Author: dino

Поранешниот напаѓач на Барселона, Ривалдо, не се согласува со тврдењата на првиот човек на каталонците, Жозе Бартоме, дека судиите го форсираат Реал Мадрид во трката за шампионската титула бидејќи донесоа неколку одлуки на страна на „кралевите“ откако беше користен ВАР системот. „Барселона го победи Еспањол во каталонското дерби, но, очекував многу подобра игра од избраниците на Кике Сетиен. Тоа беше разочарувачки чекор назад откако прикажаа одлична партија против Вилјареал во неделата. Загрижен сум, Реал никако да погреши во трката за титулата“ – вели Ривалдо „Не се согласувам со претседателот, Бартоме, кога тој вели дека е Реал фаворизиран. Тој едноставно се обидува…

Read More

Чилеанскиот фудбалски стратег, Мануел Пелегрини, од наредната  сезона ќе седи на клупата на шпанскиот состав Бетис откако во преговорите издејствувал договор за три години, објавија медиумите на Пиринеите. Веста денеска официјално ја потврди и клубот. „Бетис потпиша со Мануел Пелегрини кој ќе го води тимот од наредната сезона. Договорот е со трајност до 30 јуни во 2023“ – стои во соопштението на тимот кој се натпреварува во Примера. Ќе потсетиме дека Пелегрини долги години „плива“ во тренерските води а како најатрактивни состави во кои работел се издвојуваат: Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ривер Плата.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, ќе добие понуда да ја продолжи кариерата во италијанскиот гигант Наполи откако тренерот, Џенаро Гатузо, јавно откри дека го планира на подолг период. Тој пред сезоната за 16 милиони евра реализираше трансфер од Фенербахче во Наполи а сега италијанските медиуми неведуваат дека ќе добие можност да ја продолжи соработката со „наполитанците“ и тоа до јуни 2025 година. Емас во дебитантската сезона има има еден гол и една асистенција, но, очигледно со неговите настапи ги задоволи вкусовите на калчо-лигашот.

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие противниците во првата квалификациска фаза за Светското првенство во 2021 година. Ние ќе бидеме во првата по квалитет група заедно со Австрија, Словачка, Турција и Белорусија што значи дека ќе добиеме послабо рангирани селекции и ќе имаме полесен пат кон Мундијалот. Натпреварите ќе се играат турнирски кај еден домаќин во термините од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември.На крајот, првите две селекции од секоја група ќе одат во баражите. Еве како се поделени селекции пред денешното формирање на групите Шешир 1: Македонија, Австрија, Словачка, Турција, Белорусија. Шешир 2:…

Read More

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол, верува дека на клубот му требаат уште три или четири квалитетни засилувања за да биде конкурентен за титулата во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ се препородија по рестартирањето на сезоната бидејќи направија серија од 16 натпревари без пораз. „Секој менаџер бара опции за зајакнување на тимот со нови играчи. Постојат гласини дека ќе дојде  Санчо. Дали тој ќе може да му даде нешто поразлично на Манчестер Јунајтед? Секако, сигурен сум “ – изјави Кол за клупската телевизија. „Санчо има квалитет да постигне гол или да направи асистенција. Тој треба да дојде на  „Олд Трафорд“…

Read More

Италијанските медиуми објавија дека нашиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски, може да си замине од екипата на Удинезе на крајот на сезоната, но, дека има шанси да остане на „Чизмата“. Нашиот фудбалер по банкротот на Палермо се определи да потпише за Удинезе, но, не ги исполни очекувањата на раководните гарнитури. Сега медиумита на Апенините пишуваат дека Несторовски може да добие понуда да го облече дресот на Кротоне доколку екипата успее да се пласира во Серија „А“ за наредната сезона.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари, не може да поверува дека неговиот тим вчера прими три гола за само 5 минути на теренот на Милан и остана со празни раце. Домаќините од 62 до 67 минута направија пресврт и поведоа со 3-2. До крајот на мечот, Јуве не успеа да се врати  а „росонерите“ со четвртиот гол ја потврдија победата. „Мислам дека 60 минути игравме фудбал од светска класа. Ние тотално ја контролиравме играта и во еден момент се чинеше дека ќе победиме. Сега навистина нема логика да ги коментираме настаните. Мора да извлечеме поука и да се насочиме…

Read More
NBA

Поголем дел од европските медиуми најавија дека легендарниот кошаркар, Пол Гасол, има голема желба да ја заврши кариерата во шпанскиот гигант, Барселона. 40-годишниот ветеран кој два пати во дресот на Лос Анџелес Лејкерс го освои шампионскиот прстен во НБА лигата, во еден период од кариерата ги бранеше и боите на: Милвоки, Сан Антонио, Чикаго и Мемфис. Гасол во 1998 година се наметна во професионалната кошарка како член на Барса а само две сезони подоцна успеа да замине преку „големата бара“.

Read More

Српската тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, проговори околу збиднувањата на „Адрија Тур“ кога дел од учесниците покажаа позитивни резултати на ковид-19. „Во последно време гледам само критики а најголем дел од нив – злонамерни. Очигледно е дека постои нешто повеќе, ми се чини како да има агенда, како некој вид – лов на вештерки. Сега мора некој да падне, некоја личност, големо име да биде посочено за најголем виновник за сè“ – вели Ѓоковиќ кој беше организатор на хуманитарните турнири во Белград и Задар. Првиот играч на АТП листата откако без проблеми ја доби битката со ковид-19, полека се враќа во…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Антоан Гризман, ќе остане во клубот откако добил уверување од челниците дека ќе ја има посакуваната минутажа на теренот. Францускиот интернационалец по неговиот трансфер во претходното лето од Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, неочекувано во последниов период главно ја грее клупата. Медиумите дури шпекулираа дека Гризман по конфликтот со Меси може да си замине бидејќи за неговите услуги биле заинтересирани ПСЖ, Интер и Јуве. Договорот на Гризман е валиден до 2024 година. Тој во тековнава сезона има одиграно 40 мечеви во сите конкуренции со ефект од 11 голови.

Read More