави Лапорта.
