Author: dino

Себастијан Фетел кој со болидот на Ферари не ја заврши втората сезонска трка во Формула 1 возена  вчера во Австрија бидејќи имаше судир со клупскиот колега, Шарл Леклер, вели дека бил изненаден од целата ситуација. „ Се борев со други два болида, сите  влеговме во третиот свиок и тоа што се случи ме изненади. Мислам дека немаше место. Јас влегов  бавно и без многу движење бидејќи навистина немаше простор  и затоа се судривме со Леклер“ – вели Фетел. „Чувствував дека болидот е солиден, имаше подобрувања, штета што не успеавме да останеме подолго на патеката“ – изјавил Фетел

Read More

Фудбалерите на Јувентус во текот на викендот одиграа нерешно во дербито со Аталанта 2:2 иако гостите имаа предност од два гола. Токму освоениот бод и дава на „старата дама“ солидна предност во однос на конкурентите  во трката за шампионската титула. „Бјанконерите“ имаат плус осум во однос на второпласираниот Лацио што значи дека во завршните пет кола може да играат без притисок. Мечот против екипата од Бергамо го искоментира дефанцивецот, Леонардо Бонучи. „Секогаш е тешко да се игра против Аталанта. Сите мора да се жртвуваме за тимот. Освоивме бод,  се обидовме да победиме, но, не успеавме“ – вели Бонучи.

Read More

Најтрофејниот тенисер на денешницата, Швајцарецот Роже Федерер, откако нагласи што би можело да го натера да ја заврши кариерата,  се осврна и на остатокот од сезоната кој ќе го пропушти поради здравствени причини. „Ако почнам да губам во второто коло секоја недела, тогаш ќе разберам дека времето ми заврши. Сè уште сум жеден за победи, среќен сум и полн со мотивација“ – изјави Федерер. „ Сакам да си ги одмерам силите со најдобрите на големите турнири. Ми требаат таквите моменти“ – потенцираше носителот на 20-ет Грен слем титули.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска ќе се појават кај  Гранада во рамките на 36-то коло во Примера Дивизион. Со тој меч, „кралевите“  ќе влезат во мини-серија во која ќе играат и со Вилјареал и со Леганес. Тренерот, Зинедин Зидан, верува дека неговите избраници ќе одговорат предизвиците. „Имаме тешка седмица со три меча кои се многу значајни за нас. Сакаме да одиграме добро против Гранада а дури потоа ќе размислуваме за наредните противници“ – вели францускиот стратег. „Мислам дека нема да има многу притисок врз играчите. Тие имаат големо искуство, наша цел е да победиме на сите средби до крајот“ –…

Read More

Најдобриот македонски пливач, Евгениј Поп Ацев, кој со семејството живее во Велика Британија, пливаше во чест на легендата, Нико Нестор. Тој делницата од 7.15 километри ја помина за 1 час и 37 минути. „Пресреќен сум и сакам да објавам дека со завршување на пливачкиот предизвик се собрани над 750 фунти за доброотворната организација Нико Нестор. Условите беа одлични и навистина уживав во пливањето на делницата. Сакам да изразам огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и помогнаа во остварувањето на оваа голема цел“ – изјави Поп Ацев. Добротворната организација – „Нико Нестор“,  која го носи името на првиот Македонец кој го…

Read More

Британецот, Луис Хамилтон, со болидот на Мерцедес, победи на денешната трка во Формула 1 возена во Австрија за Големата награда на Штаерска. Втор низ целта помина неговиот клупски колега Валтери Ботас додека трет резултат оствари членот на Ред Бул, Макс Вестрапен. Актуелниот светски првак кој доминираше од првиот до последниот круг, успеа да ја забележи првата сезонска победа или вкупно 85-та во кариерата.Денешниот собир донесе нова лоша епизода за возачите на Ферари откако  на стартот Леклер го исфрли Фетел од надвор од патеката а потоа и самиот се откажа во седмиот круг. Најдобрите пет ги комплетираа Александар Албон и Ландо Норис додека…

Read More
NBA

Откако кошаркарот, Леброн Џејмс, го спореди кампусот во Орландо со затвор и потоа доби критики од навивачите, неговиот колега од  Мајами Хит, Мајерс Леонард, вели дека не разбира зошто ѕвездите во НБА се жалат на условите во  кој ќе се одигра завршницата од сезоната. 28-годишниот кошаркар истакна дека играчите добиваат милиони долари за да го реализираат тоа што го сакаат додека  војската добива многу помалку пари иако е изложена на многу поголеми опасности. „Прво, добивам милиони долари за да играм кошарка – нешто што го сакам. Второ, брат ми помина девет месеци во Авганистан за многу помалку пари. Разликата е…

Read More

Францускиот напаѓач на Барселона, Aнтоан Гризман, заработил потешка повреда на теренот на Валјадолид и најверојтано ќе мора да паузира подолг период, објавија денеска медиумите во Шпанија. Според нив, играчот на Барса ќе мора да оди на детални лекарски прегледи за да му се утврди точниот степен на повредата и каков ќе му биде процесот на рехабилитација. Сега останува дилемата дали Гризман откако ќе ги пропушти мечевите со Осасуна и Алавеш на 16 и 19 јули ќе влезе во списокот на Барселона за реваншот со Наполи во Лигата на шампионите кој треба да се одигра на 8  Август.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари објасни зошто Миралем Пјаниќ, го пропушти вчерашното дерби со Аталанта одиграно во Торино кое заврши 2 спрема 2. „Пјаниќ имаше проблем со адукторот, тој не беше во одлична форма и не сакав да ризикувам некоја посериозна повреда на мускулите бидејќи се игра на секои три дена“ – рече тренерот на „старата дама“ и се осврна на збиднувањата на мечот. „Откако го примивме вториот гол успеавме да се наметнеме во вториот дел. Целосно ја презедовме контролата. На крајот мора да бидеме среќни бидејќи игравме против една од најдобрите екипи во Европа” – потенцираше Сари.

Read More

84 од вкупно регистрирани 97 делегати беа присутни на денешното Генерално собрание на Фудбалската Федерација на Македонија кое беше одржано со практикување на здравствениот протокол одобрен од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Пред приисутните се обрати првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. „Ви благодарам што заеднички минуваме низ тежок период свесни дека кризава само со координирани напори можеме да ја надминеме. Откажувањата или одложувањата на натпреварите секогаш се најнепопуларна мерка, во нашата ситуација друга можност, немаше“ – потенцираше Сејидни пред делегатите. Управниот одбор на ФФМ на денешното Редовно собрание донесе одлука сезоната 2020/21 да се игра со…

Read More