Author: dino

Тренерот од Германија, Јирген Клоп, кој успеа по цели 30 години да му ја донесе титулата на Ливерпул во Премиер-лигата, вели дека неговите фудбалери во наредната сезона ќе имаат жестоки битки за одбрана на пехарот. „Мислам дека Сити, Челзи и Јунајтед ќе бидат многу силни додека Тотенхем и Арсенал имаат голем потенцијал. Ќе биде крајно интересна трка за првото место“ – вели Клоп. „Ние нема да ја браниме титулата туку ќе ја нападнеме. Тоа е нашата филозофија на игра, секогаш да одиме на победа“ – потенцираше искусниот стартег на кормилото на „црвените“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, тврди дека нема потреба од поголеми засилувања и дека постоечкиот ростер може да биде конкурентен за титулата во Премиер-лигата. „Претседателот се согласува со моите размислувања. Не ни требаат многу нови играчи. Со или без Ковид-19, со или без учество во ЛШ, дефинитивно ќе можеме да ќе го подобриме нашиот состав“ – вели Португалецот кој патем потврди, дека се преговара за продолжување на договорот со  Ерик Даер. „Се надевам дека ќе најде заеднички јазик со раководството. Ерик ми кажа дека е среќен во клубот“ – изјави „специјалниот“.

Read More

Шарунас Јасикевичиус е првиот кандидат за наследник на Светислав Пешиќ на кормилото на кошаркарскиот состав Барселона откако шпанскиот гигант одлучи да ја прекине соработката со српскиот стратег. Јасикевичиус кој е тренер на Жалгирис, може да добие понуда да се пресели и во Турција во редовите на Фенербахче бидејќи тимот се раздели со Жељко Обрадовиќ. Во секој случај, Литванецот ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Барселона се чини ќе му биде многу подобрата варијанта бидејќи таму беше активен и како играч кога успеа да ја освои и Евро-лигата.

Read More

Жозеп Бартоме, првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, потенцирал дека не е задоволен од играта на францускиот интренационалец, Антоан Гризман, кој во меѓувреме имаше и конфликт со првата ѕвезда на тимот, Лео Меси. Според наведеното во весникот – „АС“, шефот на каталонскиот клуб е разочаран од односот и пред се од вложувањето на теренот од страна на напаѓачот и затоа ќе ја разгледа опцијата да го продаде. Гризман кој во претходното лето беше купен од Атлетико  Мадрид досега одигра 43 мечеви во сите конкуренции со ефект од 14 голови и 4 асистенции.

Read More

Откако беа формирани групите за наредната сезона во Лигата на шампионите во ракомет за мажи, Вардар го дозна и распоредот на натпреварите кои ќе започнат во почетокот на септември. Еве го комплетниот распоред за нашиот тим. 1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар 2 коло, 23/24.09.2020, Вардар – Елверум 3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар 4 коло, 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург 5 коло, 21/22.10.2020, ПСЖ – Вардар 6 коло, 28/29.10.2020, Вардар – Порто 7 коло, 18/19.11.2020, Вардар – Келце 8 коло, 25/26.10.2020, Келце – Вардар 9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар 10 коло, 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ 11 коло, 10/11.02.2021,…

Read More

Врадарци денеска ги дознаа притивниците за наредната сезоа во ЛШ. Тоа се ПСЖ, Порто, Киелце, Пик сегед, Мешков Брест, Фленсбург и Елверум. Тренерот на нашиот тим Стевче Алушовски, во изјавата за сајтот на „црвено-црните“ вели дека не се плаши од никого. „ Добивме исклучитечно тешка група во која нема лесен противал. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го остварим етоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту…

Read More

Ракометарите на Вардар во наредната сезона во Лигата на шампионите ќе стартуваат во групата „А“  заедно со францускиот ПСЖ предводен од Раул, потоа португалскиот Порто на нашиот Митревски, Киелце од Полска, Пик Сегед (Унгарија) Мешков Брест (Белорусија), германскиот Фленсбург и Елверум од Норвешка. Во групата „Б“ ќе бидат активни: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Кил (Германија), Алборг (Данска) Нант од Франција на нашиот Лазаров,  Мотор Запорожје (Украина), Целје (Словенија) и Загреб Хрватска. Според пропозициите, по 14  кола,  двата најдобри тима од секоја група ќе продолжат  во четврт-финалето додека екипите од трето до шест место ќе играат во осмина-финалето.

Read More

Арсенал нема да му го продолжи престојот на младиот фудбалски талент, Вилијам Салиба во Сент-Етјен што значи дека тој ќе мора се врати во Англија. Причина за тоа е финансискиот дел кој Французите не сакаат да го исполнат. Интересно е тоа што Салиба во 2019 година токму од Сен-Етјен  замина во Арсенал со трансфер од 27 милиони фунти, но, веднаш беше вратен кај „зелените“ како позајмен фудбалер. Бидејќи Сент-Етјен на 24 јули го чека финалето на Купот против ПСЖ, тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјавил, дека без проблем ќе му дозволи на младиот фудбалер да го одигра мечот и дури…

Read More

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, очекува „црвените“ да го задржат квалитетот и во наредните години и повторно да освојуваат трофеи. Неговиот состав по цели 30 години пауза конечно дојде до шампионскиот пехар во Премиер-лигата. Покрај тоа во последните 13 месеци, беа освоени и трофеите во Лигата на шампионите, Европскиот Супер куп и Светскиот клупски шампионат. Хендерсон во интервју за британските медиуми, изјави, дека филозофијата на Ливерпул е да оди на победа на секој натпревар и тоа нема да се промени. „Ние и навивачите сакаме да продолжиме на истиот начин. Сега ќе биде тешко да го задржиме интензитетот и конзистентноста во…

Read More

Младиот стружанец, Емилијан Ѓорговски,  кој е еден од најнадежните млади ракометари во Македонија, во наредните години ќе биде дел од најмладиот клуб во земјава – Голден Арт КЛ7. Кадетскиот репрезентативец  од 2016 е во КЛ7 Струга. Таму ги помина сите селекции од пионерската, преку кадетската до младинска што претставува одличен пример за ракометниот развој на децата под капата на големото семејство КЛ7 кое  работи под мотото – „Ракомет за секое дете”. Ѓорговски годинава ќе дебитира во Супер лигата бранејќи ги боите на Голден Арт КЛ7 а по потреба ќе може да се појави и во пониските конкуренции.

Read More