Author: dino

NBA

Харисон Барнс, еден од најдобрите кошаркари на Сакраменто Кингс соопшти на социјалните мрежи дека е во карантин бидејќи е позитивен на Ковид 19. Тој напиша дека се чувствува добро и дека  нема посебни проблеми, но, ќе мора да добие негативен на два теста за да им се приклучи на соиграчите во Орландо. Барнс во сезонава има просек од 14,7 поени и 4,8 скокови. Барнс е  досега четвртиот играч од Сакраменто епозитивен на корона-вирусот. Претходно беа заразени и: Бади Хилд, Џабари Паркер и Алекс Лен.  

Read More

Реал Мадрид доколку победи в четврток на средбата со Валјадолид и теоретски ќе ја обезбеди новата титула во фудбалскиот шампионат на Шпанија. „Кралевите“на две кола до крајот имаат четири бодови предност во однос на Барселона. – На две кола до крајот ние и Барселона имаме шанси да ја освоиме титулата. Ако Реал стане шампион, нашите фудбалери нема да се појават на традиционалните локации за прослава на трофејот. Испраќаме повик до фановите и тие да не го прават тоа, мора сите да бидеме максимално одговорни и внимателни и да се избегне ризик од ширење на коронавирусот. – Многу би сакале фудбалерите…

Read More

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел, очекува тренерот на „топчиите“, Микел Артета, да обезбеди квалитетни засилувања во текот на летниот трансфер-период.  Клубот од северен Лондон кој се соочува со многу проблеми на одредени позиции,  дефинитивно треба да го зголеми ростерот. „На Арсенал му се потребни четири-пет играчи. Потребни се стопери, играчи од средината на теренот и втор напаѓач или крилен играч“ -вели Кембел. „Можам да ги донесам Томас Парти од Атлетико и Рабио од Јувентус. Мислам дека Калиду Кулибали е брз и одличен дефанзивец кој му треба на Арсенал“  – потенцираше некогашниот играч на тимот.  

Read More

Самир Ханданович ќе остане на голот на Интер до 2022 година објавија денеска медиумите на Апенините. Тоа значи дека првиот голман на „нероаѕурите“ ќе остане активен на фудбалските терени и кога ќе има 38 години. Интернационалецот од Словенија се активираше во екипата од Милано во 2013 година кога го напушти составот на Удинезе. Тој ја носи капитенската лента откако Мауро Икарди влезе во расправија со челниците на тимот. Деталите околу новиот договор ќе бидат објавени во наредниот период.

Read More

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Томас Тухел, изрази разочарување бидејќи неколку добри првотимци го напуштија клубот пред крајот на сезоната. Едисон Кавани, Томас Муниер и Танги Кваси си заминаа откако им истекоа договорите кон крајот на јуни. Францускиот шампион во текот на летово го очекуваат финалните мечеви во домашните Купови како и четврт-финалето во Лигата на шампионите против Аталанта. „Тажен сум што загубивме тројца главни играчи за Лигата на шампионите. Тоа ги отежнува работите“ – потенцира тренерот на ПСЖ.

Read More

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, вели дека неговиот тим мора да го оддржи темпото до крајот на мечот бидејќи секое опуштање ќе значи шанса за противникот да се наметне. „Кралевите“ вчера славеа на теренот на  Гранада минимално со 2 -1 а токму Рамос со одлична реакција на гол линијата во самиот финиш  спречи израмнување на 2:2. „Го спуштивме гардот во второто полувреме и можевме скапо да платиме. При 2:0, наместо да одиме по трет гол, ние се опуштивме. Мора да останеме концентрирани 90 минути“ – вели дефанзивецот на „белите“. Реал Мадрид доколку в четврток успее да победи дома против…

Read More

Нашиот автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, нема да патува за Италија на трката во Муџело во рамките на ТЦР  шампионатот. Поради кризата со корона-вирусот, дел од земјите повторно ги затворија границите за жители на државте  кои не се дел од ЕУ. „ Очекувавме дека ќе може да патуваме во Италија. Направивме сè што можевме . Разгледувавме алтернативи, за жал, безуспешно“- напиша Иџе на социјалните мрежи. „Верувам дека во наредниот период заедно со мојот тим ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа“ – стои во текстот на Игор Стефановски-Иџе.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, вели дека не гледа логика Спортскиот арбитражен суд во Лозана да му ја поништи санкцијата наметната од УЕФА на Мачестер Сити а во исто време клубот да мора да плати парична казна. Португалскиот стратег истакна дека „граѓаните“ дефинитивно ги прекршиле правилата штом ќе треба да платата за престапот. „Не знам дали Манчестер Сити е во право или не, но, моето гледиште е јасно, ако не си виновен, тогаш  си ослободен. Сити беше спасен од европската суспензија, но, ќе мора да плати 10 милиони евра. За што ќе плати 10 милиони евра ако не…

Read More

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 25. пат ги додели предвидените награди. Победникот, моделот „Opel Corsa“ беше прогласен уште во февруари, но, поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено.Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците. За победникот „Opel Corsa“ е врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година а признанието СУВ на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4. „ Горди сме што најстарата манифестацијата од…

Read More

Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја прифати жалбата на Манчестер Сити по што англискиот фудбалски  тим ќе може да се појави во сите конкуренции под капата на УЕФА уште од наредната сезона. Претходно европската куќа на фудбалот ги казни „граѓаните“ со забрана за настап во меѓународна конкуренција во период од две години поради прекршување на финансискиот фер-плеј. Сега откако казната е поништена Манчестер Сити ќе може да игра во Европа откако во рок од 30 дена ќе плати само парична казна од 10 милиони евра

Read More