Author: dino

Чави Мартинез е првиот фудбалер кој во текот на летово ќе го напушти шампионскиот состав на Баерн Минхен, објавија локалните медиуми. Тој по осум сезони поминати во дресот на Баварците ќе си замине со дури 19 трофеи освоени во различни конкуренции. Според најавите, Мартинез, најверојатно ќе се врати во Атлетик Билбао. Тоа е состав од кој си замина пред 8 години и се пресели во германскиот фудбал. Искусниот играч кој одигра за тимот од Минхен 237 средби има договр за уште една сезона, но, бидејќи има желба да се врати во Шпанија, Баерн ќе му дозволи да ја напушти „Алијанц…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не треба да се прават прекини на мечевите кога играчите добиваат вода за освежување. Судискиот тајм-аут беше воведен поради големите горештини во летните месеци и поради збиениот распоред во шампионатите. „Најверојатно одлуката е донесена заради временските услови. Тренерите ги користат тие прекини за да разговараат со играчите” – изјави Шпанецот кој воедно се осврна на најавите дека неговиот тим може да му биде домаќин на Реал Мадрид во реваншот од Лигата на шампионите: „Ние сакаме да играме во Манчестер, но, ќе го прифатиме местото определено од УЕФА. Не сум барал…

Read More

Ракометниот состав на Вардар по пат на социјалните мрежи откри детали за договорите на двете засилувања кои доѓаат од Хрватска од тимот на Загреб. Станува збор за Анте Гаџа кој во претходната сезона постигна 40 голови во Лигата на шампионите и за младиот, Јосип Векиќ, кој е голема надеж на европскиот ракомет. „Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961. Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ а Векиќ ќе остане во Скопје до 2024 година“ стои во објавата на нашиот шампион на „Фејсбук“.

Read More

Тенисерот, Рафаел Надал, одамна најави дека ќе се откаже од еден од турнирите – „УС Опен“ или „Ролан Гарос“. Се претпоставува дека тоа ќе биде собирот преку „големата бара“ бидејќи Шпанецот се пријавил за Мастерсот во Мадрид кој започнува само еден ден по Отвореното првенство на САД. Медиумите шпекулираат дека некогашниот број 1 на АТП  нема да ја напушта Европа. Еден од најдбрите тенисери на денешницата според проценките ќе се насочи на собирот на „Ролан Гарос“ и ќе се обиде да го освои 20-от. Грен Слем пехар.

Read More

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, по вчерашната победа против Евертон, стана петтиот менаџер во Премиер-лигата кој успеал да се израдува на 200-та победи. „Специјалниот“ дојде до тој ефект со импресивни  326 средби со што го запоседна второто место веднаш зад легендарниот  Сер Алекс Фергусон кој  по 322 меча имаше 200-та победи. Другите тројца менаџери во тоа рангирање се: Арсен Венгер ( 332), Дејвид Мојс ( 511) и Хари Реднап ( 536). Што се однесува до вкупниот број на победи во Премиер лигата, број 1 е Фергусон со 528 пред Венгер (476), Реднап (236 успеси) и Мојс (207 успеси). Во топ…

Read More

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа,  оствари нова победа на Источноевропскиот турнир кој се реализира во Белград. Таа денеска славеше  убедливо со 2-0 против домашната претставничка, Доротеја Јоксовиќ. Тетовчанката лесно го доби првиот сет со максимални 6-0 додека во вториот нешто потешко успеа да победи со 6-4. Денешниот триумф остварен на терените на Академијата на Јанко Типсаревиќ, покажува дека нашата Ѓорческа е влезена во посакуваниот ритам и дека може да постигне добар резултат на турнирот во соседна Србија.    

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, потпиша нов договор до летото во 2023 година , објави познатиот новинар, Ди Марцио. Се уште нема потврда  од клубот, но, во последниве месеци 31-годишниот Матиќ е постојан стартер кај Оле Гунар Солскјаер и настапува на многу високо ниво. Тој е еден од најзаслужните за серијата од 16 натпревари без пораз за „црвените ѓаволи“. Српскиот играч од средниот ред игра за Јунајтед од 2017 година. Матиќ  во сезонава има  27 натпревари во сите натпреварувања со ефект од еден гол и три асистенции.

Read More

Јирген Клоп кој со Ливерпул ја обезбеди титулата во Премиер-конкуренцијата, јавно проговори за најавениот трансфер на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен. Шпанскиот фудбалер одби да потпише нов договор со Баварците по што многу медиуми објавија дека тој ги договорил личните услови со новиот шампион на Англија. Клоп на прашање поврзано со Алкантара и неговото можно доаѓање на  стадионот -„Енфилд“  одговори кратко и со насмевка. „Никогаш не зборувам за таа тема наречна трансфери. Алкантара е навистина добар играч кој многу ми се допаѓа. Тоа е сè што треба да кажам за него “ – потенцирал стратегот на „црвените“.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не може да поверува дека неговиот состав го претрпе и деветиот сезонски пораз на вчерашниот дуел со Саутемптон иако беше апсолутно доминантен на теренот. „Граѓаните“ имаа посед на топка преку 70 проценти и дури 20 шутеви кон противничкиот гол,  но, домаќините ги освoија бодовите благодарение на минималната победа од 1-0. „Тешко ми е да ја најдам причината за сите досегашни порази. Можеби ја немаме најдобрата одбрана во лигата, но, верувам дека можеме да постигнуваме повеќе голови. Јасно е дека не сме на посакуваното ниво“ – потенцира шпанскиот тренер на клупата на Сити.

Read More

Главниот тренер на фудбалерите на Аталанта, Жан Пјер Гасперини, вели дека одличната серија која го задржа тимот во трката за третата позиција во Серија „А“, треба да продолжи и на наредните мечеви. „Наша цел е да обезбедиме место што ќе не однесе во Лигата на шампионите и воедно да поставиме нови клупски рекорди. Оддалечени сме само 5 бодови од второто место, што не е малку, но, не се предаваме, ќе се обидеме да го освоиме“ – вели Гасперини. Екипата од Бергамо на осум кола пред крајот има  63 бодови и фигурира на четвртото место на табелата.

Read More