Во Лига Европат треба да се одиграат реваншите од 1/8-финалето: Копенхаген – Истанбул ББ (0:1), Вулверхемптон – Олимпијакос (1:1), БаерЛеверкузен – Ренџерс (3:1), ШахтјорДонецк – Волфсбург (2:1) , Базел – Ајнтрахт (3:0), МанчестерЈунајтед – ЛАСК (5:0). Интер – Хетафе и Севилја–Рома. Потоа во наредната фаза ЧЕТВРТФИНАЛЕ, 10 И 11 АВГУСТ ќе се сретнат победниците од дуелите: Волфсбург/Шахтер – Ајнтрахт/Базел ЛАСК/Манчестер јунајтед – Истанбул/Копенхаген Интер/Гетафе – Г. Ренџерс/Баер Л. Олимпијакос/Вулверхемптон – Севилја/Рома ПОЛУФИНАЛЕ, 16 И 17 АВГУСТ Олимпијакос/Вулверхемптон–Севилја/Рома – ЛАСК/Манчестер јунајтед–Башахшехир/Копенхаген Интер/Гетафе–Г. Ренџерс/Баер Л. – Волфсбург/Шахтер–Ајнтрахт/Базел Четврт-финалето ќе биде во Германија а домаќини се Келн, Дуизбург, Дизелдорф и Гелзенкирхен. Финалето ќе…
Author: dino
Денеска во седиштето на УЕФА беа формирани двојките за завршницата на Лигата на фудбалските шампиони која ќе биде одиграна гледано од 1 /4 финалата фаза само на стадионите во Лисабон во Португалија. Во тој сегмент, победникот од дуелот Манчестер Сити-Реал Мадрид прв меч 2-1 за англичаните ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Јувентус и Олимпик Лион, во првиот дуел французите победија дома со 1:0. Тоа е првата 1 /4 финална двојка. Во втората германскиот РБ Лајпциг ќе игра со Атлетико Мадрид. Во третата победникот од мечот Наполи/Барселона (прв меч 1:1) ќе излезе на мегдан против Баерн Минхен/Челзи (3-0). Во…
Интернационалецот од Брег Слонова Коска, Саломон Калу, само два дена откако си замина од германскиот состав, Херта Берлин, потпиша за бразилскиот Ботафого. Некогашниот фудбалер на Челзи и Лил потпишал договор само за една сезона. Тој во текот на викендот треба да ја напушти Германија и да се упати кон Јужна Америка. 34-годишниот фудбалер ќе дибитира за Ботафого во почетокот на наредниот шампионат кој треба да започне во август. Ќе потсетиме дека екипата од Рио де Жениро претходно успеа да го ангажира и јапонскиот ветеран, Кеисуке Хонда.
Челниците на фудбалскиот состав Јувентус продолжуваа да работат на летната селекција. Тука во преден план се наметнува името на младиот Николо Заниоло од Рома. „Бјанконерите“ се надеваат дека ќе ги искористат финансиските проблеми на „римјаните“ и дека ќе го купат играчот по поволни услови. Тие планираат да понудат 50 милиони евра плус бонуси за 21-годишниот талент. Италијанскиот состав исто така, ќе се обиде да привлече и лев бек. Станува збор за играчот на Аталанта, Робин Госенс. 26-годишниот Германец се проценува на 20 милиони евра.
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ и и стратегот на Сампдорија, Клаудио Раниери, добија забрана да седат на клупата на наредниот натпревар откако заработија исклучување во претходното коло во Серија „А“. Михајловиќ дополнително е казнет и со 15.000 евра бидејќи не престана да ги навредува вербално судиите на мечот со Интер откако беше испратен на трибините. Во исто време, Дисциплинската комисија на италијанската федерација ги казни со еден меч забрана за настап и играчите на Рома, Хенрик Мхитаријан и Брајан Кристанте.
Патрик де Костер, кој му е агент задолжен за трансфери на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, нагласи дека неговиот клиент воопшто не размислува дали на „граѓаните“ ќе им биде потврдена казната од УЕФА. „Во моментов тоа воопшто не му пречи. Тој има уште тригодишен договор со тимот од светска класа. Тој е во клуб и во град во кој се чувствува добро и знае дека е ценет. Тој не размислува за трансфер“ – рече Де Костер. Англискиот состав кој доби забрана да настапи во европските купови во наредните две години поради кршење на финансискиот фер-плеј,…
Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен , кој е најдобриот голгетер во Бундес-лигата во штотуку завршената сезона, беше прогласен за најдобар играч во Германија од страна на Здружението на професионалните фудбалери. За напаѓачот од Полска гласаа 40,2% од фудбалерите, за Џејдон Санчо од Дортмунд гласеле 13,9%, додека Џошуа Кимих, исто од Баерн добил 7,2% од гласовите. Кај тренерите најмногу гласови доби Ханс Флик. Еве како изгледа и тимот на сезоната во Бундес-конкуренцијата. Нојер, Хумелс, Алаба, Хакими, Дејвис, Кимих, Санчо, Хаверц, Левандовски, Халанд и Вернер.
Ждрепката за завршницата од Лигата на фудбалските шампиони и Лига Европа ќе се одржи во 13 часот во седиштето на УЕФА. Турнирите беа суспендирани поради пандемијата со ковид-19 а сите мечеви беа префрлени за авгус. Денеска ќе бидат формирани двојките за четврт-финалето и полуфиналето. Аталанта, Атлетико Мадрид, РБ Лајпциг и Пари Сен Жермен го обезбедија учеството. Следуваат реаншите Баерн – Челзи (3:0), Барселона – Наполи (1:1), Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1) и Јувентус – Лион (0:1). Од четврт-финалето па натаму ќе се игра само на терените во Лисабон а финалето е на 23 август . Нема да има гледачи…
Македонската ракометна репрезентација нема да учествува на Светското првенство во Египет идната година во јануари откако Интернационалната ракометна федерација одлучи да не ни додели вајлд-карта. ИХФ двете специјални покани за учество на ракометниот мундијал ги испрати до Полска и Русија. Европската ракометна федерација (ЕХФ) претходно поради корона-вирусот ги поништи баражите. Ние требаше да играме со Франција.
Фудбалерот на Фиорентина, Џовани Симеоне, кој игра како позајмен во екипата на Калјари, вели дека има голема желба да ги брани боите на Атлетико Мадрид без разлика дали таму ќе остане на тренерската позиција неговиот татко, Диего. 25-годишниот играч кој има забележителни партии во Серија „А“, вели, дека од мали нозе сака да настапува во дресот на „јорганџиите“, за разлика од многумина, кои преферираат да играат за Реал или Барса. „Тоа го сонувам уште од дете и тоа го сакам. Мојот татко е тренер таму, се надевам дека тој ќе ми биде тренер еден ден. Сега тешко дека ќе потпишам…
