Author: dino

Оле Гунар Солскјер планира да продаде неколку фудбалери за да може да го купи напаѓачот на Борудија Дортмунд, Џејдон Санчо. Откако Манчестер Јунајтед се соочи со големи финансиски загуби поради пандемијата со Ковид-19, Норвежанецот нема друг избор и ќе мора да се ослободи од неколку играчи кои имаат високи примања. Според потенцираното, на излезната врата од – „Олд Трафорд“ се Џеси Лингард и Алексис Санчез а друштво може да им прават и Фил Џонс и Крис Смолинг.

Read More

Фудбалерот, Ашраф Хаким, деновиве ќе го напушти тимот на Реал Мадрид и ќе потпише за италијанскиот Интер, објавија денеска дел од медиумите на Апенините. Според наведеното, десниот бек ќе потпише соработка за 5 години и ќе заработува по 5,5 милиони евра по сезона. „Нероаѕурите“ ќе им платат на „кралевите“ 40 милиони евра плус 5. во форма на бонуси. 22-годишниот Мароканец  сезоната ја помина како позајмен во Борусија Дортмунд.  За „милионерите“ одигра 40 меча со фект од 9 голови и 10 асистенции.

Read More

Бидејќи голгетерот на Наполи, Аркадиуш Милик ќе си замине од италијанскиот состав во текот на летово, челниците на тимот ќе се обидат да му пронајдат соодветна замена. Медиумите од „Чизмата“ обајвија дека трансферна цел на калчо-лигашот е голгетерот на Лил, Виктор Осимен. 21-годишниот Нигериец имаше фантастична сезона во Франција  со 38 мечеви, 18 голови и 6 асистенции. За црномурестиот фудбалски напаѓач се заинтересирани и екипите на Челзи и на Манчестер Јунајтед.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упорно одбива да го продолжи договорот кој му е валиден до летото во 2021 година. Англиските медиуми откриваат дека за тоа има  две причини: првата е дека Пеп навистина не сака да продолжи со Сити а втората дека чека да види што ќе се случува со казната на „граѓаните“ кои две години немаат право да играат во европските купови. Иако челниците на тимот сакаат да го задржат со далеку побогат финански договор, шпанскиот тренер не сака да брза и да потпише нова соработка.

Read More

Тројца фудбалери ќе го напуштат Вест Хем на крајот на сезоната откако одбиле да потпишат нови договори, објави денеска англискиот елитен состав. Тоа се 19-годишниот дефанзивец, Џереми Нгакија, аргентинскиот дефанзивец Пабло Забалета и колумбискиот репрезентативец, Карлос Санчез. 35-годишниот Забалета има 80 натпревари за лондончани откако пред три години дојде од Манчестер Сити. 34-годишниот Санчез одигра само 18 натпревари во две сезони додека младиот Нгакија неодамна дебитираше во првиот тим. Тројцата фудбалери имаат тековни договори до 30 јуни.

Read More

Мохамед Салах кој вчера погоди во мрежата на Кристал Палас а неговиот тим Ливерпул забележа сигурна победа од 4-0, вели дека дојде време „црвените“ да се радуваат на шампионската титула во Премиер лигата. „Постојано зборувам дека сакам да ја освојам титулата. Дојде време нашите навивачи конечно да се израдуваат. За тоа ни треба само уште два бода“ – вели Салах. Екипата од „Енфилд Роуд“ чека цели 30-ет години за да го обезбеди шампионскиот пехар во најсилната фудбалска конкуренција на Англија.

Read More

Уругвајскиот фудбалски напаѓач, Едисон Кавани, откако го одработи договорот со ПСЖ, може да добие понуда да го облече дресот на Барселона. Според дел од медиумите, Каталонците сакаат да го купат играчот на Интер, Лаутарио Мартинез, но, доколку трансферот не се реализира, тогаш како резервна варијанта ќе се разгледува евентуален  ангажман на Кавани. Корпулентниот голгетер ќе остане запаметен како кајдобар стрелец во историјата на ПСЖ откако успеа да постигне 200 голови на 300 одиграни натпревари.

Read More

28-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез, се осврна на критиките дека не се однесува професионално и дека може да го напушти тимот од Шпанија. Колумбиецот во последното интервју, нагласи, дека работи крајно ангажирано. „Слушам многу лаги за мојот однос кон клубот и фудбалот. Јас сум професионалец и така се однесувам. Тренирам и се обидувам да напредувам“ – вели Родригез. „Не ми е пријатно кога ги слушам критиките. Многу од кажаните работи за мене не се вистина. Тоа го знаат  моите најблиски. Многу ме зачудува тоа што некој се соменева во мојот професионализам“ – вели напаѓачот на Реал Мадрид.

Read More

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, планира да го ангажира играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба, кој ја одработува претпоследната сезона во дресот на баварскиот клуб. Австриецот има договор до 2021 година, но, нема никаква најава дека ќе му биде понудена нова соработка што само по себе остава простор дека ќе биде ставен на трансфер листата во текот на летово. Германските медиуми, тврдат, дека 27-годишниот фудбалер влегува на радарот на Реал Мадрид и Барселона, но, дека Јуве ги направил првите контакти со неговиот агент. Згора на тоа и тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, не крие дека му се допаѓа стилот на…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, свесен дека има мали шанси да го купи дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, сега се насочува кон 19-годишниот фудбалер на Монако, Бенои Банџијаши. Бидејќи младиот играч е стандарден во првата постава во екипата од Кнежевството и во континуитет прикажува блескави партии, не изнеандува што веднаш го привлече вниманието на фудбалските гиганти. Банџијаши кој во последната сезона во Лига 1 имаше 16 настапи за Монако, претходно ги помина и сите возрасни категории во селекцијата на Франција. Неговата трансферна вредност се движи околу 15 милиони евра.

Read More