Author: dino

Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, поставил нови услови за да го продолжи договорот со англискиот фудбалски состав, објавија медиумите на Островот. Црномурестиот играч преку неговиот агент задолжен за трансфери, побарал 250.000 фунти неделно плус бонуси и договор за три сезони што е 20 проценти повеќе од тоа што го добива во моментов. Доколку „топчиите“ сакаат да го задржат, ќе мора да му ги исполнат поставените услови. Во спротивно, Обамејнаг може да си замине, бидејќи за неговиот потпис се заинтересирани: Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Интер па дури во одредени варијанти и ПСЖ.

Read More

Матија Биното, првиот човек на екипата на Ферари во Формула 1, вели дека не му бил понуден нов договор на Себастијан Фетел поради пандемијата со корона-вирусот. „Во јануари бевме сигурни дека ќа продолжиме со соработката бидејќи Фетел беше нашиот прв избор. Подоцна ситуацијата со „Ковид-19“ драстично ги промени работите не само во нашиот спорт туку во многу делови од животот.Ограничувањето на буџетот не натера на таков чекор“ – вели Биното. „Слушнав дека Фетел бил изненаден од одлуката, го разбирам потполно и знам дека не е среќен. Помина одлични шест сезони во нашиот тим, тој е голем шампион и голем човек“…

Read More

Оливер Бироф кој своевремено беше дел од Милан а сега е директор на германската фудбалска репрезентација, вели дека би било интересно да се види како Ралф Рангник и Златан Ибрахимовиќ ќе работат заедно на „Сан Сиро“. „На Рангник му се допаѓа играта на младите. Агресивна и брза. Ибра има неверојатни квалитети. Физички, може да продолжи, но, психички е под прашалник. Ако пристигне Ранкник, тој има одредени правила што мора да се слeдат“ – вели Бироф. „Ако некој не ги почитува, тогаш е надвор од списокот. Ќе биде интересно да се види дали тие два лика може да функционираат заедно“ –  изјави…

Read More

Фудбалерите на Милан утре ги очекува големото дерби со Лацио во Серија „А“. Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, верува дека неговите избраници може да одиграат добар натпревар против еден од конкурентите за титулата. „Ајде да се обидеме да ја контролираме играта и да постигнеме повеќе голови. Сега доаѓаат потешките натпревари и затоа треба да бидеме порешителни. Симон Кјаер? Тој е играч кој  одлично се надополнува со Алесио Ромањоли„ вели Пиоли и одговори на прашањето зошто беа загубени повеќе бодови во дуелите со послабите екипи. „Можеме да зборуваме за лесни натпревари, но, вистина е дека во Италија нема такви. Мора да…

Read More

Каталонскиот весник –„Спорт“ објави дека Ливерпул и Баерн Минхен најверојатно ќе најдат заеднички јазик за трансфер на Тијаго Алкантара во редовите на англискиот шампион. Според наведеното, „црвените“ и фудбалерот ги договориле сите детали што значи дека се чека само сумата за обештетувањето што ќе ја побара германскиот состав. Алкантара имаше понуда да го продолжи договорот кој му е валиден до наредниот јуни, но, Бразилецот со шпански пасош  реши по седум сезони да си замине од „Алијанц Арена“.

Read More

Австрискиот фудбалски репрезентативец, Давид Алаба, сака да игра под диригентската палка на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити  иако „граѓаните“ во наредните две сезони нема да можат да играат во Европа поради казната од УЕФА. Откако челниците на Баерн Минхен објавиле дека дефанзивецот ќе биде ставен на трансфер листата, неколку елитни екипи од типот на Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Ливерпул, најавиле дека се заинтересирани да го обезбедат неговиот потпис. Медиумите, пак, се повикуваат на изјавите на Гвардиола кој неколку пати има кажано дека Алаба е еден од најдобрите дефанзивци со кои соработувал.

Read More

Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени двојките за бараж натпреварите за пополнување на Втората македонската фудбалска лига – Запад. На 7. јули на Градскиот стадион во Тетово, воведниот натпревар ќе го одиграат екипите на Чаклани и Фортуна. Три дена подоцна на истата локација  ќе се соочат екипите на Чаклани и Велешта додека на 13. јули е предвиден дуелот Велешта и Фортуна под услов да има натпреварувачко значење. На 10. јули на Градскиот стадион во Штип, бараж натпреварот за пополнување на Втората македонска фудбалска лига – Исток ќе го одиграат екипите на Росоман и Слога Виница. Сите натпревари ќе започнат во 17…

Read More

Тенисерот  Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга, Јелена, биле негативни на вчерашниот тест за „ковид-19“, објавија медиумите во соседна Србија. Лидерот на АТП листата и неговата животна сопатничка мораа да поминат одреден период во изолација откако првично беа позитивни на корона-вирусот по сите збиднувања поврзани со турнирот – „Адриа Тур“ што го организираше токму Ѓоковиќ. Во меѓу време популарниот Новак донираше околу 43.000 евра во борбата со корона-вирусот во Нови Пазар кое е едно од главните жаришта во Србија

Read More

Хрватскиот ракометар,  Ловро Јотиќ,  е најновото име на платниот список на Вардар. Тој во претходната сезона играше за битолскиот  Еурофарм Пелистер под диригентската палка на Стевче Алушовски а сега двајцата ќе соработуваат  и во „црвено-црниот “ состав. Јотиќ  иако беше и на радарот на Металург, сепак се определи да заминe во редовите на двократниот европски шампион. Вардар во текот на летово успеа да ги ангажира. Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски, Вујин, Векиќ, Валчак и Гаџа.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, по вчерашното реми (2:2) на теренот на претпоследниот СПАЛ  во натпреварот од 29-то коло од Серија А, вели дека не е задоволен од прикажаното. „Тоа е чекор назад бидејќи сакавме да го продолжиме нашиот победнички поход. Натпреварот започна лошо за нас а откако СПАЛ остана со човек помалку, не успеавме да се наметнеме и не ја пронајдовме посакуваната игра“  – искоментира Пиоли. „Се надевам дека до крајот на сезоната ќе успееме да ги оствариме нашите цели. Јас работам со многу страст и професионализам,  ќе видиме што се случува, но, сега е значајно да…

Read More