Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој на крајот на сезоната ќе го напушти тимот, најави, дека може да се активира во екипата на Рејсинг Поинт.
Иако имаше шпекулации дека Германецот размислува и за повлекување од патеката во Формула 1, сега работите може да појдат во друга насока. Рејсинг Поинт од наредната сезона ќе го носи името Астон Мартин а првите луѓе на екипата сакаат да обезбедат конкурентен болид и да имаат искусен возач.
Доколку четирикратниот светски шампион замине во Рејсинг, тогаш најверојатно Мексиканецот, Серхио Перез, ќе мора да бара друг тим. Како опција му се наметнува Алфа Ромео.